Авионски пад и земјотрес 7.1рихтер во предвидуваните денови

 Цитирам од текст објавен недела дена пред настанот:

„Само како илустрација понеповолен ден на светско ниво,па и во Русија е 11 кон 13 декември,а бидејќи небесната статика е засилена од просечни денови се очекува силен земјотрес поголем од 6.5 по Рихтеровата скала.Зголемена е можноста околу 12 декември 2012 да има проблеми со воздушниот сообраќај,па можна е авионска несреќа.“

извор /kalendar_na_majite_21dekemvri_2012  објавено на 4декември 2012г.

mapa-na-zemjotres-indonezija-10dekemvri2012-preku7rihter-predviduvanje-atanasoski

Новинските портали кај нас и во светот,туку што известуваат за тешка авионска несреќа во Замбија,каде 93 патници како и членови на екипажот погинале како последица на трагичниот настан.Оваа вест е демантирана,од страна на руски новински агенции,кои известуваат дека се работело за вежба.Во текстот беше најавен и земјотрес поголем од 6.5 степени,а само како илустрација на неповолниот ден од астро план е регистриран земјотрес со магнитуда поголема од 7.1 по Рихтеровата скала во Индонезија (6.540°јужно,129.815°источно),на длабочина од 159.3 километри.

Бидејќи овој неповолен период трае неколку дена се советува да се внимава на електричното напојување(да не се оптеретуваат ел.грејни тела-можен пожар или штети на ел.уреди),секако да се внимава во сообраќајот(гужви,одрони и лизгање и сл.) и да се припази на постари лица за нивното здравје.Избегнувајте и работа со опасен алат.

astrologija-slika-na-avionski-pad-DC10-vo-zambija-dekemvri2012

Егзактниот неповолен аспект е околу 15часот и 7минути за сообраќај(но треба да се внимава во наредните 2-3дена,посебно кога е сообраќаен метеж.Всушност планетната енергија е неповолна во четири временски точки: после 3 наутро,по 11 и веќе спомнатиот 15 и 22 часот .Ова е за ден 11 декември 2012.Истото продолжува и во наредните 2-3 дена ,со мала промена на зададените часови.Мудро е во овој период да се биде повнимателен.Овој текст нека ја зајакне интуицијата кај луѓето,за да можат да ги избегнат овие неповолни електромагнетни влијанија,кои се детерминирани преку небесната статика.