16 октомври ден на гладните во светот

16 октоври е светски ден посветен на сите гладни непознати луѓе во светот.Популацијата во светот нагло се зголемува,па оттука и интерес на секој од нас да влијае колку може да се намали оваа бројка на гладни лица во светот.Сите ние треба да развиваме 
свест дека бројката од 842.000.000 гладни(скоро една осмина од светско население) во моментот,додека 1,2 милијарди луѓе живеат во екстремна сиромаштија за околу 1 евро на ден или приближно 60 мкд.
крава и детска насмевка близу фарма
2 милиони деца  е бројот забележан годишно на починати деца од изгладнетост-приближно колку е бројот на жители во Република Македонија.Замислете нивната смрт е поврзана со зборот хронична изгладнетост.Хумани сте...
 
..
СИДА
МАЛАРИЈА
ТУБЕРКУЛОЗА
...
 
но пред сите нив на прво место е гладот ,кој е сојузник со „нехуманоста“.
 
Земјите во развој пред се во Африка, Јужна Азија и Латинска Америка се најпогодени со страдање од глад и сиромаштија.Општата нивна состојба подразбира и запрен интелектуален и образовен развој пред се заради ниските и никакви приходи.Правото на глас со таков развој најчесто е злоупотребено,а тоа дополнително ја намалува можноста да се едуцираат и да стекнат вештини и работни способности,кои би им помогнале да ја намалат сиромаштијата и гладот.
 
Денешниот ден е потик и подигнување на свесноста кај оние кои се помалку засегнати од оваа нехумана распределба на основните животни продукти во светот,да земат пасивно или активно учество и преку својата солидарност да допринесат истиот да се искорени.
младо теленце во прегратка на неговата мајка
Ведското знаење за изчезнување на гладот во светот е поврзано со неубивање на животните,а посебно на кравите.Доколку кравите не се товат,а потоа се убиваат за храна,за неколку години произведената храна ќе ги задоволи потребите на бројката од 842 000 000 гладни во светот.Прехраната на кравите во светот е доволна за 8 700 000 000
...да добро е напишано 8милијарди и 700 милиони луѓе.
 
Потребна е само една година вегетеријанска исхрана, за целосно намалување на гладните лица во светот.