Петок тринаестти или Петок 13 верувања и демистификација

ПЕТОК13
Прашање за Бројот 13 (тринаесет)
 
Добив прашање што преставува бројот 13 па еве дел од одговорот.
 
 
 
На самите мои јавни Тв почетоци во 1992-93 на прашањето што е астрологија,повеќе забавно, еден дел од мојот одговор беше поврзан со бројот 13.Истакнував дека зборот АС=1 и зборот ТРО=3 и Логос или заедно АС1+ТРО3+ЛОГОС =АСТРОЛОГИЈА наука за 13-ката.
 
Во мојата секојдневна пракса и теорија (употребувам Ведската Астрологија или Џотиш) бројките се дел од науката за светлоста божја или Џотиш.На пример бројките 3,6 9 се променливите знаци Близнаци(3),Девица(6) и Стрелец(9).Или бројката 18 е изведена 0д бројот 9,бидејќи 18 разложено е 1+8=9
Оттука бројот 18 е дел од тријадата на накшатрите(среќните ѕвезди) 9,18 и 27 подразбира Аслеша,Џешта и Ревати. Па бројката 18(владин нов проект) е поврано со Џешта накшатра и има своја симболика ...но и за ова треба посебен пост.
 
Но пред тоа....
 
13 -ката се појавува во разни циклуси на времето и старите народи (иран,персија) и доделувале кобно и лошо влијание, па 13 ден се смета дека негативната енергија преку планетите,односно сонцето и месечината е максимална и затоа треба соодветно да се „потроши“ ,односно да не се превземаат  важни активности на семејно ,здравствено или деловно поле.
Овој 13 ден од новата иранска година се вика Сизда и преку пренесената традиција ,луѓето излегуваат од населените места и кампуваат во природа,одат во селата и на тој начин оваа неповолност ја намалуваат односно надминуваат. Посебно оваа традиција и денес се практикува во цел Иран.
 
 
Во ведскиот календар 13 лунарен ден се вика Трајодаши(Thrayodasi-темна половина ,Thrayodashi светла половина ) ,а се поврзува со сензуални искуства и задоволства (Кама,Купидон,Амор,Ерос) ,со забави прослави и стекнување на нови пријателства.
Но 14 ден наречен Чатурдаси е управуван од Кали и е поврзан со земање на лекови,отрови , а некаде и повикување на „духови“.Но за ова треба посебен пост ,земајќи на лековерноста на луѓето, кога ќе се спомне нешто натприродно.Било која „натприродна појава“ е неоткриен научен закон!Барем за официјалната наука.Ведската астрологија целата природа ја третира во  единство,во нејзиниот видлив односно невидлив дел. Всушност воведниот дел во Хора Шастра ,каде мудрецот Парашара му ја пренесува лекцијата за квалитетот на времето на Маитреја,за добробит на сите учени луѓе!
 
Оттука ,13 има неповолен предзнак заради следниот ден кој е управуван со отрови и хемикалии.Еве на пример 13 април кон 14 април 2018( оваа година) НАТО алијансата ,случајно или Не , го одбира овој ден за напади во Сирија, а медиите ја наведуваат причината да се уништат хемиските бојни отрови и постројки, преку кои се загрозува животот на цивилите во Сирија и пошироко.Аналогијата на отрови и Чатурдаси е недвосмислена.
 
 
13 кон 14 ден од младата месечина е на половина од месечевата лунарна фаза ,а тоа е полната месечина ,а искуството само потврдува дека полната месечина посебно влијае на луѓето ,а во зависност од наталната карта позитивно односно негативно.Па и оттука 13 ката има лош предзнак.Но ова не е правило!
 
Луѓето сакајќи да остават впечаток и мистичност „долеваат масло на огнот“ и извикано ја поврзуваат со лош предзнак што е погрешно.
Но ,кога некоја теорија или слепо непроверено верување ,долго време се повторува ,можно е да „влезе“ и во ДНК -та кај определени религиозни групи, па стравот да е присутен без рационално објаснување. Намерно е употребен терминот некои религиозни групи ,бидејќи науката „слатко“ се смее на Ваквите верувања.
 
