Еден од трите 7.8 по Рихтер земјотреси во 2016

доказ за предвидуван земјотресен ден 16 ноември 2016Уште еден предвиден земјотресен ден при крај на 2015.Насловите на светските портали за еден од трите најсилни земјотреси годинава:„Моќен магнитуда 7,8 земјотрес го погоди Нов Зеланд“, „Цунами во Нов Зеланд“ Силата која е предизвикана ,создаде афтершокови од 6.5 по рихтер , после ваков еден од најсилните земјотреси по магнитуда годинава.Тоа е само доказ колкава била ослободената енергија од 7.8 степени по Рихтер на околу 23 километар длабочина.

Ова е третиот земјотрес со сила од 7.8 рихтерови ,а останатите два беа во Еквадор на 16април 2016 и југо-западна Суматра на 2 март 2016. На мојот блог пред скоро една година предвидуван е денот 16ноември 2016 како силен земјотрес кој надминува 6.5 степени по рихтер.Ова е уште едно предвидување кое е во рамките на грешка дозволено ,но треба да се истакне дека е даден само ден но не и локација.Потребна е сериозна астро студија од неколку недели понекојпат и месеци за да може да се даде претпоставена локација на овој силен земјотрес.Во поширока контекст на предвидувањата за земјотреси објавена јавно во емисијата Гласот на народот,а специјално посветена на предвидувања за 2016 годинава спомната е Австралија.Пред година дена ,се посочи еден од најсилните земјотреси во 2016 со грешка ,а грешката од 2-3 дена е доволно да се спомне оваа информација.Бидејќи не е дадена приближна локација не треба да се третира како референтно предвидување ,туку само за потребите на компаративни анализи и студии за предвидување земјотрес и планетното влијание.комбинација на повеќе слики на земјотресот во Нов Зеланд 7.8 по рихтер

Но ,исто така треба да се спомне дека овие предвидувани денови за 2016 беа „експресно“- брзо сработени(неколку дена), а само за едно предвидување треба сериозно студирање од најмалку две недели до месец дена ,говори само за себе. Земјотресот беше со јачина од 7,4 по рихтер ,околу 200 км од главниот град Велингтон на Северниот Остров,но потоа се корегира на 7.8 степени.Ваква силна тектонска промена најчесто ја раздвижува морската струја и создава цунами ефект,кој повратно пристигна за околу 2 часа.Првата проценка за бран од 5 метри ,беше ревидирана на само еден метар, така да Министерството за одбрана и заштита на Нов Зеланд , издаде соопштение со поумерена закана и опасност од цунами удар.Се јавува за материјални штети,на станбени објекти , патишта и инфраструктура ,а допрва ќе се проценува материјалната штета.Повеќе училишта и канцеларии прогласија мирување на работа ,а слично останаа затворени и откажани некои сообраќаји со траекти и железница.

Снимките со дронови во близина на Kaikoura(позната туристичка дестинација) покажува лизгање на земјиштето, па не е безбедно да се движи во тој правец.Засега се водат 2 лица починати ,а едното од нив е од Kaikoura. Најголема вознемиреност кај луѓето е предизвикана околу Крајстчерч , кој во 2011 година беше погоден од силен земјотрес со смртен исход за 185 лица и со големи материјални оштетувања и скоро целосно уништен градскиот центар. Треба да се истакне дека Нов Зеланд се наоѓа во т.н "Огнен прстен" или „Ring of fire“ , познат регион на тектонска активност , каде се случуваат редовно земјотреси.Сепак магнитуда од скоро близу 8 степен спаѓа во поретките на годишно ниво.