Натална карта Ваши прашања и одговори

natus-да се роди,
natale-раѓање
ante natal-пред раѓање на латински зборот анте се преведува како „пред“
natality- стапка(број) на родени 
gnasci- да се роди на стар латински(асци и асцендент)
ascendere "да се качи, се искачи, оди нагоре" растечки(околу 1590 година во употреба)
natural-природен
 
карта-мапа,пергамент или хартија со цртеж за навигација(околу 1570 година во употреба)
charta,carta-хартија,папир,документ (латински)
chartula,cartula-малечка хартија(латински) најчеста употреба мапа на раѓање или мапа на животот.
 
Во астрологијата се поврзува со цртање на мапа која во ведскиот хороскоп е со квадратна форма во која 
се забележуваат планетите со нивните астрономски позиции во моментот на раѓање.Индиската астрологија содржи 16 основни карти или позиции за само една натална карта кои треба да се пресметаат и исцртаат.Оттука една ведска или индиска натална карта има 16 пати поголема работа од една западна тропска натална карта.Оттука е нејзината темелност во работата и прецизност.
 
Во западната астрологија таа е со кружна форма во која исто се забележуваат планетите во моментот на раѓање со тропските позиции на небото.
 
изглед на индиска карта јужен стил
индиска натална карта јужен стил на розе основа
 
изглед на индиска карта северен стил
индиска карта северен стил зелено окер 200 пиксели
 
 
2.Како е можно астрологот само преку датумот,часот и местото на раѓање да го опише родениот,неговиот живот во минатото,сегашноста и во иднината?
 
Астролози има малку во светот.Тие се од најредок вид како што и добитници на Нобелова награда се од најредок вид на научници во светот.Во јавноста владее мислење дека има многу лица кои се преставуваат за астролози и кои им ја погодиле нивната судбина односно што ќе им се случи.Доколку постојат такви истите лесно ќе можат да дадат точна прогноза која јавноста лесно ќе ја провери.Но, вистината е поинаква.Постојат лица кои ја злоупотребуваат оваа древна наука,кои недоволно јасно ги опишуваат своите предвидувања,па си ги толкувате со помош на Вашата интуиција и нешто кога ќе се случи го поврзувате со недоволно јасно 
 
даденото и општо предвидување.
 
еве едно општо мислење:
„Астрологот кај кого си направив натална карта се ми погоди“.Некој од Вас не верува во таквите работи,подетално потпрашува што е тоа што погодил ,најчесто добива нејасен и двосмислен одговор,а со акцент дека не сте го разбрале во моментот но кога се случиле настаните ви се разјаснило.„....или јас не разбрав дека се однесува на мојата мајка(беше кажано постара жена) но кога таа се разболе ми стана јасно...“
или ќе запознаеш едно лице кое ќе ти го промени животот....Не се кажува кога(време),каде(правец) и што ќе се случи недвосмислено
 
Ова се општи искази и можете било кого да прашате и да ви даде понекојпат и поточни прогнози од лице кое залутало во астрологијата  а се преставува дека е астролог.Јас зад себе имав предвиден атентат,неколку земјотреси,авионски несреќи,потонувања на пловни објекти и политички случувања па и тогаш и денес многу 
 
внимателно одговарав на прашањето дали можам да се преставам како астролог.Еве и денес после 25 години секојдневно практицирање само на ведската астрологија
позната како Џотиш, ведската архитектура за просторот Васту, работење со прашна(одговор на поставено прашање) и нимита(предзнак) се уште ја студирам секојдневно а причината е едноставна.Во ведската астрологија законот за наталната карта го создавате за секој роден посебно.
 
3.Па оттука се наметнува прашање: Дали може добар астролог да ме насочи во животот ?
 
