Разни наменски подзнаци во ведската астрологија

Удаја Лагна -моментот кога новата душа се поврзува со почетокот на нејзиниот нов живот на планетата Земја.
Најчесто за удаја лагна се подразбира терминот асцендент
 
Аруда лагна-Лагна поврзана со владателот на првата куќа за колку места се одалечил од својата позиција.Има специјални правила за пресметка и негова важност при предвидување. Аруда ,или пада Лагна како често се употребува е слика или одраз на првата куќа(глава,имиџ,лице,успех итн) , во Маја-илузорниот материјален свет.Аруда всушност е одраз или слика на верувањата на лицето ,а не неговата вистинска природа доколку другите каракатви не го покажуваат тоа.Таа е како глумец кој ја глуми улогата која јавноста му ја доделува и создава негов имиџ.Лицето може да биде „заробен или притиснат“ од Арудата „огледален“ одраз на подзнакот и целосно да го смени влијанието на хороскопот.  
 
 
Удаја Лагна Раши(знакот на источната точка во моментот на раѓање) се третира како првата куќа на
хороскопот ,а од нејзе се бројат останатите куќи втора,третта,..до дванаесетта.
 
Јанма Раси- Зодијачкиот Знак каде е позиционирана месечината на родениот.
 
Чандра лагна-степенот на првата Месечева куќа од која се одбројуваат останите куќи и полиња за разни пресметки и предвидувања.Месечината секојпат е прва куќа за оваа лагна.
Месечината е каракатва(означува) Ум ,па оттука анализата во наталната карта како лицето ментално се однесува односно делува, се анализира преку оваа лагна.Чандра лагна ја доделува плодноста на жената,како се памтат работи-меморираат и севкупната ментална променлива активност.
 
Посебни асценденти степенот на:
 
-Хора лагна-Богатство,финансии 
-Сонцето-Сурја лагна
-Карака или каракатва лагна-најистакната планета во хороскопот
-Шри Лагна-брак и успех во животот,напредување
-Инду Лагна -Богатство
-Гати-висината на славата и популарност-името на личноста
-Варнада-здружување и соработка со другите
 
за Прашна,Мухурта и Васту Шастра
 
-Диг(правец) Лагна -правец на светот,со компас или сенка на светлината и Шанку(стап со мерки)
 
Нама Лагна-се собираат броевите на името на лицето кое поставува прашање или нема податоци за  неговото раѓање.Секој слог има фрекфенција со одреден момент и одредена планета ,боја,вкус,звук,допир итн
 
-Шабда лагна-употребата на првиот слог или збор кога се поставува прашање,се  анализира како прва куќа за да се добие одговор.
 
Спарса лагна-Кога е поставено прашање првата работа од телото илипредмет,кој се допира ја одредува оваа лагна
 
Нилаканта системот на прашање-одговор  доделува за:
 
1. прашање- Удаја лагна
2. прашање- Чандра Лагна
3. прашање- Сурја Лагна
4. прашање- Гуру Лагна(Јупитер за подзнак)