Натална карта Бранко Црвенковски 2004 година

Натална карта-Бранко Црвенковски

текстот е објавен 2004 во магазинот ИНА ,ова е прва реобјавување иако имаше простор уште на председателските избори 2004 да се објави и да се цитираат делови од истата.Еве после девет години,може да се забележи прецизноста во предвидување на неговата политичка кариера.Во прилогот даден е оригиналот на текстот приложен  во пдф и ворд документ формат.  
  

натална карта на г-дин бранко црвенковски објавена во списание 2004

 
 

Месечина   Риби

Сонце Девица

Подзнак Јарец

         
 
                         Џотиш –Индиска астрологија
 
 
      Променливост,Аналитичност и Упорност!
 
 
Бранко Црвенковски е роден под влијание на месечината во Риби или по индиски Мина ,додека среќната ѕвезда на раѓање е Утарабадрапада - чиј владател е Сатурн.Симболот  за оваа ѕвезда е полски КРЕВЕТ,попрецизно последната постела на полскиот кревет.
 
 
Каста кшатриска но во риби(политика,управување,сила, енергичност,машкост,успех преку чувствата на другите, договори,горд,величенствен,љубезен,почит од роднини,добротворен,  
 
 
Уттар-бхадрапада среќната ѕвезда кај председателскиот кандидат на Социјал Демократскиот Сојуз на Македонија Бранко Црвенковски е поврзана е со спиритуален напредок ,а самата УтараБхадра ,дава патувања во далечни предели,оставајќи се зад себе си(Сараево е негов роден град).Слободно може да се асоцира со талкање од место на место,бидејќи е водена од внатрешните моментални пориви(чувства)кои се предизвикани од водениот зодијачки знак риби.Постои внатрешна контрола и моќ за надминување на кризи но со „белег“на душата!
 
Психологија
 
Да се чувствува,да се сака,да се биде романтичен,да се потпадне под влијание,да се служи,да се преценува или подценува,да споделува,да помага,да лечи со говор кај блиските,да завземе одбранбен став,да се докажува,
 
***
Бранко Црвенковски по индиска астрологија има подзнак Макара(Јарец),но главните карактерни црти, се „извлечени“,од „водената“ и емотивна месечина која за време на неговото раѓање се позиционирала во знакот на риби(Мина во Индиската астрологија).Сонцето,кое е показател на егото и татковите релации,е поврзано со практичниот и трудољубивиот знак на Девица(Канија) и ја дава неговата потреба да служи на другите.
Оттука е нагласено двојството на светлата во неговата натална карта(месечина во риби и сонце во девица),што астролошки предиспонира за лична колебливост и неодлучност,но и сигурност и подржување на политиката на „попаметните“,поискусните и докажаните експерти,пред се од рамките на својата политичка провиненција.Астролошки е нагласена попустливоста(променливи светла),но и тоа  е дел од политичката борба,пред се доколку крајниот резултат,донесува позитивни резултати!?Ваква планетна позиција говори,за негова умешност да ги искористи потенцијалите на неговата партиска структура и да делува како „резултанта“,помеѓу евентуални  две спротивставени партиски струји!Месечината во хороскопскиот знак на Риби,ја нагласува неговата интуитивна и емотивна природа и извесно е дека и во минатото и во иднината,неговата политичка проценка ќе биде став на мнозинството,а не негов личен! 
 
Но што говори теоријата на Џотишот,за неговата натална карта!За подзнакот Јарец јога карака(планета која дава сила и слава) е Венера.Истата е сместена високо на небото во 10 сектор кој дава максимална сила во јавниот живот,по знатост и афирмираност.Се формираат три карактеристични силни позиции преку владателите на 1,5 и 9поле т.н. среќни астролошки полиња:
 
1.Сатурн во сопственото седиште ја создава кралската Шаша Махапанчапуруша,која дава политичко влијание над масите, 
 
2.Венера во 10 поле,афирмативност,слава, добро образование,поклони од странци,имотни добра и 
 
3.Меркур во своето седиште во 9 поле со Сонце(посета на странски земји,експерти во своја близина,подршка од странци кои имаат власт,објавување на )т.н. Бхадра јога
 
Ова е доволен показател да се види неговото влијание врз дел од широките народни маси и извесна е неговата историјска врска со настаните кои ги проследивме во овие изминати години од осамосталувањето на нашата држава.
Бранко Црвенковски е роден за време на полна месечина и извесно е дека успесите и кризите во минатото и во иднина му се поврзани со младите и полните месечини пред пролетта,кога „енергетски“ е најчувствителна неговата натална карта и се советува во иднина да внимава на сите месечеви четврти од февруари до април и секако октомври и ноември!Аналогно на кажаново,за време на изборната трка вториот изборен ден му е подобар од првиот!Се разбира ова е нецелосно предвидување ,бидејќи неговата натална карта е површно  анализира(несигурни информации за часот на раѓање)! 
 
можни предвидувања
 
-неговите успеси се поврзани ноември-декември,евентуално јули и септември на секои две години
 
-неповолни периоди февруари до  почеток на април и крај на октомври –ноември на секои две години  
оваа година нека биде внимателен околу 11 ноември,
 
до 2013 политички е присатен (доколку одолее на посочените кризи),а 2013 година е пресвртница во неговата политичка кариера!
 
 
Нека му е со среќа!
----------------------------
 
AttachmentSize
natalna-karta-branko-crvenkovski-2004-signed.pdf877.86 KB
ina_br.30_astrologija_simeon_atanasoski_branko_crvenkovski.doc.rtf28.19 KB
natalna-karta-branko-crvenkovski-2004-500kb.jpg494.32 KB
branko-crvenkovski-2004.jpg129.22 KB

Comments

предвидена победата 2004 и заминување 2013

Во текстот објавен 2004 јасно е дадено предвидување за неговиот успех на изборите.Во истиот период се изготвија 2-те натални карти ,на г-динот Бранко Црвенковски и на неговиот председателски противкандидат г-дин Сашко Кедев. Резултатот сите го знаеме ,но малкумина од Вас се запознаени дека во двете објавени натални карти го имаше одговорот кој ќе победи на изборите 2004. Предвидувањето за неговото заминување во 2013,не треба посебно да се коментира,додека за успехот во 2004 може да се прикаже и преку резултатите на изборите 1 и вториот циклус.

председателски избори 2004 број на гласови Бранко Црвенковски Сашко Кедев