Џаимини аспекти во Џотишот

 Џаимини Сутрите околу 1000 на број,преставуваат астролошка алатка(мостови) за надополнување на парашара системот,пред се на зодијачките знаци и аспектите кои ги создаваат-пренесуваат.Иако овој систем прв го нотирал мудрецот Парашара,длабок увид на истиот е пренесен преку Џаимини Сутрите.Всушност,системот Џаимини може да се третира посебно и неговата намена е во предиктивниот дел на Џотишот.Сутрите се напишани во кодирана форма за да не дојдат во рацете на непосветените.Истите се поделени на 4 дела-адаја и нивното значење се пренесува усмено од учител кон ученик.Денес може да се употребат овие сутри само доколку се имаат клучевите за нивна употреба.

 основни аспекти:

 Парашари концептот за планетите е преку акцент на 3,4,5,7,9 и 10 поле,во однос на 

 

планетната позиција.Оттука имаме аспект на 7поле(за сите планети),5,7и9 за јупитер(гуру)

марс(4,7и8),додека Сатурн 3,7и10) 

 Џаимини се разликува во однос на аспект на поле-поле,знак-знак или имаме:

 основа знаци:

кардинални-Овен, Рак, Вага и Јарец

фиксни-Бик Лав, Скорпија и Водолија

променливи-Близнаци, Девица, Риби и Стрелец

 Џаимини аспекти

 1) Планета во кардинален знак ги аспектира сите Фиксни знаци,освен првиот знак веднаш до 

 неа.пример:Планета во овен аспектира лав,скорпија и водолија,но не и Бик

 2) Планета во фиксен знак ги аспектира сите кардинални знаци,освен првиот знак веднаш до 

 неа.пример:Планета во Бик ги аспектира рак,терезија и јарец ,но не и овен

 3) Планета во променливите знаци ги аспектира останатите променливи знаци.

пример:Планета во Близнаци ги аспектира девица,стрелец и риби.

 

Овие полиња „декорот„ на планетниот потпис-влијание,додека планетите се како „глумци“ кои 

 си ја одигруваат доделената улога или каракатва.

  

 Караки

 Штира каракатви-фиксни непроменливи означители

 Сонце-татко

Месечина-мајка

Марс-брат

Јупитер-деца(сопруг кај женскиот хороскоп)

Венера-сопруга

  

7 Променливи(Чара)Караки-означители систем Џаимини

 1) Атмакарака-Atmakaraka (личноста на хороскопската карта,се смета за најсилна планета)

 2) Аматја-Amatyakaraka (релации со кариерата)

 3) Батру-Bhratrukaraka (Браќа и сестри)

 4) Матру-Matrukaraka (ја означува мајката)

 5) Путра-Putrakaraka (поврзана е со Деца-син,ќерка,хермафродит)

 6) Гнати-Gnatikaraka (роднини,братучеди и семејни односи)

 7) Дара-Darakaraka (сопруга,сопруг)

  

Овие седум караки зависат од прецизниот степен,минут и секунди, на кој е сместена 

 планетата.Планетата со највисок степен и деклинација(во планетна војна) е победник и се 

 третира соодветно.

 пример:сонце 28степен,месечина5степен,марс7степен,меркур10степен,јупитер11степен,венера 

 

20степен и сатурн 15степен

 

атмакарака(1) е сонце 28степени,додека даракарака(7) е месечина 5степени.Редоследот и на 

 

останатите е во однос на поминатите степени.