Стравични Пожари во јужна Калифорнија

Пожари Јужна Калифорнија

Принудна евакуација и блокада и затворање на главните патишта.Ова се случува по веста кои ја преносоа властите ,за опасност пожарот да се прошири во наредниот период. Најпогодени се Лос Анџелес и Вентура ,а населението бега пред огнените пламени.Фотографиите кои стигаат преку социјалните мрежи и нет заедницата ,се стравични и према локални извори делуваат апокалиптично.Вентура областа околу 300 км е опколена со огнени јазици ,а местот Оџаиј е силно погодено и се евакуираат околу 8000 лица. повеќе слики од пожари во јужна калифорнија споени мозаично

Тотално е блокиран сообраќајот меѓу Вентура и Санта Барбара, соопштила канцеларијата на локалниот шериф. Евакуирани се над 50.000 луѓе ,кои напуштиле 15.000 домови. Сликите на изгорени објекти и автомобили се апокалиптични.Овие шумски пожари во Јужна Калифорнија се очекува да го засилат интензитетот , односно да се влошат. Причина делумно е во силните ветришта , кои заедно со ниската влажност(сув терен), може да помогнат за избивање на нови пожари . Шефот на Одделот за противпожарна заштита во Лос Анџелес , со предупредување за граѓаните кои се во близина , ноќта да ја поминат на отворено и будни-да стражарат. Тука во ЛА ,има повеќе помали пожари кои сепак ги принудија жителите да ги напуштат.Училиштата и некои спортски натпревари се откажани. последна вест е за евакуирање и дадена тревога на 200000 жители, а под закана на огнена стихија од четири пожари.Зафатена е голема површина под огон. Локалните жители од крајбрежјето , пред се градот Карпинтерија со наредба да се напушти пред изгрејсонце.Во ова место пожарникарите го гаснат огнот на само неколку километри.Овие пожари годинава се очекуваа во зголемен интензитет ,пред се во областа на југозапад од САД,а тука е Калифорнија ,а како последица на астролошкиот ефект на соларното затемнување кое во летото го проследија жителите на ширум континенталниот дел на САД.Уште една потврда за влијанието предизвикано преку астро ефектите на планетите.За ова се пишуваше и коментарише уште во декември 2016.