Мартин Вучиќ

Мартин Вучиќ

натална карта со предвиден успех за Мартин Вучиќ  е роден под влијание на месечината во Водолија или по индиски Кумбха ,додека среќната ѕвезда на раѓање е Сатабиша- чиј владател е Северниот месечев јазел Раху. 

Месечина    Водолија ,Сонце Рак  ,  Подзнак Девица

 
                                       Спој на пријателство,емотивност и анализа
 
 
САТАБИША среќната ѕвезда на Мартин 
 
 
Митолошки Сатабиша се поврзува со западното владеење и водените простори.Во себе има исцелителско влијание и ги открива спиритуалните потенцијали.Независна ,либерална и отворена природа,понекојпат ги сокрива своите идеи за успех!Да се покрие,да заштитува послаби,да пречи ,да задоцнува,да ограничува,да контролира,да прекинува,да сослушува,да испитува и да откажува,да омаловажува,да ги открива лагите и вистините кај луѓето,без љубомора и посесивност и моќ на внатрешна контола,едноставност,
 
Лоши особини на родените под Сатабиша се повремена мрзливост,признанијата на колегите се омаловажуваат доколку се незаслужени,спрема расположението обврските се пролонгираат, создава  „тивко“ непријателство од тие кои ја респектираат неговата работа(!) ,лажна надменост,непопустливост кога е на „свој“ терен-сака да ги убедува другите,пркос
 
Психологија  
 
Месечевиот знак Кумбха-Водолија ,кај Мартин е поврзан со
човечки особини,натпреварувачки дух и интелектуален потенцијал.Говорот е примарна „алатка“ за постигнување на успеси во животот а неговото кредо(мото) е „Јас знам...“Кумбха е знак кој е заштитник на астрологијата,па и родените во овој знак тежнеат да бидат „експерти“ во повеќе области и затоа може да се каже дека кај Мартин потребата да знае е примарна цел во животот ,како и истата да ја манифестира кај пријателите!Тоа подразбира директен и цврст став во дискусии со пријателите,што понекојпат остава впечаток на „сезнајко„.Но,тоа е само заради неговата потреба да дојде до вистината,каква и да е..,што на некого со „слаби нерви“, може да му пречи и да не му се допаѓа! 
 
Подзнакот во индиската астрологија(Лагна) кај ,Мартин е во Девица(Канија во Џотишот) под влијание на „музикалната„ ѕвезда Хаста,додека владателот на подзнакот Меркур,заедно со Марс,Јупитер,Месечината и Раху сите се под влијание на неговата среќна ѕвезда Сатабиша.Значи таа е „локомотива“ на неговиот хороскоп и ја дава популарноста и успешноста!Венера(атмакарака) како креативна планета, владее со полето на финансиите и странство,е сместена високо на небото(јавност),а во близина на северниот јазел Раху.Притоа Јупитер оформувајќи ја Саткалатра јога, поволно го аспектира нивниот „спој“ и дава среќни околности и успех во животот!Тоа е потврдено со бхукти периодот(ситем на предвидување), кој оваа година е под поволно влијание на Јупитер!
Јупитер и во 9-та карта е поволно сместен во Стрелец (сопствено седиште),што само дополнително ни го „осветлува“ позитивното влијание во кариерата како и можно патување и  деловна соработка со странство за 2003/2004 година!Ова влијание се повторува на две години ,па имаме плодна соработка и патување во странство и во 2005 и 2007,кој воедно е и пресвртна на емотивно и деловно поле!
Посебно, после ноември 2007 неговиот успех се зголемува и може да се очекуваат успеси и признанија и „фаворитско“ место за пејач или албум на годината!Сепак пред тоа,во 2006  можни се неповолни влијанија на релација љубов –пријатели,а тоа ќе го почувствуваат блиски пријатели и неговите „љубови“,кои ќе бидат затечени од неговите емотивни постапки!!!Можни се злонамерни пишувања и озборувања се со цел да се зголеми тиражот на некои таблоидни весници.Сепак можно е да има  „малку“ вистина во истите,а Мартин ќе биде затечен од изјави на блиски „пријатели“ и соработници кои ќе го „отворат“ срцето!Познавајќи го неговиот знак Водолија неговата реакција ќе биде проследена со кратки изјави и игнорантски став за истите случувања! Истата година можен е раскин на претходен деловен аранжман и договор,заради подобри услови следната(2007) година со странци.  
 
Совет:Влијанието на планетата Јупитер ,ја нагласува успешноста со места кои се надвор од родниот град!Тоа подразбира, да учествува и музички да делува, надвор од Скопје и од Македонија!
 
Најуспешни месеци јули до средина на септември и ноември до средина на јануари.Февруари најчесто е нестабилен е негов месец и нека внимава во него посебно пред млада и полна месечина! 
Крајот на оваа и следната 2004 година е успешна и може да се очекува напредок во неговата музичка кариера!
AttachmentSize
ina_br.10_astrologija_simeon_atanasoski_martin_vuchikj.doc16.02 KB