Бројката 13 се поврзува и со:
 
-12 апостоли + 1апостол јуда =13 апостоли (предавникот е 13-ти),оттука и малерозна и несреќна
13 аркана во тарот е смртта -секако дека треба да се погледне позитивниот односно негативниот и неутралниот аспект,односно дека смртта -умирањето е и нов почеток,нов  живот ,трансформација, трансмутација ,успех кога се напуштаат старите вредности или се надградат итн. 
-петок 13 е поврзан со голготата и почеток на измачувањето на редот на темпларите во 1307
-една соларна година има 13 лунации(лунарни циклуси) по 28 дена = 364 дена
-13 ка пак во некои делови од Италија е среќен број
-5 пати по 13 = 65 што осцилира со четвртинките на меркуровите вибрации,посебно со 3/4 .Оттука нагласен е ефектот на трансформација на старата вредност,идеја,релација  во нов почеток
13 година е новиот почеток,а да се почне нешто треба да се уништи старо или да се трансформира,изгуби,потроши,изгние итн.Оттука 13,26,39,52 година е година на нови почетоци, но и на потешкотии доколку не се завршат претходните обврски во стариот циклус на 12,24,36 година итн.Но овој циклус на години ,директно е поврзан со поставеноста на јупитер,сатурн,марс,раху... 
13 карта во Тарот -карта на Смртта ,но истовремено тоа е  трансформација за да никне ново ,губење напуштање на стари работи и нов почеток ,така не се мисли само на физичка смрт ,туку и на безброј состојби на трансмутација спиритуална,материјална, духовна ,енергетска, електрична итн. 
 
Претпоставката дека светлоста влијае на субатомско ниво преку, електростатика, електродинамика, електрохемија итн., а бидејќи по секој нареден лунарен ден светлоста експонцијално се зголемува до максимумот односно се намалува до минимум е астро постулат ,од кој произлегуваат серија на астролошки закони за севкупната природа.Оттука 13-тиот светлосен (соларна директна дневна светлина) ,односно 13 тиот лунарен(месечева одбиена ноќна светлина) има посебно влијание.
 
Зошто петок 13?
13 -ката е делумно објаснета ,но зошто ден да е петок?!
кус одговор: Венера е поврзана со сексуалност а нејзин ден е петок. Оттука и бројот 13 и петок се поврзани со сексуалноста ,а бидејќи истата е поврзана и со можна бременост ,за некого е среќен односно малерозен ден. Сексуалноста доведува и до напнатост меѓу луѓето , ривалство , а често кавга, физичко или психичко насилство и сл.Треба ли да се спомне дека после уживањето кое го донесува Петокот (Венера), во саботата (Сатурнов ден, Шанивар) настанува отрезнувањето.
Венера е поврзана со бројот 5 и 72 зодијачки степени ,па Петок 13 може лесно да се употреби и за „крипто“ информации на окултни групи од минатото па и денес како „јавна бесплатна влезница“ за посветените, за одреден временски настан од затворен карактер.Но, за тоа во друг напис.
Ведската астрологија за секој ден има планетарно владеење, а со петок владее Шукра или Венера.Веќе беше спомнато за сексуалната поврзаност на бројката 13 , а Венера ја комплетира оваа слика ,бидејќи во астрологијата таа е поврзана со љубовните релации сексуалноста,плодноста и губитокот на плодноста.
 
Единствено Венера од седумте грахи, ротира во обратна насока , со минимална наваленост на оската на ротација од 2.7 степени.
Половите на Венера се обратно поставени во однос на Земјата северниот е јужен ,а јужниот северен(можна колизија на материјалот) ,па аксијалниот наклон од 177.3 степени треба да се одземе од 180 степени .Како споредба Земјата е со понавалена оска на ротација, инклинира на 23.5 степени.
Треба да се спомне дека насловот Петок 13 , само во сидералниот, астрономски концепт на пресметка на планетните движења  треба да се прифати.Доколку не се користи лунарен календар(Трајодаши тити) ,заедно со соларен календар Шукравар(Петок) ,денот Петок 13 нема посебно влијание и на теоретско ниво ,случка или настан позитивен или негативен , нема закономерна поврзаност со планетите, туку е случајна коинциденција.