Да.Може!
Но, само на едно ваше прашање да се добие најпрецизен одговор потребни се денови анализа.Тој што вели дека потребни му се неколку минути да одговори на прашање точно,едноставно проверете го неговото знаење.Дајте му ги само податоците на раѓање (ден,месец,година, сат и минут) и место на раѓање(роден град,село..) и молчете.Лицето кое се преставува за астролог треба за минута да ви даде три настани од вашето минато иако првпат го гледате или слушате во Вашиот живот.Моето искуство е при секој контакт од 1994 до денес при првиот контакт пред да се изготви наталната карта , веднаш по добивањето на податоците поставувам најмалку три прашања од минатото со опис и година на настанот.Доколку добијам потврда на трите одговори продолжувам со изработка на наталната карта. Доколку лицето не се сеќава или не знае што се случило можам да се посомневам на неточни податоци на часот на раѓање или лицето прави натална карта за некој друг(што е злоупотреба) па не ги знае одговорите. Досега лицата кои се јавиле за изработка на натална карта, неспремни очекуваат дека истата се купува како на пазар и се што треба е да си порачаат и да чекаат по пошта или да ги викнат на разговор.Може да се изненадите кога ќе слушнете дека само тие што ви го провериле вашето време на раѓање дали е приближно точно можат да ви изготват натална карта.Другите се почетници(не се астролози) и манипулираат со Вас.Моето искуство во јавните настапи на телевизија (јавувања на гледачи) било повеќе од 90 проценти на тие што се јавиле да им се кажат веднаш настани од минатото (како проверка) и тие самите биле најдобри промотори на силата на ведската астрологија.
 
 
Погоре е одговорено.Јавете се на лицето кое се преставува како астролог.Внимавајте да не имате ФБ профил или на некој начин да знае за вашиот живот.Дајте му 
 
ги само податоците,вашиот роденден, сат и минут и место на раѓање и молчете.Треба да добиете повратно 3-4настани од минатото кои се точни во опис и приближно временски.Доколку не ги добиете кажете Благодарам и јавете се на лице кое точно ќе ви даде опис на настани од Вашето минато со приближно време на случување и тоа веднаш.Така проверувате дали лицето кое се преставува за астролог манипулира со Вас или на основно ниво е квалитетен астролог.
 
 
Погоре дадени се одговорите.Оној кој е стручњак во својата област на астрологија , ви соопштува неколку настани од вашето минато.Лице во јавноста може да се експонира заради присвоено предвидување од други и на тој начин Вие да мислите дека е добар астролог.Тоа лице е познато затоа што присвоило (украло)знаење од успешен астролог.Бидејќи присвојувањето нема кој да го казни освен јавноста, Вие му верувате и сте ги фрлиле своите пари мислејќи дека ќе добиете квалитетна натална карта.Може да се изненадите кога би прочитале безвредни копирани или преведени текстови кои чинеле 50-100 денари ,а ви се наплатиле 500-600-900 до 3000 денари.Бидејќи некој да ви го каже ова и незнаете дека Вашата натална карта е безвредна и дека сте добиле ископиран безвреден материјал.
 
 
Да можете да добиете.Но дали ќе добиете квалитетен и директен одговор, зависи од вашата натална карта.Кај некои одговор е поедноставен и поребна е помала анализа на наталната карта, а кај некои ова прашање треба многу посериозно да се погледне.Доколку таа дозволува во овој живот вие да влезете во брачна 
 
заедница.Постојат хороскопи на лица кои се под карма на потешкотии за влегување во брак,некои имаат тежнение за духовен живот па доброволно се откажуваат,други влегуваат многу млади во брак итн.Кога Вашата натална карта е јасна по тоа прашање одговорот го добивате веднаш кога ќе стапите во брак.Доколку има потешкотии и одложување на ова прашање ,Ви се кажува како и кога позитивно може да се реши.Доколку настапува потежок период за брак после средината на животот соодветно се советува,порано да влезете во брак во дадени години.Моето искуство околу ова прашање е некојпат само минута астро анализа и брзо точно да заклучам кога би влегле во брак,но кај некои натални карти потребни се часови работа само за ова прашање и пак не може да се даде прецизен одговор.Тоа зависи од Вашата кармичка условеност,Вашето верерување на непроменлива судбина,пред се кармата преку родители, правци во просторот во кој живеете (посебно Вашата спална соба) итн.Се даваат прогнози за успешни години почеток на љубовна врска и можност за брак,се советува кој знак ви одговара и како да го препознаете кога ќе се појави во вашиот живот.Но најважно како да ги надминете блокадите во Вашиот дом и пред се Вашите верувања,кои произлегуваат од Вашата натална карта.
 
