Време на Васту

 

Времето и Васту
 
Према Васту ориентацијата на градбата дава позитивни односно негативни ефекти на 21месеци,7 години или 15 години. Додека кај Ф`нг Швеј спрема одредени школи тоа се случува по 20 години.
 
Размислете дали по првото влегување во Вашиот дом и горе наведените периоди приближно 3,7 или 15 години сте имале важни животни промени.Доколку истите се неповолни, тоа подразбира лошо уреден ентерен или екстерен простор.Доколку цело време живеете под стрес,таквиот дом е неповолен и се советува да размислите за негова промена-адаптација или преселба.
 
 
 
Какви промени следат во Вашиот живот,ако се примени Џотиш и Васту ?
 
1.Својата судбина среќа или несреќа која произлегува од наталната карта не можете да ја промените.Одредени совети кои произлегуваат од наталната ведска карта можат да доведат до подобрување на Вашата неповолна состојба, доколку спиритуално се промените.Спиритуалноста општо е поврзана со 9 поле во Џотишот и заедно со 5 поле кое е поврзано со љубовта ,се главни носители на среќата.
 
2.Пристигнатата Карма во овој живот влијае на Вашата среќа.Истата може да ја ублажите доколку добиете совети од квалификувано лице.
 
3.Доколку во наталната карта ви е запишан лош период,а при тоа живеете во лоша околина и во лошо проектиран простор наталната карта доведува до целосно исполнување на негативните ефекти.Доколку просторот во кој живеете ,го подобрите уредувајќи го по принципите на Васту ,се неутрализираат ефектите на лошиот хороскоп ,а тоа полека доведува до надминување потешкотиите во животот.