Натална карта Сашко Кедев

натална карта на г-дин Сашко Кедев

автор Атанасоски Симеон  објавено 2004
 
Месечина   Лав
Сонце Близнаци
Подзнак Стрелец
 
Џотиш –Ведска Астрологија
 
 
      Една одлична работа се учи од Лавот,се што сакате да направите направете го со цело срце и потполна сила... 
 
пред многу векови од пандит Чанакја
         
натална карта на Сашко Кедев освојувач на Монт Еверест
 
 
 
                                                      
Председателскиот кандидат на Внатрешната Македонска револуционерна Организација-Демократска партија за Македонско Национално Единство Сашко Кедев е роден под влијание на месечината во знакот на гламурот и сјајот Лав(заштитен знак на партијата) или по индиски Симбха  ,додека среќната ѕвезда на раѓање е Пурвафалгуни - чиј владател е Венера(атмакарака),силно поставена со кармичкиот јазел во опозиција на „политичарот“ меѓу планетите Сатурн во силна позиција во Јарец.
 
ПУРВАФЛГУНИ среќната ѕвезда на Сашко
 
Да се искуси,да претрпи ,да пројде низ ..,да се снајде,да вежба-тренира,да одгледува,да се гордее,да подигнува,да дава предност,да почитува успешни,да пребира(селе ктира),да најавува почест и успех,да прогонува,да служи,да прочистува-рафинира,да се восхитува,да се одвојува од околината,да издржи,да исправува и прекорува,сензуалност,да се грижи за постарите лица,личноста сака да дискутира и полемизира,дава смелост,храброст,„сладок“ говор
 
Психологија
 
 
Лав како главен знак на степен на „варготама“,ги потенцира квалитетите на овој племенит и храбар зодијачки знак,а распонот на можности е во директен спрег на релација пријатели од една страна и оганизација и ред од друга.Личноста се стреми да се наметне со широкоградност и отвореност,а пријателството е заштитен знак кој се негува цел живот.Тоа подразбира спремност за прифаќање нови и „храбри“ идеи,пробирливост и стручност,одлична организација по „вертикала“,а приемчивост и добра информираност по „хоризонтала“!Лавот пристапува директно и отворено кон своите соработници,а секојпат го покажува најкраткиот пат за успех!Тоа подразбира добра соработка со стручни лица кои се експерти во своите области,и може да се очекува,преку евентуален негов избор за председател,да „живнат“, стручните кадри кои заради ненаметливост биле во „сенка“ во изминатиот период. Неговиот темперамент е гранично стрплив (Лавот е фиксен карактер),издржлив и со трајни решенија(Сатурн во Јарец),спремен да прифати мислење на експерти (Сонце со Меркур во Близнаци),пред се доколку мислењето на неговите соговорници е засновано на праксата,а не на неосновани теории!Одлично ќе соработува со интелектуалната елита,а ќе ги цени искрените критики(со насмевка),а посебно доколку се кажуваат во четири очи!Неговиот подзнак во Стрелец,дава акцент на неговата спиритуална човечка природа,а тоа подразбира негова спремност да го почитува правото,правдата и човечките слободи. Впрочем,знакот Лав најчесто е поврзан со достоинството,борбата и слободата!
 
      *    *    *
 
За подзнакот Стрелец се создава силна подршка доколку Сонцето(владател на 9поле) и Меркур (владател на 7 и 10 поле)се во спој.Кај председателскиот кандидат,Сашко Кедев го имаме овој показател на успех,бидејќи Меркур ја создава моќната,кралска  Бхадра јога(во поле на партнери),која дава елоквентност,мудрост,знаење,афирмативност,објавување на научни трудови и книги. Соработката со луѓе експерти во поедини области е сигурна,а се напредува кога се патува или кога се комуницира со луѓе родени надвор од родното место!Во д-10 поделбата која е поврзана,со кариерата се истакнува силното влијание на меркур(во сопствено седиште),сонце и јупитер паривартана јога,а сатурн како втор означувач на политички успех,е во својата силна позиција(Водолија),а во „енергетска коресподенција„ со планетните јазли(раху и кету) кои се истотака во позитивна позиција –во сопственото седиште.Првата(Д1) ,деветата(Д9), десеттата(Д10) и шеесеттата карта(Д60) во џатаката(наталната карта на Кедев),е со приметно силно влијание на Сатурн,Меркур и кармичките јазли,а тоа дава харизма и успешност и лидерски способности!Сепак да напомнам дека Д60 карта зависи од 2 до 3 минутна прецизност во однос на часот и минутот на раѓање,што во случајот на неговата натална карта не бев во можност да проверам(точност на податоци),дали времето на раѓање е точно!Тоа подразбира дека кажаното треба да се земе со доза на резерва,а предвидувањата се општи! Генерална оценка е дека најчесто периодите април до јули му се поволни,додека евентуални потешкотии се пред пролеттните месеци(февруар-март)и можеби септември!
   
успеси и признанија
 
изборната трка секако дека е успех без разлика на резултатот,
декември 2005
април-јуни2006
после јули 2010,јан-јуни 2011 максимален зенит
 
 
првиот изборен ден 14април му носи, посилна планетна подршка отколку вториот на 28април!
 
 
Нека му е со среќа!
 
AttachmentSize
ina_br.29_astrologija_simeon_atanasoski_sashko_kedev.doc.rtf28.14 KB
natalna-karta-sashko-kedev-vmro-dpmne-2004-signed.pdf939.14 KB
natalna-karta-sashko-kedev-prognoza-izbori-2004.jpg25.63 KB