 
Подзнак или асцендент е точката која се крева на исток кога сте вие родени гледано од вашето место.Постојат разни видови подзнаци ,но за вас доволно е да го знаете основниот т.н. Асцендент или лагна во ведската астрологија.Во ведската астрологија треба да го знаете и вашиот месечев знак т.н. Чандра лагна.Подзнакот ви го претставува вашето тело и како другите ве гледаат ,на физички план дава одредени силни и слаби црти и ви покажува на што да внимавате за да немате проблеми во животот- со умот(манас) или телото.Некојпат само преку подзнакот може да се дадат прецизни предвидувања за вашата иднина љубов,здравје,работа,кариера,родители,брак и сл.Има метода која само со подзнакот се предвидува кога ќе стапите во брак! Но да повторам.За разлика од западната астрологија која се потпира на интуицијата,а помалку на математиката кај ведската астрологија е обратно.Некои предвидувања не е доволно да бидат видени само преку подзнакот,туки преку повеќе подзнаци во сите карти 16 хороскопски карти приготвени за Вас од Д1 до Д60.Се разбира дека се користат неколку десетици прогностички методи (од стотици кои постојат), а се во зависност од потребите за детална анализа.Подзнакот е важен фактор во наталната карта ,а поврзан со долговечноста и на тој начин е основа за успехот во животот.Подзнак кој е ослабен од неповолни планетни влијанија , неповолно влијае на повеќе сектори во вашиот живот.На пример може да влијае во љубовта,партнерските односи и кариерата,бидејќи нагласува здравствени проблеми во одредени години од животот.
 
 
одговор:
 
Венера иако е поврзана на основно ниво со сексуалноста и допадливоста(привлечноста),играта и забавата таа може да влијае поволно и неповолно во зависност од толку многу фактори , што би ги збунило учениците на астрологијата кои ја студираат, а не Вие доколку немате познавања за влијанието на планетните фрекфенции врз луѓето.Венера ја викаат Шукра (слатката) или Шукер,Шекер е најблизу до македонскиот превод ,па доколку се најде во некој знак кој е горчлив или опор по вкус (јарец,девица,скорпија,овен) може на основно ниво да направи потешкотии.
Наводно ваквата неповолна венера е застапена ,кај многу познати лица кои имале богат љубовен живот - па каков заклучок да се донесе-дали е поволна или не?
Доколку не сте студент по астрологија, не треба да се исцрпувате откривајќи го влијанието на Венера, од проста причина што понекојпат само малкумина астролози можат со сигурност да потврдат дека заради венера Вашиот љубовен живот е лош! Само на момент претпоставете дека за еден љубовен склад потребни се 12 системи на склад(не хороскопски знаци туку посебни 12 системи по 12 хороскопски знаци или помножено по 27 основни среќни ѕвезди.
     Вашата венера иако поставена во неповолен зодијачки знак , може да биде под среќна ѕвезда, да има добра позиција во аглите на небото,да е во добро друштво со друга планета, да има т.н. паривартана јога кога таа се јавува како исклучително силна и поволна , кога делува поволно кога местото каде живеете (државата) е во криза додека во мирно време е неповолна .....
Многу текст е потребен да се заврши овој прилог за влијание на планетата венера.
Затоа не треба да се нервирате за Вашата венера,бидејќи таа може да ви донесе посебна љубовна вибрација иако е сместена во лош знак.
Премногу фактори одлучуваат за и најмалото влијание.Да прашате неколку астролози кој е виновен за лошиот љубовен живот ќе добиете различни одговори.Зашто е така?Замислете дека вие ја гледате венера на основно ниво и се што ќе ви кажат или прочитате Вие безрезервно верувате.Кај почетниците астролози(барем 4 години студирање), венера ја анализираат на повисоко ниво од вас, но немаат искуство или време да проверат нејзиното влијание во разни ситеми на периоди,во сите 16 хороскопски карти,да направат анализа на просторот кај се живее да се види дали влијанието на венера е негативно,да се погледне венериниот брег на левата дланка кај женски пол или на десната кај машкиот,да го видат влијанието на среќната ѕвезда итн.Во зависност од нивната анализа тие ќе го кажат нивното мислење на одредено ниво,па доколку друг астролог ги зел во предвид повеќето фактори тој може да изрази спротивставено мислење.Ведски астролог кој ги зел скоро сите фактори може да се нарече мудрец и неговото знаење и  предвидување е непогрешливо.
 
