Подсетување на кандидатите Иванов и Пендаровски

глигоров мала слика црно белаВовед во председателски избори 2019 и потсетување на хороскопските кандидати во 2014 .Доколку има интерес ќе се направи астролошка анализа за овој важен политички настан. Еве после 5 години може да се забележи „овновската“ природа на актуелниот председател Ѓорѓе Иванов сонце во Овен кој е во конфликтна енергија со неговата емотивна и заштитничка природа на Рак.Неговиот тогашен против кандидат Стево Пендаровски е со нагласено емотивна природа(Риби и Рак) ,прилагодлива-адаптибилна и тимска. Доколку се спореди по западна астрологија Пендаровски треба да биде Лав-Овен , додека Иванов Бик - Рак ,но нивното однесување на „терен“ говори дека Пендаровски има помалку црта на воинствениот Лав-Овен ,додека Иванов ја нема „карактерната црта“ на избалансиран и мирен Бик-Рак.

слика на хороскоп овен рак риби и стрелец и години 2003 ,2009, 2014 ,2019

Напротив! Кај него видливо е присуството на месечината во Овен упорност, тврдоглавост и непопустливост, па оттука ведската астрологија на реален начин ги согледува карактерните црти на двата знаци! Иванов својот знак Овен кој е прв хороскопски знак,го потврдува и како прв председател на РМ со два председателски мандата. Киро Глигоров е исто така Овен по ведска астрологија(не е Бик) ,и како прв знак ,тој беше и првиот председател на Република Македонија. Јас астролошки за неговиот атентат, прв говорев и го предвидов скоро година предходно ,а детално се опиша настанот. Само како споредба Глигоров имаше стелиум на планети во Овен или Меша ,а од кој планетата Марс допринесе за неговата повреда и хирушки интервенции на главата владател-Овен. По западна астрологија Киро Глигоров е Бик (грло и врат) ,што доколку се анализира неговиот живот , веднаш се гледа , дека нешто не се совпаѓа хороскопски-карактерно. Јасно се разграничува дали тој бил предвесник односно пионер во областите од неговиот интерес или секундарен што е најчеста особина на Бикот. Малку да се провери неговата биографија ,јасни се пионерските пробоји од младоста ,па се до 90-те кога беше на чело на државата. Во западната астрологија овие знаци се Бик ,а тоа не одговара на реалноста бидејќи Бикот е секундарен-втор знак.Па и вториот председател Борис Трајковски беше Близнаци (па и имаше брат Близнак) ,а тоа ја нагласува дуалноста и двојноста ,почнувајќи од бројката 2 како втор председател ,близнаци кои се двоен хороскопски знак итн. Моето искуство повеќе од четврт век ,говори дека тропската западна астрологија не ги дава точните описи на знаците , а на тој начин и предвидувањата се погрешни.Само како поткрепа на ова мое тврдење е работа со западна астрологија до 1993-1994 ,при што покрај два типа на транзити, се користеа соларни и лунарни дирекции,експрементирање со методи на деветинки и фиксни ѕвезди ,90 степен зодијак итн. Но со првиот допир на ведската астрологија ,сите овие методи се отфрлија како некорисни интуитивни и погрешни! Во ведскиот Џотиш само незнатен и мал процент, се користи т.н. Сајана Тропски или западен зодијак.

Иванов Сонце Овен Месечина во Рак Пендаровски Сонце во Риби Месечина во Рак Поповски Сонце во Лав Месечина во Стрелец Халими Сонце во Јарец Месечина во Риби https://asvedic.com/kandidati-za-predsedatel-izbori-2014 #predsedatelski2019 #predsedatel2019 #председателски2019