Предвидена авионска несреќа во Франција на Ербас А320

Предвидена авионска несреќа во Франција
 
Во новогодишното мое обраќање на ТВ Канал 5 ,беше дадена изјава за авионска несреќа во Европа и беа дадени деновите.Ова е една од повеќето мои предвидени авионски несреќи кои се документирани и јавно соопштени на тв или во печатените медии.Последица на оваа несреќа делумно е во затемнувањето кое се случи на 20 март 2015 , но и на планетната засилена активност на меѓу точките на планетите марс,венера,сатурн и месечевите јазли од една страна и соларно лунарниот спрег од друга.Оттука се советуваше на граѓаните на Република македонија да бидат претпазливи во сообраќај и при патувања и беа дадени неповолните денови.Овие денови за некои лица може да бидат најповолни , но истите за други да се кобни, а во зависност од наталната карта.
Електромагнетноста радикално се менува кога се затемнувањата на Сонцето или месечината ,но и кога останатите планети го потврдуваат ова неповолно влијание.
     На прашањето зашто делува поволно односно неповолно ,одговорот е едноставен. Во зависност од ведската натална карта кај секој поединец ,во ваквите денови  максимално се активира десната односно левата хемисфера на мозокот .Тоа доведува , а во зависност од планетниот флукс да се детерминира рационалната или креативната мисла во секој момент, преку функција на мозокот (десна или лева мождана хемисфера) . Во овие математички и астрономски пресметани денови рационалното станува креативно и обратно.Тоа подразбира инциденти во сообраќај , бидејќи наместо лево се свртува десно ,наместо горе доле итн.
Ова е објаснување дадено за поширок аудиториум , а за астролозите или лицата од научната сфера на интерес ,овие информации побаруваат повеќе простор и елаборирање.
 
 
извор на оваа вест е од француската авијација и полиција:
 
авионот Ербас А320 со 144 патници ,лет 4U 9525 на германската авиокомпанија Germanwings(подружница на Луфтханза) се урна во француските Алпи во близина на Дигне (Франција).
 
Неговата рута на летање била Барцелона-Диселдорф , а неофицијално се сопштува дека нема преживеани.
Министерството за внатрешни работи на Франција , соопштило дека остатоците се наоѓаат на надморска височина од 2,000m , последен контакт со авионот е остварен во 10:47
(09:47 GMT) , како повик за помош.