 
На ова прашање на повеќе наврати е даден одговор , но еве повторно можете да прочитате , што се треба да поседува еден добар астролог
 
 
Кус одговор во ведската астрологија најважна е позицијата на месечината,а не на сончевиот знак како во тропскиот т.н. сајана зодијак.За да ја најдете Вашата позиција на месечевиот знак , потребна е пообемна табела и покомплексна математичка пресметка , во случај месечината кога сте родени да била позиционирана помеѓу два знак или т.н сандхи точки.Сончевиот знак најчесто го преставува вашето лажно јас и затоа не е релевантно да опише каде е насоката на Вашата среќа. Тоа се поврзува со Егото и најчесто создава илузија на потреби во животот ,кои во одредени години се распрснуваат како меур од сапуница. Месечевиот знак или т.н. Чандра Раши е најважниот показател за Вашата среќа во животот ,бидејќи ја преставува Вашата најдлабока природа.Треба да се спомне дека во западниот зодијак месечината може да биде во различна позиција како хороскопски знак , за разлика вво реалната астрономска позиција во индискиот сидерален зодијак.На тој начин и описот за Вашиот хороскопски знак е различен.
На ова прашање е одговорено пошироко во објавениот текст за зодијак и дадени се табели ,како лесно да  го најдете Вашиот сончев знак.
 
 
Понекојпат описот на планетите во двата системи е ист на теоретско ниво и може да се даде опис кој е сличен во некои аспекти. Но доколку се спореди западна и ведска натална карта , ќе се забележи дека планетите понекојпат се вратени за еден знак назад , а тоа подразбира и различно толкување.Тоа значи , дека доколку сте направиле западна (тропска) натална карта и се интересирате за Вашета здравствена состојба -ќе добиете еден опис на пример на вашето здравје.
...но.. бидејќи планетата или планетите и останатите астро фактори кои се подготвуваат за здравствената натална карта не се во реалните астрономски позиции може да добиете погрешна дијагноза.Понекојпат овие фактори се поклопуваат во двата система и затоа може да се даде добра прогноза и совет.Но,сепак тоа е во помал број коинциденции и не е доволно да добиете јасна слика што ве очекува во иднина и на што да припазите.
Еве само како илустрација наталот на првиот председател На РМ сега починатиот Киро Глигоров има 4 планети во знакот на Овен(Меша) , а посебно треба да се истакне политичката планета Марс која во овој знак има максимална сила.Неговите сонце венера и јупитер исто така се во овен ,па лесно може да се заклучи зашто главата-со која владее марс, за неговиот знак му донесе повреди во атентатот есента 1995 .Ова лесно беше забележано ,во неговата натална карта,која јас ја објавив скоро една година пред настанот. Во западната астрологија акцентот на здравје на теоретско ниво , се префрлува на знакот на бик -кој владее со грлото и вратот ,но не и со горниот дел од главата како што и се случи на 3 октомври 1995.
Ова е само еден мал детал како двата система различно го третираат здравјето,па и сите останати аспекти образование , семејство , брачна среќа , имот , долгови , успеси итн.Затоа и описот во западниот односно индискиот хороскоп не е ист.
 
 
Бојата се испитува во ведската астрологија и точно се знае која боја Вам лично ви одговара ,кога таа се активира и како бенефитно влијае на Вашиот живот.Тоа е дел од бојата во наталната карта каде прецизно се лоцира личната боја , во која година таа ви е заштита , кога се намалува нејзиното влијание , кои бои се во превентивните мерки на Џотишот кои се поврзани со изработка на Јантра и како истата влијае на напредок во Вашиот живот.Овие пресметки за бојата се од памтивек застапени во индискиот астро систем , а во другите астролошки школи не доволно јасно или интуитивно се прифатени без да се знае изворот на ова знаење.Ова посебно се изучува во ведската архитектура , односно-Васту Шастра наука за просторот и сите фрекфенции кои се поврзуваат со него.Ведскиот астролог треба да познава и Васту-односно како да се пресмета кој простор е  поволен за живеење ,кои бои се лично за Вас ,а кои доколку сте во заедниза,Дали одговара местото каде сте родени или подобро е да се преселите,кој метал ви донесува среќа во животот.Западниот астолог доколку и воопшто Ви спомене за кои се Вашите бои ,тоа најчесто е на теоретско ниво-односно е неточно бидејќи истите се менуваат во однос на различни временски интервали.Иако ова знаење е пренесено од ведската астрологија и корисно за луѓето малкумина знаат која боја и кога е нивна заштита и напредуваат во животот доколку ја користат.Исто треба да се знае дека за некои родени , не е добро да имаат златен накит можат да го губат или да бидат покрадени ,односно поволно е да користат сребро,платина , месинг итн.
 
