Натална карта на познатата македонска пејачка Биба Додева

наталната карта е објавена 2003 од: 

Атанасоски Симеон

 

Биба Додева

 

Месечина Овен

Сонце Овен

Подзнак Риби

  

Џотиш –Индиска астрологија

  

Редок пејачки бисер

  

Биба е родена под влијание на месечината во Овен или по индиски Меша ,додека среќната ѕвезда на раѓање е Критика- чиј владател е Сонцето.

 Критика среќната ѕвезда на Биба

 Оваа ѕвезда е трета по ред во зодиакот ,сместена во Овен и ја одразува моќта на управувањето,создавањето(креати вноста) и говорот.Митолошки се поврзува со мајката која го одгледала Картика Дева или Картикеја –небесниот воин, што носи златен меч.Оттука се поврзува со личност,која е борец во животот ,мајка која го подигнува сопственото или усвоеното дете во животот.Крити-поразбира голем дострел во животот,дела за паметење,слава и успех!

  

Психологија

 

Да се поделува,да се украсува ,да ги одмерува и дотерува(китење) нештата,да се скратува....Огонот е потикнувачки елемент и допринесува за секојдневна активност во животот.Доколку се има „материјал да согорува„,личноста тежнее да ги исцрпи сите негови ресурси.

  

***

  Подзнакот во индиската астрологија(Лагна) кај ,Биба е во Мина или Риби во индиската астрологија,додека Јупитер кој владее со Рибите е на самиот подзнак и ја создава моќната Маха панча пуруша Хамса јога.Ова силно планетарно влијание е пренесено и во деветтата хороскопска карта(навамса) и десеттата карта(дасамса) и е показател на детерминирана позиција за познатост и афирмација.

Ситуацијата е уште појасна ,доколку се погледне Сонцето кое ја дава популарноста и славата,а кај Биба Додева е сместено во Овен(егзалтација) во т.н. варготама зодијачки појас,истакнато во сите 16 подкарти(индиската астрологија изработува 16 основни хороскопски карти за една личност)!

И ...доколку се прашаме каде би била оваа популарност и успех,доаѓаме до планетата Шукра(Венера)во спој со јужниот кармички јазел,сместени во Бик(свое седиште),а во навамсата и дасамсата во егзалтационото поле на Риби.Овој планетен распоред е во второто поле на заработување во животот кое е карака за глас.Школски пример на успех во животот преку пеење!

 

Како неповолност на ова силно планетарно влијание е планетата Сатурн во 4 поле (Капата јога),кое ја успорува кариерата заради изградување на сопствен дом-семејство и можни два брака во животот.Но,кога ќе се среди ова прашање ,успехот во кариерата е сигурен и пропорционален во однос на нејзиниот животен простор!Затоа се советува живеење во куќа со дворно место!

...

Но каква е всушност Биба Додева!

Пријателска директна, брз темперамент(Месечина и Сонце во Овен),со емотивна црта и повремена носталгичност и променлива емотивност(подзнак Риби),огнена работна способност (се што допре „гори“)и секогаш со потик кон другите да побрзаат!Успешна ќе биде доколку негува брзи и кратки рефрени,а во спотовите треба да користи метал,светкање, одблесок и секако огон кој е заштитник на нејзината среќна ѕвезда Критика!Ако се реши за „Тату“,нека одбере пламен меч како симбол!

Брзо заљубива природа,верен пријател но и лош непријател!Негативна црта своеглавост ,но и тврдоглавост,а позитивна директност и отвореност! Бидејќи им верува на луѓето(марс во 11),можно е да прави грешки при селекција на соработниците и продуцентите ,имајќи го во предвид Сатурн во 4 од Месечина.Се советува да соработува со Близнаци,Лав,Водолија и Стрелец ,но по индиска астрологија! Владателот на децата и од подзнакот и од месечината и од Сонцето (сите се поврзани со егзалтираното Сонцето во Овен),сигурно говори дека успехот ќе го продолжи нејзино дете,кое ќе биде популарно во јавноста!

  

Ја очекува успех во кариерата!Сега се наоѓа во „блага“ фаза,а вистинскиот успех поврзан со просторите надвор од Македонија после пролетта 2015!

Дотогаш,јавниот успех ќе ја следи од ноември 2003 до јуни 2004(но и некаков деловен раскин или проблеми март-април!),април до септември 2005,април до септември 2006,јуни до октомври 2007.

Нека внимава пролетта и есента 2008,кога ја очекуваат проблеми,болести на постаро лице во нејзина близина,но и некаква измами со финансиии или договори.Тогаш ќе пее за добротворни концерти!Совет да побара совет пред 2008!Критични години 2008 и 2014-2015.Овој период можен и некаков инцидент(здравствен) и неповолен е со старите партнери-раскин на договори!

Потоа, веќе следната година,нејзиниот живот радикално се менува на позитивно.Материјален успех и популарност со награди и признанија 2012 година.На здравствен план да внимава од спондилоза,циркулација и лимфни жлезди, лева потколеница!

После 2015 следи успех во сите 4 правци ,патување и популарност надвор од Македонија!

  

Comments

објавено пред десетина години

Предвидување за Биба- успешна 2012, иако е старо скоро 10 години,доби потврда вчеравечер,со нејзиниот успех на 19 издание на Охрид фест -Охридски трубадури.Мои честитки за нејзиниот глас и песната „Прашај ме“

Биба Додева Борка повторно наградена

Третата претпоследна вечер од јубилејниот Охридски фестивал – Охридски Tрубадури и донесе победа на Биба Додева,односно првото место од стручното жири за баладата „Очите твои“.Браво за Биба!Нејзиното сонце во наталната карта е во Овен кој е првиот зодијачки знак поврзан со победите и успехот.Август и минатата година и оваа 2013 се покажува како нејзин месец на успех.

наградена Биба за песната Врати се -1 место 20.000 евра

МАКФЕСТ 2014 наградата 20.000 евра
 
БИБА ДОДЕВА со песната „ВРАТИ СЕ
 
Биба Додева продолжува со нејзиниот успех пред почеток на новиот најавен период  пред 10 тина години.Таа со песната „Врати се“  ја освои нагрдата за прво место 20 кило евра(20к евра).
Второто место (15.000 евра)му припадна на Дарко Илиевски со песната „Кога најмногу ми требаш“
Трето место(10.000 евра) за Елвир Мекиќ со песната „Ако времето е најдобар лек“
останати награди на „Макфест 2014“ :
Најдобар сценски настап(3.000 евра) за Викторија Лоба која настапи со песната „Само мој“,
Најдобар дебитант(3.000 евра) Симона Попоска за песната „Како да заборавам“,