Тамара Тодеска натална карта

Тамара Тодевска
 
Месечина    Терезија
Сонце Бик
Подзнак Скорпија 
објавено 2003 автор Атанасоски Симеон
 
Џотиш –Индиска астрологија
 
Влез само за едноставните,човешните и љубезните!
 
Тамара Тодевска е родена под влијание на месечината во Терезија или по индиски Тула ,додека среќната ѕвезда на раѓање е Вишакха - чиј владател е Јупитер.Симболот  за оваа ѕвезда е врата која е украсена со откинати листови.
 
 
Каста 
 
Надвор од кастата,родителите припаѓаат на различни варни(касти).Несредено детство со родители,но побрзо созревање во животот.Еден од родителите предизвикува воздржани емоции! 
 
 
Вишакха среќната ѕвезда на Тамара Тодевска
 
Гранка,разлисток,да се раздвојува,да се шири во 2 правци
 
 
Единствен мотив е постигнување на среќата за себе и својата околина!Но,да за да се даде среќа на другите подразбира отфрлање на догми на односот машко-женско.Вишакха не ги создава интимните пријателства со другите,туку директно оди до сопствените интереси! 
Се тежнее да се оценува и да се завземе став,кој околината не го разбира во младоста.После вториот јупитеров циклус (околу 24 година),настанува смирување и потрага за рамнотежа и мир!Оваа ѕвезда е под закрила на Агни(огон,моќ-сонце и дава –слава) ,а нејзината кратенка е употребливост.
 
Психологија
 
Да се постигне целта,да се употребат квалитети кои се поседуваат,да се најде решение преку логика,да се демонстрираат нештата,да се оди на проверени работи,правдљубивост-помирување,да се угоди на другите,да се задоволат другите,да се експериментира,да се смируваат или помируваат другите,да се биде одговорен-зрел,да се дојде до конечен став,
 
 
Негативните влијание дава емотивна повредливост-понекојпат безпричинска,да се уништат нештата до почеток за да се дојде до некоја цел,да се повреди-емотивно(ненамерно),дава несигурност ако родното место е „пуританско“,примање на навреди заради истерување на „правда“,
 
 
 
***
Тамара Тодевска по индиска астрологија има подзнак Вришчика(Скорпија),но главните карактерни црти се произлегуваат од Месечината во Тула(Терезија) и сонцето во знакот Вришабха(Бик).Овој спој дава „компилација“ на интелект+практичност+нагласок на желби.Добро избалансиран овој спој е вистинска „бомба“ на емоции,кои бараат да се канализираат во своето опкружување.
 
 
За подзнакот Скорпија светлата(сонцето,месечината,јазли те)се најбитни за успех во животот,а во случајот на Тамара,истите завземаат круцијално место во нејзиниот хороскоп.Месечината ,Сатурн(егзалтиран)и Кету(кармички јазел од минатите животи) е сместен во иста накшатра (Вишакха),додека од Сонцето во бик,е „затворено од Випарита јога -владатели на малефични 6(марс) и 12(венера) куќа.Ваквата положба донекаде го „анулира“ природното негативно влијание на 6 и 12 владател и создава успех во животот ,но со „злонамерни невистини„,кои можат да и ги сервираат новинарите, за да го зголемат тиражот.Кога во наталот(наталната карта)сексуалните планети Марс и Венера,градат аспект ,а при тоа е „допрен“ Сатурн,можноста за „афери“ се зголемува!
 
 
Оттука е нагласен еротизмот кој го зрачи „нај сексуалниот„ зодијачки знак Скорпија,а нејзиното „бонусно“ влијание се одразува преку тајни,оговарања и полувистини и харизма!
 
Но...каква е Тамара од астро поглед!
Месечината во терезија ни кажува дека е еноставна директна,подвижна и на моменти храбра личност,со доза на влијание на „моралните„ норми кои самата ги создала!
Ранлива одвнатре ја сокрива вистинската природа ,кармички учи на план сопствени емоции,стабилност на врска,долг кон родител –мајка која треба посебно да ја респектира и почитува, доколку сака кариерата да и оди во нагорна линија. Смеата,забавата дружењето во младоста е „канал“да ги одбегне досадните прашања ,а нејзино мото може да е
Животот сега!
 
Пресврти  на емотивно поле и „време на раскини„2005 септември-до крај на година(промена на менаџер или раскин на договори,емотивно нестабилен период) и 2007 мај-јули.
Во младоста до 2011 година нејзините напори ќе бидат,да изгради кариера,да се наметне да твори и да блеска.
 
Потоа нејзиниот живот кардинално се менува!Дали тоа подразбира можен брак или сериозна врска 2011 година ,која ќе ја оддалечи од кариерата останува да се види.Како можен партнер,иден сопруг се појавува лице кое е родено надвор од Скопје(странец!),а постои можност да биде со друга религиозност.Се советува да си го задржи презимето бидејќи првите две букви од презимето „ТО-девска“ и носат среќа!Корисно е да ја истакне буквата Т како заштитен знак-успехот се зголемува. Бидејќи 2011 пролет летто е година на кардинални промени,треба да внимава и во сообраќај во истата година!Како заштита за 2011 година се советува носење на носење драг камен смарагд на бела(сребро,платина) или светло црвена основа!Се советува да непуши ,марс(1и6-ти владател) и од подзнак и од месечина е во лошиот сектор за здравје во полето на Близнаци,а тоа може да резултира во староста со тегоби на левиот граден дел-плуќно крило,клучна коска!Идното лето господово, 2004 да внимава од 27април до 14јуни (настинки,проблеми со рамена,плуќа,можни повреди).Се советува спортување трим,џогинг,пливање....,за да се потроши вишокот енергија! 
 
Успех ќе ја следи до 2011 посебно во летниот период ,а како сигурни периоди на успех се:до крајот на 2003,2004 октомври до 2005 фебруари,2008 јули до април 2009...Во животот често ќе патува.Следната 2004 година Јупитер како поволност ќе и донесе многу нови пријатели,и признанија,финансиска добит и поклони во пролетта и  до крајот на летниот период!Па ,нека и е со среќа!
 
како потврда на предвидувањаето за 2011 нејзина изјава
тамара тодеска ја потврдува астролошката прогнозата дадена 2003
 
AttachmentSize
ina_br.4_astrologija_simeon_atanasoski_tamara_todevska.doc19.36 KB
tamara-todeska-biografija-uspeh.jpg49.24 KB
isechok-od-natalna-karta-tamara.jpg11.51 KB

Comments

потврда на предвидувањата во наталната карта

Извадок со предвидувањата од нејзината натална карта се даваат предвидувања за нејзината кариера со години за нејзин успех.

извадок од текстот со предвидувања за успеси на пејачката тамара

и биографија објавена после неколку години каде има потврда за нејзините успеси

биографија на тамара тодеска