индиска астрологија и просторот Васту

Зборот Васту доаѓа од Вастошпат ,што подразбира здобивање со заштита,просперитет и среќа како во овој живот ,така и после смртта. „О владателу на просторот и живеалиштето,ние сме твои посветеници.Послушај ги нашите молитви ,ослободи не од зло и болест,донеси ни богатство и напредок ,помогни и донеси добро на сите кои престојуваат во домот(растенија,животни,гости).“ Во Матсја Пурана е опишано создавањето на Васту Пуруша. Шива борејќи се против демон бил исцрпен и почнал да се поти.Од капка на неговата пот се родило битие,кое било ненаситно и со окрутен поглед.Но набрзо ја прифатило својата ослабена позиција и покорно се обратил кон Шива,за да добие некаква корист.Новосоздадениот створ бил прегладнет. Шива бил задоволен со односот на покајување(покорност) на новото битие и се појавил пред него.Со милост и обожавање Васту Пуруша се обратил кон Шива. „О господару! Понизно те молам за дозвола да се хранам од сите три света. Шива задоволен од неговиот пристап наредил „Така нека биде“ Во истиот момент новосозданиот Васту пуруша се упатил кон земјата,а неговата лакомост за храна брзо ја увиделе небесните битија (богови,полубогови па и демони) и се уплашиле од него. Тие биле вкупно 45 битија,32 небесни битија кои биле поврзани со посветеност надвор од самото поле(простор),а останатите 13 биле внатре во полето на ограничување. (1) ISH (2) PAROJAYA (3) JAYANT (4) INDRA (5) SURYA (6) SADYA (7) BARISHAM (8) AKASH (9) AGNI (10) PUSHNA (11) VITATHA (12) YAMA (13) KRITANTA (14) GANDHARVA (15) BRINGAVAJA (16) MRIGA (17) PITARA (18) DAREPALE (19) SUGRIVA (20) PUSHPADANTA (21) VARUNA (22) DAITYA (23) SESHA а останатите.. (1) BRAHMA (2) RUDRA (3) INDRAJAYA (4) APAVATSA (5) MARICHI (6) SAVITRI (7) VIVASWAN (8) VISHNU (9) MITRA (10) SAVITA (11) PRITHVIDHARA (12) RUDRA and (13) APA. Сите заедно(45) го легнале со лицето на земја лакомиот Васту Пуруша и така го смириле. Секој од небеските битија завзело одредена положба,а самиот Брама седнал во неговиот центар.