Повторно уште два силни земјотреси околу 7 рихтер Кокимбо Чиле

црвен триаголник и напишано земј извичник тресПовторно силни земјотреси кои се предвидуваа! Како што се очекуваше неделава силно „проработе“ небесната статика ,а како рефлексија имаме 4 силни земјотреси во чилеанскиот крајбрежен град Кокимбо за само неколку дена разлика.Геолошкиот институт за сеизмика и геолошки истражувања УСГС од САД на својата страна ги објави магнитудите и силата на двата нови земјотреси околу 6.9 рихтерови степени.Ова раздвижување на земјиното тло,а како спрег на сложени фактори на 5-те елементо на природата се предвидуваа пред еден месец и се покажаа временски како точно предвидување.Треба да се нагласи дека за ова предвидување не беше дадена локацијата туку само магнитудата и времето.Во моите објави досега се предвидувани неколку земјотреси со точно време,место и магнитуда ,па ова предвидување иако спаѓа во ретките предвидување се третира со помала важност.

Повеќепати е повторувано уште од 90-те години ,дека целата природа на субатомско ниво е осцилаторен систем кој кога ќе се наруши ја менува осцилацијата во друг правец,сила,интензитет,електро активност итн.

Ова е главниот постулат на ведската астрологија дека материјалниот свет е осцилација на субатомско ниво ,а оваа осцилација е поврзана и цело време „резултира“ макро,микро,аксијални,радијални,торзиони итн сили, кои доведуваат до промена на „разновидните материјални системи“ кои коабитираат меѓусебно ,но и понекојпат заради силата на планетарната статика и се разделуваат.Сеизмологијата како наука може да напредува кога овие најфини осцилаторни микро системи кои активно делуваат во земјината кора соодветно ќе ги третира преку формулите на 5 -те елементи.Тоа не се само 5 те формули за предвидување на земјотрес ,туку експоненцијални 5 фактори кои некојпат зафршуваат со стотици или илјадници формули доколку се третира приближно денот на земјотрес,а доколку се сака да се лоцира и сатот на настанот ,овие 5 фактори се зголемуваат на 8 основни,кои понатаму „фрактално се размножуваат“ во микро полигони на сили ,а се во зависност од силата на предвидуваниот земјотрес.Тоа се милиони формули за пресметка за само еден земјотрес,но ведската астрологија ги третира најважните во дадениден период на планетата Земја за анализа,преку системот на „дискриминација“ по важност на микро и макро план  ,а со поголем акцент на статиката на небото(небесна статика) и земјата(геолошка условеност).

објава текст во слика доказ за силен земјотрес во Кокимбо Чиле