Натална карта на Калиопи Буклеска

 Натална карта на Калиопи објавена 2003 во естраден магазин Ина 

                                Месечина Близнаци

                                 Сонце Стрелец

                                   Подзнак Јарец

Џотиш –Индиска астрологија

Едноставност,оптимизам и издржливост!

 

 

Калиопи Буклевска е родена под влијание на месечината во знакот на вечното дете во зодијакот Близнаци или по индиски Митхуна ,додека среќната ѕвезда на раѓање е Пунарвасу - чиј владател е Јупитер,кој е силно поставен во својот знак на егзалтација Рак !Јупитер е „режисер“на „глумците„Сонце,Венера и Меркур кои создаваат Випарита јога во Стрелец!

ПУНАРВАСУ среќната ѕвезда на Калиопи

Оваа ѕвезда е поврзана со секаков вид реформа и обнова ,а ги продолжува укажаните поволни можности.

Симбол Лак за стрели

Пунарвасу е поврзана со Пунарбасати што подразбира нешто да се повтори ,да се преуредува(стан),да се прекројува

Враќање кон домот, подразбира движење и патување,додека поволностите на оваа ѕвезда се престој во резиденции,

присуство на церемонии и гала вечери.Пунарвасу представува „ментор“ при обнова на имотните состојби(богатство) и допринесува да се напредува на материјално поле.Повторно и повторно да заблеска,да се врати,да се почне одново,да се врати од патувања,дава независност и желба за слобода

Психологија

Адити е бескрајност,а потекнува од Да-неделиво и ја нагласува слободата,да се обнови богатството,да се движи во сите правци,да почитува и сослушува,да негува либерален став кон нештата,да помага,да ја сака вистината,не трпи ограничувања,инфиниту,бескрај

Негативните влијание кои се под влијание на оваа благонаклонета ѕвезда се мали,можеби двојната природа на оваа ѕвезда понекојпат дава несреденост во партнерствата или тоа се мала несигурност при селекција помеѓу две работи кои се поврзани со материјалното и спиритуалното!

* * *

За подзнакот Јарец(Макара во индиската астрологија),значајна планетата е Венера која секогаш делува на песната,играта и забавите.Во наталната карта на Калиопи Венера е сместена во лошо поле 12 кое е поврзано со загуби,одалечувања и блокади.Но!Венера „гради“ аспекти на т.н. Випарита јога (владателите на 6,8 и 12 се сместени во неповолна хороскопска куќа) и тогаш сето „зло“ на овој аспект е минорно и се напредува во животот.Овие три планети се во полето на договори и партнери од Месечината(што е поволно),истовремено од подзнакот нивниот владател Јупитер ја дава максималната сила во полето на Рак,така да промената,патувањето, странците(сите родени надвор од Охрид),допринесуваат за напредување во животот.Истовремено од подзнакот Јарец,од Месечината во Стрелец и од Сонцето во Стрелец владателите на среќните трикона (5 и 9 поле)сите градат аспект!

Нејзиниот карактер е спој на практичност и кардиналност(подзнак јарец),променливост и игра (месечина во близнаци) и оптимизам и вера (сонце,венера и меркур во стрелец).Сепак се „издвојува“ хуманата и човечка природа на знаците Близнаци и Стрелец ,а тоа ја нагласува нејзината отвореност ,срдечност и директност и желба за комуникации(патувања) и дружење.Овие два знаци се поврзани со секаков вид на приказни и скоро е сигурно дека Калиопи го формирала својот карактер како дете слушајќи бајки и сказни,а можда и денес живее во свет кој самата си го замислува а во кој можат да „влезат“ сите оние кои имаат позитивна милосрдна енергија,кои се искрени и оптимисти пред се!Близнаците се човечки хороскопски знак, со секојдневна потреба да се видат или чујат со блиските и сакани лица,а се обидуваат да ја пренесат својата еуфорија насекаде каде се чувствуваат добредојдени!Нејзиниот сончев знак Стрелец е хуман,филантропски и помалку философски знак,а тоа дава честа замисленост и живеење „во облаци“,но и импулсивност и „стрели“ упатени за сите кои се нечесни,манипуланти или лагата им средство да „газат“ преку другите.Во такви моменти знакот Стрелец го менува изразот на лицето од „ангелско“ и може да ја изненади својата околина со силата на негативната реакција и возбуденост.Но,за среќа тоа кратко трае,бидејќи и Стрелецот и Близнаците како знаци „не држат“ лутина долго!На здравствено поле во животот можни тегоби со бедрениот дел и стомак, евентуално спондилоза во староста!Кармички ја „учи“ лекцијата љубов-прво дете-пријатели!

2011 до 2012 година е сериозен пресврт на емотивен и здравствен план се советува да внимава во овој период пред се во летниот и зимскиот период!Во годинава што следи ја очекува успех на професионално поле и соработка со колеги надвор од Македонија!Сепак нека внимава во деновите околу 20 до 25 април и 18 до 23 јуни,извесни се емотивни проблеми!Оваа година во пролеттниот период,може да се пишува за нејзината љубовна сторија,а самата може да биде изненадена од написите во таблоидите!Можно е раздвојување со некое блиско пријателство.Доколку одолее на овие „ситни“ проблеми крајот на 2004 е успешна!Поголем успех ја очекува во 2006.Во годиниве што ќе следат,може да дојде до емотивна трансформација, несвојствена за нејзе,барем како ја знаеме од медиумите!

Периоди на успех на професионален план:

пролет,декември 2004,пролет и есен 2006-2007,пролет и зима 2010-2011,2014

 

 

Comments

познатите хитови на Каљопи

познатите хитови на Каљопи „Црно и бело“, „Локомотива“,„Бато“ и „ Обои ме“, вечерва настапи во Карпош на на осмото Културно лето Карпош 2015.

Евросонг Евровизија 2016

Каљиопи настапува на песната на евровизија како 8 по ред со песната Дона! Нека и е со среќа!