Астрологија светот 2008-2014

СПОРЕД СИМЕОН АТАНАСОСКИ Македонија да ги забрза реформите Астрологот Симеон Атанасоски уште во 1998 година во своите астролошки прогнози ги посочив како мошне опасни и деструктивни за планетата Земја периодите од 2010 до 2014 година, а особено 2011 и 2012 година. - Во овој период повеќе планети создаваат редок астролошки феномен со крстовидна форма. Ваквиот аспект на т.н. тешки планети. Јупитер и Сатурн, во однос на „брзите“ Мекур, Венера, па и Марс, предизвикуваат негативни промени на Земјата. Тие неповолно ќе се одразат во повеќе региони во светот, а на удар е Европа во 2011 година, додека во 2012-та Далечниот Исток и Западна Америка ќе се соочат со сериозна закана од поголем воен судир и нуклеарна закана - вели Атанасоски. Според него, сигурни се земјотреси во Калифорнија и во Кина. Тој тврди дека со астролошките методи што ги практикува подолго време земјотресите може да се предвидат во релативно прецизен период со отстапување од максимум една недела. Споменатите земјотреси, по магнитуда го преминуваат 7-от степен по Рихтеровата скала. - Јупитер и Сатурн го аспектираат полето на Стрелец, кое е врската со религиозните заедници во светот, па можноста за судир на најспротивставените групи во светот е максимална – објаснува тој. Атанасоски смета дека Македонија треба да ги забрза реформите и да дејствува единствено од внатрешнополитички аспект, пред се во периодот од 2008 до 2010 година, за да не биде доведена прашањето за евроинтеграциите да биде ставено во втор план поради светската нестабилност, која ја очекува и Европа. - Според мене, негативниот период во посочените години е со интензитет од 2-3 месеци, а потоа се стабилизира. За тероризмот веќе не треба посебно да се коментира - истиот станува моќно оружје на светскиот капитал. Тој е во функција на корекција на проектираната економска крива на најмоќните земји во светот, пред се на групата 7 (Г7). Ние како држава мора да научиме како се работи и се заработува во кризни услови за да не станеме целосно економски зависни од соседите во текот на периодот од 2010 до 2014 година и поради апатичност на населението да не знаеме како да дејствуваме - советува Атанасоски.

со оваа изјава 2012 се споменува како значајна година за светот,но е  без апокалиптични сценарија за светот.