 
Секој може да ви каже која е ваша среќна боја ,но доколку не објавува текстови од астрологија во кои говори за Васту Шастра или Ф нг Швеј , или не е архитект кој го проучувал влијанието на боите не треба да му верувате.Неговиот кажан збор пет пари не вреди.Може да се изненадите дека пресметката која боја Ви одговара може да трае неколку минути , а некојпат и неколку часови . Еве на пример ,црвената боја во јужен и југоисточен дел од домот доведува до несакан ефект, а понекојпат и до здравствен проблем ,а се во зависност од личната натална карта. Доколку подот ви е сина боја ,а користите елементи со црвени детали , истото доведува до нервна напнатост и немир кој неповолно се одразува на тие кои го користат Ваквиот простор.Во ретки случаеви на некои родени овие комбинации на бои создаваат успех и напредок во животот и превентивно делуваат на проблеми со дишни патишта и нервна напнатост. Но се знае точно кога овие бои треба да се користат и кога треба да се напушти нивното  доминантно влијание, а може да се користат само како детал во помали ситни предмети.
 
 
Одговорот е едноставен рекламата на медиумите не е мерило за квалитетот на астрологот.Некој може да има 2-3 реченици предвидување и истото да се прераскажува со децении ,а некој може да има сат-два емисија а да не даде ни едно предвидување.Жалосно е дека вие сте помислиле дека секој може да даде точно предвидување.Но, само малкумина во светот можат да говорат за астрологијата како наука и на кој начин,кога и како таа влијае во Вашиот живот.
Често пати западниот астролог ќе ви каже дека астрологијата не ја третира како наука , дека тој не е да предвидува што ќе се случи туку да насочи и посоветува! Парадокс! Доколку не знае што ќе се случи не треба ни да советува , доколку знае , треба јавно да објави да ги заштити другите луѓе.
Размислете како може некој да ве насочи, ако во старт не може да даде предвидување за елементарна непогода ,можни сообраќајни несреќи ,големи организирани немири на граѓани  или за успех во јавниот живот ,напредок и сл. Доколку астрологот знае кога е неповолен период во сообраќај или за патување , тој јавно го објавува за да ги заштити луѓето  од можни несреќи . Затоа Вие треба да проверите дали оној кој се представува за астролог оваа наука ја воздига  на повисоко ниво во јавност ,преку дадените предвидувања или само ја користи рекламата која ја создале стотици астролози во светот.Но тоа не значи дека и тој е припадник на оваа група астролози. 
 
 
Написите од полето на астрологија и хороскоп во астро магазините и сличните списанија , па понекојпат и од разни списанија , забавни магазини и сл. не ги пишуваат само професионални астролози. Доколку се работи за сериозен напис со лице кое објавува полно име и презиме и доколку зад себе има написи каде предвидувал што,каде и кога ,требате да му дадете  соодветен третман. Извикани написи како доколку се сеќавате со 2000 година или Маите и крајот на светот 2012 и сл. не им обрнувајте внимание.Доколку во написот е дадена и Вашата група на родени која треба да биде претпазлива во сообраќај, треба да ја користите интуицијата но не и да дозволите негативна енергија која самите си ја создавате преку Вашите верувања-односно Вашите мисли. Моето искуство за ваквите написи на следниов текст за  двомесечен хороскоп пред некоја година  покажа извесна прецизност ,по проверката на написите за сообраќајки во дневните весници ,но тоа не значи дека сите родени во дадената неповолна група се засегнати.Во друг напис што можете да го најдете на овој сајт беа предвидувани сообраќајни несреќи во точен период и само како илустрација имаше серија собраќајки што и за Република Македонија е реткост.Како и да е тоа не подразбира дека тоа се однесува и лично на Вас , туку е опфатена една група на родени во која е зголемена можноста за несреќа. Ваквите предвидувања зависат од личната натална карта и само во поретки случаеви може да настане штета ,здравствен проблем или инцидент. Овие денови се дадени само да ја „изострите“ интуицијата и доколку се чувствувате дека сте „закана“ за во сообраќај ,да си останете дома , да ги избегнете најголемите гужви евнтуално да „таксирате“ или друг да ве вози.
 
