Оливера Трајковска новинар

Оливера Трајковска
Оливера е родена под влијание на месечината во Терезија или по индиски Тула ,додека среќната ѕвезда на раѓање е Свати- чиј владател е Раху.Симболот  за оваа ѕвезда е млада ластегарка!
оливера трајковска дали беше предвидено напуштање на алфа тв
Свати среќната ѕвезда на Оливера 
Симбол –Млада ластегарка која ветрот го вее
Да се оди напред ,да се разлистува ,само да се удружува,континуирано да се движи во склад со сопствените убедувања и волја!Независност и слобода без разлика на мислењето на опонентите!
   Месечина    Терезија
  Сонце  Девица
  Подзнак Терезија     
 
...И вистината ќе ве ослободи...
 
Психологија
 
Да се „напушти“ себе си... ја одразува смислата на оваа накшатра,која кај Оливера го нагласува движењето како примарен елемент,да се дојде до информација,соработка успех!При тоа личната слобода е нешто „свето“,кое ја определува страната на животот и ја креира нејзината иднина.Во Џотишот е претставена како ветер(Вају),кој го прочистува оризот,а директно е поврзана со „разоткривање“  кај луѓето (тајни),а ветерот ги „вее лушпите„ да паднат пред лицето на јавноста!Интересно е дека во себе ја содржи и јуришната акција на настап ,но и суптилноста на „невиност“.
 
Негативните влијание на оваа ѕвезда се поврзуваат со „заслепеност“ да не ја согледа целината ,по онаа Хегелова мисла со дрвјата и шумата!
 
Подзнакот во индиската астрологија(Лагна) кај ,Оливера е во Тула(Терезија),а владателот на 9 е во спој со владателот на 10 поле на кариерата и ја истакнува карма дарма адипати јога во самиот подзнак.Ова е показател за јавна кариера ,а бидејќи во близина е Будха(Меркур) јасно е зашто информацијата станува –„алатка“ со која се заработува во животот!Нагласена е кармичката оска со јужниот месечев јазел ,кој покажува директна кармичка условеност со мајка,посебно на релации сопствено его – мајчино его!Ова понекогаш дава проблеми со нејзе во смисла на чувствување вина за неисполнети мајчини амбиции!Како и да е, не може да се напредува на емотивен и спиритуален план,се до оној момент на радикално напуштање на родното „огниште„ и на „пеглање“-прифаќање со љубов на мајчината „несовршеност„.Доколку астролошки  родителот не „кочи“ во развој,тоа е само за да ги „припреми“ нашите потенцијали ,за покасно во животот!Притоа,се до оној момент кога се одалечуваме од мајка си ,а ја прифаќаме со љубов и разбирање,а не се обидеме да ја промени нејзината свесност и „незнаење“!Ова посебно е тема кај Оливера бидејќи од 2000 година месец фебруари е присатен вториот кармички тест и релациите мајка,нејзин партнер ,нејзини емоции биле доведени до точка на „вриење“-отфрлање.
Во кармичките состојби лекцијата е при самиот крај и истата се полага(личност е прифатена со сите разлики) или 
Се чека да созрее во третиот кармички тест кој е детерминиран и ја покажува следната наша дестинација после ова грубо материјално привремено тело!
 
2005 октомври ноември ќе биде показател дали лекцијата е научена на емотивен план ,бидејќи постои можност за повторување на слични грешки во проценка на луѓето со кои соработува,додека на емотивен план можен е кармички раскин!Тоа подразбира да добро започната соработка  може да биде доведена во неизвесност и раскината!Но.... и продолжеток на нејзината работа со друга медиумска куќа.
Кога кармичките јазли се поставени со месечината,тоа подразбира личноста да ја „пратат“ љубовни афери посебно доколку работи во полето на медиумите.Посебно веќе споменатиот октомври 2005 и април-јуни 2006 се „таблоидни“ месеци и можни се љубовни афери!Марс како владател на нејзиното поле на партнери е во своето седиште и директно насочува дека идните љубови и партнерства ќе доаѓаат преку луѓе кои се поврзани со право или новинарство, политиката,обезбедувањето или богати стопанственици!
Веќе ,следната пролет ја очекуваат нови ,ангажмани и договори,а поврзани со интервјуа на странци,па можно е нејзино присуство заради известување на некакви политички форуми или меѓународни заседавања!Можно е потоа..., да биде изненадена од написите на нејзините колеги,како во доцните часови,во хотелските соби, барала „аспирини“(или нешто сл.), кај некои угледни представници од сферата на политиката!Но,тоа е шоу бизнис...!
 
Нејзината кариера ќе биде во подем,со мали осцилации и „престројувања“ до есента 2012.Таа година е пресвртна и се советува да внимава на радикални промени и политички лобирања,а пред се во движење во сообраќај. 
 
 Доколку сте по политиката, гледајте ги нејзините емисии на 13 и 27 ноември!
 
објавено 2003 од Симеон Атанасоски магазин ИНА
AttachmentSize
ina_br.6_astrologija_simeon_atanasoski_olivera_trajkovska.doc16.04 KB