Недела на можна авионска несреќа сообраќајни несреќи

Неделава што предстои небесната статика повторно е високо осетлива и доведува до сериозни проблеми на мундан план.Ова е спомнато при крај на 2014 ,а тоа подразбира дека периодов што предстои е со сериозни патни несреќи ,можна авионска несреќа околу 18 мај 2015 и истовремено земјотрес во овој период со магнитуда преку 6.5 рихтерови степени.Моментално е раздвижена тектоника во Азија,па ризикот од земјотрес(несреќа) на потегот Индија-Кина-Јапан е зголемена.

Во светот околу 17 и 18 мај 2015 ,ќе има известување за тешки и ретки сообраќајни несреќи(можно и железнички сообраќај ,планетата со железничкиот транспорт Сатурн,е во опозиција на сонце,марс.меркур и месечина.Бидејќи Сатурн е во знакот на Скорпија која владее со отровите и хемикалиите,нема да биде никакво изненадување превртување на превозно средство кое транспортира отровни или опасни материјали!

Надзорните органи во рудниците за овој период да бидат мобилни и повнимателни и да не ризикуваат со престој и работа, доколку нивото на метан или опасни гасови е над дозволени граници.Можна е несреќа во рудник.Зголемена внимателност доколку има недефинирани водни жили и некомпактен материјал за ископ , кој треба соодветно да биде обезбеден од евентуален одрон.