месечен хороскоп за септември 2009

 

Симеон Атанасоски хороскоп, септември 2009
Индиска метода; најдете го Вашиот датум
 
ОВЕН(13.4 - 14.5)  Поволен период да се видите со новостекнатите пријатели и да го искористите позитивниот наплив, на почетокот и при крајот на месецов. Размислете за ситните поправки во домот, за да немате неочекувани проблеми околу 14 и 28 септември. На љубовно поле, Ви се советува да ја прифатите иницијативата на партнерот-ката за живеење заедно, т.е. планирање семејство.
 
БИК(14. 5 - 14. 6Периодов е поволен да размислите за едукација или промена во работата поврзана со лице од внатрешноста или странец. На долг рок, се советува работа со помлади и нови технологии. Малата загриженост за близок роднина ќе Ве иницира да помогнете со совет или со морална подршка. Доколку Ви замераат на инертноста, време е за посета на салон за убавина, фитнес, теретана и сл.
 
БЛИЗНАЦИ(14. 6 - 15. 7Доколку брзо реагирате на понудите од лице- странец или од внатрешноста, месецов ќе Ви биде исполнет со динамична работа и неочекувани планови за соработка. Вашата сила како хороскопски знак е во одличната комуникација и поврзуваењето со сродните, на Вашата, професии, а тоа подразбира и успех доколку вршите интелектуална или трговска дејност. Здравје: Внимателно околу 14 и 28 септември .
 
РАК(15. 7 - 16. 8)  Месецов припазете се на здравствен план. Марс го допира полето на Вашата личност, па се советува да ја потрошите зголемената нервоза во активност и движење. Месецов, нагласено е полето на промени на деловен план, па советувајте се со лице кои ги познава законските измени и економијата подобро од Вас. Можно е парите кои се очукуваат да стигнат со задоцнување.Можна е љубомора или неочекувано љубовно искуство.
 
ЛАВ(16. 8 - 16. 9) На деловно поле проверете ги информациите дали се шпекулативно поврзани со финансии, акции и сл. Постои можност, при крајот на месецов, да имате потешкотии со наплата или повраток на Вашите средства. Доколку се премислите околу подигање на кредит, продавање акции и сл. , се советува да причекате до декември. Емотивно, подолго време имате потреба да делувате посмирено во врската , за да бидете почитувани, но Вашето Его на моменти Ве тера бурно да реагирате.
 
ДЕВИЦА(16.9 - 16.10 ) Промените на деловно поле влијаат на некои Ваши одлуки поврзани со близок пријател, а тоа подразбира и планови за дополнителна работа во периодов што следи.Обидете се да не размислувате за евентуалните потешкотии во месецов, кои се поврзани со потребата да стигнете секаде и да одговорите на сите барања. До 15септември, со леснотија ќе одговорите на поставените цели, а потоа, во зависност од наталната карта, ќе се појави успех или потешкотии.
 
ТЕРЕЗИЈА (16. 10 - 15. 11) Време е да запнете и да ги поставите работите на свое место .Тоа подразбира да не се конфронтирате непотребно со Вашите претпоставени, а водно и да ги прифатите добронамерните критики упатени до Вас. Периодов штои следи ќе биде успешен, доколку не правите радикални измени на деловно поле и не ги напуштате деловните релации со старите партнери.Октомври е потежок за донесување деловни и емотивни одлуки, па затоа Ви се советува да гирешавате во септември. Поволни денови: 3, 24 и по 30, а претпазливо на 14, 20 и 28.
 
СКОРПИЈА (15.11 - 15.12Мошне поволен период на деловно, а кај помладите, и на емотивно поле, па се советува да не губите време.Зголемете ја активноста, закажете средби и контактирајте со старите, но и со новостекнатите пријатели.Користете ја интуицијата во деновите: 5, 10, а особено од 14 до 20, кога може да отпочне некој Ваш успешен проект или деловна активност.Љубов: Поволен период за разговор на иднина на врската.
 
СТРЕЛЕЦ(15.12 - 13.1)  Можно е да задоцните со реализација на планираните активности, особено доколку тие се поврзани со странци или лица од внатрешноста. Ќе имате многу идеи и предлози за соработка, но дали истите ќе бидат реализирани, ќе покаже последната недела од месецов.Првата половина од месецов на љубовно поле ќе Ви донесе многу планови за иднина на врската, но внимавајте околу 14 и 28.Можна е кавга.
 
ЈАРЕЦ(13.1 - 13. 2)  Очекувањата на финансиски план за успех може да се намалат при крајот на месецов, па се советува претпазливост со големите инвестиции. Поволен период за склучување на деловен договор е, околу 5 и 23 септември. Доколку имате имот за продажба, автомобил или непотребен инвентар, дајте оглас.Периодов е поволен и доколку понудата ви е “реална„,следи успех. Време е да направите рутинска контрола на Вашето здравје.
 
ВОДОЛИЈА(13. 2 - 13. 3Популарноста и јавното истапување е нагласено за овој дел од годинава. Не губете време во бесцелни разговори. Можностите за деловна соработка Ви се отвараат. Јупитер, во 1- то поле, ќе Ви донесе задоволство од фонансиската состојба , но само доколку не сте љубител на хазардот и брзата заработувачка. За да дојдете до посакуваниот однос во љубовта, не се доволни само пријателство и паметни разговори. Размислете!
 

РИБИ (13. 3 - 13. 4)  Внимателно во љубовта! Марс и кармичкиот јазел создаваат брз пренос на енергија, а тоа подразбира нагласени чувства кон партнерот, потреба од радикални одлуки поврзани со заедницата или бракот, а кај младите, понекогаш доведува и до несакана бременост или беспричински прекин на врската. Кажаново земете го како опомена и не дозволувајте во деновите околу 14 и 28 септември непромислено да делувате.