 
Треба да се изготви компаративен хороскоп помеѓу Вас и партнерот.Откако се извршат проверки на двете карти(Вашата и на партнерот) се дава прогноза , дали си одговарате во потполност или тоа е само момент на силни чувства ,кои со тек на месеците или за некоја година се минливи.Не е доволно само да знаете дали си одговарате према хороскопските знаци, позиции на планетите и годишните влијанија во иднина. Треба да се пресмета дали напред во времето, на двајцата ви се поклопуваат неповолните периоди кои се неизбежни доколку не ги знаете ,како да ги препознаете навреме ,односно да направите промена во врската за да таа биде квалитетна и успешна.
Некојпат промената треба да се направи во просторот( васту анализа ), некојпат промената е во избегнување влијание на блиски во врската родители,роднини,пријатели , некојпат преселба итн.
Во ведската астрологија постојат  повеќе пресметки за да се даде оваа проценка,а во подготовка е текст кој ги опфаќа комбинациите на астро складни знаци и колкава е нивната поврзаност во љубовта ,интелектуалниот живот ,взаемната меѓусебна подршка ,разликите на потекло дали влијаат на врската ,каква е физичката односно сексуална компатибилност со тек на време ,односно дали духовно ќе градат квалитетна семејна заедница исполнета со насмевки и пожртвуваност или ќе имаат редовни кавги и нетрпение.
 
 
Ова беше голем бизнис во САД во минатиот век,па при крајот на 70-те се префрли и на просторот на бившата СФРЈ , во 80-те порачувањето на овие принтани натални беше тренд ,за да во Република Македонија во 90-те почнаа да заработуваат со копирани и принтани материјали кои воопшто не можат да се наречат натална карта.Моето искуство во 90-те те купив оригинален астролошки софтвер (350 долари),но ги пратев скоро сите верзии почнувајќи од француска астро верзија која беше копирана на 8 инчна флопи дискета, па програмот астро на 3,5 инчна ,за да како напредуваа оперативните системи и графиката беа потребни верзии на ЦД а денес и на ДВД.Ова прашање за да бидете заштитени од злоупотреба , треба да се одговори едноставно. Не фрлајте пари! Ваква печатена карта со 10-30 понекојпат и 50-60 страници текст и разни графикони кои не ги разбирате , не Ви е од полза и текстот е само на теоретско ниво.Неколку минути различно раѓање ја менува наталната карта,а овие астролошки софтвери даваат позиции понекојпат и со неколку сати разлика на раѓање исто! Ваква принтана карта, ако ви понудат побарајте ги парите назад! Измамени сте уште во минатиот век и денес ваквите репорти за вашата натална карта се пресметуваа бесплатно на некои веб страни како astro ,horoskop ,astrocafe или astrology.Доколку сакате професионално да се занимавате со астрологија , побарајте на интернет бесплатен астролошки софтвер ,тој нема репорт со текст,туку разни пресметки кои се корисни за професионална работа.
 
18.Споредбени хороскопи се изработуваат со неколку различни астролошки системи кога се бара висок квалитет на взаемниот однос на две лица.Истите се изработуваат  на љубовен план па имаме љубовна синсастрија ,деловен или партнерски -деловна синастрија ,спортски резултат-спортска синастрија, споредба помеѓу родител и дете-родителска синастрија,работење во група-групна синастрија итн.Овие споредбени хороскопи се анализираат и презентираат на заинтересираните дали постои складност не повеќе полиња(љубов,здравје,работа,заеднички цели,прилагодливост во кризи,прифаќање на одговорност за деца или постари),а доколку некои полиња немаат взаемен квалитет  се даваат совети со кои превентивни мерки истите да се ублажат и надминат... а најважно се предвидува кога во иднина ќе се појават поволните за да се искористат, односно неповолните да се препознаат и надминат.Ова зависи од основниот склад , па имаме споредбени хороскопи кои тешко ги надминуваат взаемните животни препреки,пред се кога во иднина се активираат неповолни детерминирани периоди кои доколку не се знаат тешко се избегнуваат односно доведуваат до стрес,немир и душевна болка.Некојпат овие периоди временски долго траат (повеќе години) ,па заедничкиот живот наликува на секојдневна борба и нервоза.Ова јасно се открива во споредбените хороскопи и се кажува на време ,за да разликите меѓу двајцата се тестираат со „сега“ новите сознанија за партерот-односно партнерката и се соочат со некои вистини за Нив,со кои треба да живеат цел живот.Овие тајни се гледаат од споредбената анализа и се пренесуваат да доведат до хармонија.