Поплавите на Балканот 2017 предвидувани пред година

Предвидени поплави и силно невреме пред една година .

Ова е линкот објавен пред еден месец каде се предвидуваа двата силни земјотреси во Мексико,а подоле се и предвидувањата за поплави и предвидуваните денови.Во првиот предвиден ден имаше страшно невреме со грмотевици и човечки загуби во Европа ,падна астероид во Полска и нагло паднаа температурите -снег на Балканот и почна силно невреме и сериозните поплави, кои се вест на денот за Балканот. Останатите денови само потврдија за неповолноста на Сатурновото влегување ,но и излегување на т.н. Ганданта точката.Тоа е воедно и опасниот период за светот кој е објавен уште лани,а посебно за САД и председателот Допалд Трамп.За ова во некој друг напис.

доказ предвидување објавено е неколку пати пред скоро една година 

поплава во бургас Бугарија надојдена вода и поплавени куќи

 

Поплавите како дел од мунданата астрологија , ги објавија медиумите во Македонија и светот.

Јас ова јавно го објавив ,а само како потврда на дадените предвидувања е подоле цитираниот јавно објавен текст за месец октомври 2017 : „октомври-ноември поплави или големо невреме„ и дополнето со денови „7,13 и посебно после 19 октомври 2017“ Ова предвидување беше објавено пред скоро една година. ...а како потврда на ова предвидување, имаме ударни извори на вести на скоро на Балканот ,

.каде пошироката регија е зафатена односно се јавуваше за големо невреме со грмотевици и поплави во Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија ,Бугарија.

Најсериозни поплави со материјални штети се регистрирани во северо- западот на Хрватска ,пред се регионот околу Ријека 

натпис Haos u Rijeci Obilne poplave сцени од поплавата во хрватска 2017

каде се јавува дека на некои места поплавите откорнале асфалт (127 литри/24часа) За жал нашиот источен сосед република Бугарија ,покрај материјалните штети кои најмногу се изразени во околината на Бургас ,овие поплави однеле и засега непотврдено четири човечки животи. Во мојот четврт век презентација на Џотишот(ведската астрологија) ,уште во самите почетоци во 1995 се објавуваа, меѓу другите предвидувања и закана од поплави.Истите и тогаш беа коректно предвидувани за кои има доказ објавен во медиумите и новински записи.Годинава научната фела во списанието Наука , објави дека Росбиевите бранови кои се поврзани со планетните осцилации, може да се причина за поплавите на Балканот пред две години.Ова не треба посебно да се коментира,бидејќи ведската астрологија , со векови наназад во своите формули од мунданата астрологија ,пред се поврзани со невреме и поплави ги има дадено повеќето формули за пресметка.Компилацијата на Вараха Михира ,не само што ги дава кои планети како и кога делуваат за катастрофални поплави,тоа го пренесуваат и преку 27-те накшатри (ѕвезди) ,а детално се опишани различните видови на облаци по боја облик и големина и предвидувања поврзани со нив.

Зашто се важни поплавите да се предвидуваат!

Одговорот е едноставен!

Заради наталната карта!

Доколку астрологот знае , дека се очекува невреме и во кој правец,тој го советува клиентот да внимава во периодот што следува. Тој го советува да одбере друг период за одмор и друго летувалиште,зимувалиште или туристичка дестинација.На тој начин превентивно се одбегнува лош и понекојпат по живот опасен одмор.патување,веселба итн.Посебно денес каде тероризмот , „сее “ страв и немир кај луѓето.

Еве една екслузивна вест која првпат ја споделувам ,а поврзана е со минатогодишните поплави, кои донесоа многу болка и материјална штета за жителите на скопско Стајковци.Едно семејство од Стајковци неколку месеци пред настаните,порача натална карта ,а јас во анализата повеќе пати потенцирав,да внимаваат во јули -август во периодот што следи.Ги дадов и деновите!Кај нив се гледаше дека ќе преживеат голема несреќа! Беа дадени и превентивни совети како да се подобри просторот во кој живеат,со промени и со поставување на Јантра.На тој начин се засилува интуицијата на членовите од семејството.Овој совет може да го даде ведски астролог, кој познава Ваасту Шастра ,која е сложен систем на архитектонски правила,пропорции и мерки како и физички закономерности поврзани со светлината и магнетизмот.Јас работам Васту преку 20 години и е составен дел од советите во секоја натална карта која ја подготвувам по нарачка.

Кога просторот е советуван од ведски Васту архитект ,се зголемува природната „вибрација“ во домот,па на тој начин се зголемува и заштитничката интуиција, на сите кои живеат во тој дом.На тој начин семејството напредува.Сите ние, имаме природна интуиција,која за жал се повеќе се губи заради лошите проектирани градби кои делуваат негативно на здравјето на луѓето и живите битија.Секако и заради лошиот избор на боја,облик и правец за дневна,спална,кујна итн.

Сите знаеме што се случи со поплавите во Стајковци,а за среќа ова семејство, освен ситна материјална штета не претрпе поголема душевна болка. Затоа астролог кој не објавувал предвидувања,за поплави,земјотреси,авио железнички или патни несреќи и останати природни и вештачки од човекот непогоди ,не може да даде добар и корисен совет во наталната карта. Затоа јас на шега велам...За време на поплава,пожар или земјотрес само еден астролог има точни дневни хороскопи.Само оној кој го предвидел настанот на мундан план,бидејќи останатите пишувале во дневните хороскопи дека ќе добиете на нова работа, или ве чека голема љубов ,добар период за свадби и прослави итн.