Марс најблизу до Земјата

Црвена планета Марс заедно со нејзините сателити Демос и фобос ќе престојува на најблиската точка до Земјата.Оваа е редок настан кој се јавува на секои 11 години.Во овој период Марс може да се види со „голо око“
марс 2016 и 2018 со минимално растојание до земјата
Денес на 30 мај Марс ќе биде околу 76 милиони км далеку од Земјата(0.503 АУ-астрономски единици).Во оваа положба треба да се задржи во наредната недела.Марс може да се види ниско НА југоисточниот дел од небото.Погледнете Југоисточно на небото по зајдисонце,а доколку сте будни на полноќ позициониран е на југ,за да во утринските часови кон југо запад.Интересно е дека се формира „небесен триаголник“ помеѓу сатурн и марс од една страна и ѕвездата Антарес(црвен супер Џин).Името на Антарес (Анти-Арес) или „анти марс“ ,кажува за неговото ривалство и натпрварувачка спротивставена природа.До крајот на август Марс ќе се движи помеѓу антарес и сатурн и оттука прогнозата за немир кај сите кои имаат кшатријска односно нагласена борбена природа полиција,војници,политичари,спортисти,металурзи,рудари,...итн
 
триаголник марс сатурн и антарес поглед југоисточно небо