Помин на Меркур преку Сонцето редок феномен

Денес од утринските часови Меркур поминува преку сонцето-редок феномен

 
Во минатото транзитот на Венера преку Сонцето била искористена да се даде пресметка на големината на нашата ѕвезда ,како и колкаво е растојанието до земјата.
Назад во 17 и 18 век, следење на транзитот на Меркур  како и транзитот на Венера ,допринел да се изврши прецизно мерење на растојанието помеѓу Земјата и Сонцето, а исто така и во утврдувањето на големината на Сонцето(пречник).Познатиот германски астроном Јоханес Кеплер го предвидел Транзитот на Меркур, дека тоа ќе се одржи на 7 ноември 1631.
 
Транзитот на Меркур во 2006-та година беше искористен од група собрани научници(Бразил, Калифорнија и Хаваи) ,за да се подобри прецизноста на димензиите на Сонцето. Овој тим утврди дека дијаметарот на Сонцето е 1 392 684,455 км или(865374 милји).Бидејќи Меркур е мала планета, со дијаметар од само 4879 км(3.032 милји),денес ќе помине како многу мала дамка(1/158 дел од Сонце), дијагонално од горе кон доле врз површината на Сонцето.Следниот Меркуров транзит преку Сонцето ,треба да се случи во 2019 (извор НАСА). Ваков транзит е редок и се случува 13-14 пати на 100 години.
 
Овој астрономски ефект ќе биде видлив во целиот свет бидејќи трае 7 и пол сати,со исклучок на Индонезија,Австралија,источниот крај на Азија како и Јапан.Почеток настанува околу 7 часот и 12 минути (ЕДТ) ,а завршува околу 14 и 42 минути.По време на Република Македонија првиот контакт е околу 13:10 (погледнете табела во коментар).Се советува да припазите директно да го набљудувате сонцето, за да го видите овој редок феномен.Посебно припазете на децата , да не ги изложат очите на директната сончева светлина подолго време.За телескопите и двогледите потребен е соларен филтер.
помин на меркур преку сонцето како црна дамка со скала на сат

Comments

Меркуров транзит на Сонце гледано од Скопје Република Македонија

 

Меркур транзит преку Сонце гледано од Македонија UTC време Времето во Скопје *
Првата локација  делумно транзитот започнува 9 мај, 11:10:25 9 мај, 13:10:25
почнува геоцентричниот  делумен транзит (навлегувањето, надворешните контакт) 9 мај, 11:12:18 9 мај, 13:12:18
Првата локација за да го видите (комплетен транзит) почеток 9 мај, 11:13:37 9 мај, 13:13:37
почнува геоцентричниот целосен транзит (навлегувањето, за внатрешни работи за контакт) 9 мај, 11:15:30 9 мај, 13:15:30
Меркур е најблиску до центарот на Сонцето 9 мај, 14:57:25 9 мај, 16:57:25
Геоцентрично завршува целосен транзит (излез, за ​​внатрешни работи за контакт) 9 мај, 18:39:12 9 мај, 20:39:12
Последна локација се комплетира крајот на транзитот 9 мај, 18:41:05 9 мај, 20:41:05
Геоцентричнио завршува транзитот (излез, надворешен контакт) 9 мај, 18:42:24 9 мај, 20:42:24
Последна локација се гледа како делумен транзит(крај) 9 мај, 18:44:17 9 мај, 20:44:17
 

 

-UTC универзално време

-Првата локација за да ја видите делумно транзит започне 9 мај, 13:10:25

-Меркур е најблиску до центарот на Сонцето 9 мај, 16:57:25

-Последна локација да ја видите комплетната крајот транзит 9 мај, 20:41:05

-Последна локација за да ја видите делумна крајот на транзитот  мај, 20:44:17

меркур поминува преку сонцето како црна дамка