Научниците: Откривме раѓање на нова месечина во прстените на Сатурн

сатурнова месечина пеги мала слика

Планетата Сатурн позната како голем хроничар(хронократор) во хороскоп повторно е актуелен.Познати се неговите месечини(сателити) кои се движат од големина на до 1.5 пати од нашата Месечина,па до објекти со пречник помали од еден километар.
 Доколку се усвои новиот Сатурнов сосед, неговата месечина Пеги(Peggy) сега на број има 63 Сатурнови месечини.
 
Поголемите се:
 
 Aegaeon , Aegir , Albiorix , Anthe , Atlas , Bebhionn , Bergelmir , Bestla , Calypso , Daphnis , Dione , Enceladus , Epimetheus , Erriapus , Farbauti , Fenrir , Fornjot , Greip , Hati , Helene , Hyperion , Hyrrokkin , Iapetus , Ijiraq , Janus , Jarnsaxa , Kari , Kiviuq , Loge , Methone , Mimas , Mundilfari , Narvi , Paaliaq , Pallene , Pan , Pandora , Phoebe , Polydeuces , Prometheus , Rhea , Siarnaq , Skadi , Skoll , Surtur , Suttung , Tarqeq , Tarvos , Telesto , Tethys , Thrym , Titan и Ymir. 
 
Ова известување е потикнато од открието објавено во списанието Икар,а како резултат на забележан доказ од вселенското летало на НАСА Казини(Cassini) .Првите мерења покажуваат големина на Пеги од половина километар.Научниците завземаат став, дека  честички од мраз кои се во рамките на прстените полека се одвојуваат и прегрупираат формирајќи нов небесен објект кој почнува да се движи по сопствена патека.Интерено е да се напомне дека нема да биде изненадување оваа „мини“ месечина на Сатурн(Пеги),да се намалува или зголемува во волумен,а во зависност од честичките на мраз кои ги „прибира“ или од губењето на нив заради сончевата изложеност во одреден дел од годината.Нема да биде изненадување да Пеги има „мал“ животен месечев век!
сатурновите прстени со месечини
Астрономите се уште не ја знаат судбината на овој небесен објект.
Прекрасниот систем прстен околу планетата Сатурн е повеќе од 90 проценти вода-мраз .Не е сосема јасна иднинанта на овој мала месечина на Сатурн. Може да дојде до судир во внатрешноста на прстените со мраз парчиња ,кои можат да и ја сменат патеката или пак да ја распарчат на ситни делови.Доколку пак излезе од моменталната позиција во прстените ,може да добие патека во близина на поголемите сатурнови месечини.
Тие велат дека ни останува да причекаме вселенското летало Казини во 2016,да направи нови снимки за да се види судбината на Сатурновата месечина Пеги(Peggy).