Владо Јаневски романтичен воден знак


владо јаневски натална карта од симеон атанасоски
Владо Јаневски е роден под влијание на месечината во Риби или по индиски Мина ,додека среќната ѕвезда на раѓање е Утарабадрапада - чиј владател е Сатурн.Симболот  за оваа ѕвезда е полски КРЕВЕТ,попрецизно последната постела на полскиот кревет.Каста кшатриска но во риби(политика,управување,сила, енергичност,машкост,успех преку чувства на другите,договори,горд, величенствен,љубезен,почит од роднини,добротворен,склон кон болести      
      Месечина    Риби
      Сонце Скорпија
      Подзнак Водолија
 
Џотиш –Индиска астрологија
 
Ако сте романтичар приклучете му се!
 
Уттар-бхадрапада среќната ѕвезда на Владо 
Кај индијците абхибадху подразбира „смрт“на илузијата (маја).Поврзана е со спиритуален напредок ,а самата УтараБхадра ,дава патувања во далечни предели,оставајќи се зад себе си.Слободно може да се асоцира со талкање од место на место,бидејќи е водена од внатрешните моментални пориви(чувства)кои се предизвикани од водениот зодијачки знак риби.Постои внатрешна контрола и моќ за надминување на кризи но со „белег“на душата!Лутина и бес!
 
Психологија
 
Да се чувствува,да се сака,да се биде романтичен,да се потпадне под влијание,да се биде воден од илузии,да се преценува или подценува,да споделува,да помага,да лечи со говор...
 
Негативните влијание повремена арогантност,негативни мисли поврзани со огон,избувлива лутина,нереализирани договори...
 
Владо Јаневски по индиска астрологија има подзнак Кумбха(Водолија),но главните карактерни црти се „извлечени“од „водената“ и емотивна месечина која за време на неговото раѓање се позиционирала во знакот на риби,а сонцето е поврзано со Шкорпијата.Оттука е нагласен магнетизмот кој го зрачи „нај сексуалниот„ зодијачки знак Скорпија,а нејзиното влијание се одразува преку тајни,оговарања и полувистини околу неговата личност.Неговата харизма и успешност е поврзана со астролошкиот аспект-Венера опозиција марс за лагна(подзнак), Кумбха(Водолија) создавајќи ја  Раџа јога.Ова е првиот показател за успех и во срцето на хороскопот навамсата состојбата е слична.Марс е во бик(владател-венера),додека венера е во терезија со која владее.Ова е сигурен показател на карака за успех и истакнатост во полето на професијата.
 
Кај естрадните уметници планетата венера има силно влијание.Таа е врската со задоволствата ,љубовта,сензуалноста и шармот,но и со забавата,пеењето,глумата.Оттука јасна е аналогијата кога планетата венера како, јога карака се нашла високо во десеттото поле од месечината(кариера) и во единаесеттото поле на реализација на надежите и желбите формирајќи ја раџа јога за подзнакот Водолија!Венера е посебно позиционирана во хороскопите на естрадните уметници,а во случајот на Владо Јаневски тоа е „школски“ пример!
 
Од  2002 година македонската реномирана музичка ѕвезда ,ја очекува континуиран напредок во полето на кариера во наредните десетина години!Посебни успеси 2008 и 2012до 2014 кога е неговиот зенит во кариерата надвор од нашата земја,а дотогаш 2003 ноември до април2004,потоа септември до декември 2005 (нови договори-нови партнери),април 2006 и ноември 2007(зенит) се последователни успеси.Тоа подразбира дека Владо сериозно ќе се „втемели“на македонската музичка сцена и контуинирано ќе напредува,а неговото музичко портфолио ќе се збогатува со хитови кои ќе го одбележат времето во кое живееме.
Оваа година транзитот на планетата венера во октомври ќе допринесе да се промовора негова работа и може да се очекуваат нови хитови и успешен издавачки период.Неговите продуценти и менаџери трба да размислуваат за мала соработка во дует со некоја афирмирана пејачка ѕвезда од бившите Ју-простори,бидејќи постои можност во следниве неколку години неговата популарност да биде поврзана со странство имајќи во предвид,дека венера е во близината на јупитер,а тоа подразбира соработка со странство и странци.Успехот се интензивира пред крајот на годината и може да се очекуваат негови гостувања во медиумските куќи и „искачување“ на неговите композиции на музичките топ листи.Следната 2004 година го очекува продолжување на неговата успешност но и година која може да му донесе нервози пред пролетта, поврзани со мал застој  на релации партнерски деловни односи(редоговарање) ,но и емотивни односи во љубовта.Можна е мала афера и откривање на извесна тајна (врска!),која ќе ги „возбуди„ новинарските пера и можни се злонамерни написи.Но тоа е само мал застој,бидејќи како настапуваат пролеттните месеци се зголемува обемот на неговата работа,а  планетата Јупитер ќе се погрижи ,2004 да биде запаметена како година на концерти и патувања.Сепак мал совет  при крајот на мај до месец јуни нека внимава околу младите и полните месечини во сообраќај или спортување.Можни се непријатности на физички план со екстремитети десна страна или незгоди во сообраќај!
 
Совет до неговите продуценти -Треба да го користи  „тивкиот“огон како „видео“елемент во своите спотови и предели поврзани со странсво(надвор од местото на раѓање)!Ова допринесува за негов поголем успех.
AttachmentSize
ina_br.3_astrologija_simeon_atanasoski_vlado_janevski.doc18.07 KB