Изјавата на Викорија Нуланд за кризата во Украина

Изјавата на Викторија Нуланд  "F* * k  Europe" која се појави како видео и аудио запис на youtube порталот, а ја пренесоа медиумите ширум светот,малкумина ја поврзаа со кризата во Украина.Само неколку дена потоа кризата во Украина ескалира и го изненади сиот свет со насилието по улиците на Киев.Секако треба да се анализира дали Ваквата изјава е договор на двете супер сили ,како да владеат со светот играјќи ја улогата „Полицајци во студена војна“.Ваквата изјава можеби е дел од дипломатскиот речник(иако не би требало да биде).Истата треба темелно да се анализира и правовремено да се реагира ,за да ги корегира зацртаните економско-политички планови.Можно губење на одреден процент на Европски односно Руски пазар е луксуз кој не може да си го дозволат малите економии ,како нашата.Зачудува што ваквата изјава на Нуланд , „мирно“ ја примија повеќето  европските политичари. Како да не беа засегнати! Германија која директно е засегната од договорот со Руската Федерација(Рускиот плин),реагираше на ниво на влада и побара извинување од Викторија Нуланд. Откако „штетата“ се направи,следеше и извинување на високиот дипломат од САД-Викторија Нуланд.