Натална карта на Бојана Атанасовска

 Бојана Атанасовска

 

Месечина Близнаци

Сонце Водолија

Подзнак Близнаци

 

 

foto od poznatata makedonska pejachka bojana atanasoska

 

Џотиш Ведска-Индиска астрологија

 

 

Се раѓа ѕвезда!

Човечки особини!Ширење на радост и пријателство!

 

 

Бојана е родена под влијание на месечината во Близнаци или по индиски Митхуна ,додека среќната ѕвезда на раѓање е Пунарвасу - чиј владател е Јупитер.Симболот за оваа ѕвезда е лак за стрели.

 

Каста трговска- Да се купува и продава,сатва квалитет-душата тежнее да се врати на небото(божественост) ,просперитетна,добротворна и хумана

 

Пунарвасу среќната ѕвезда на Бојана Атанасовска

 

Симбол Лак за стрели

Пунарвасу е поврзана со Пунарбасати што подразбира нешто да се повтори ,да се преуредува(стан),да се прекројува

Враќање кон домот, подразбира движење и патување,додека поволностите на оваа ѕвезда се престој во резиденции,

присуство на церемонии и гала вечери.Пунарвасу представува „ментор“ при обнова на имотните состојби(богатство) и допринесува да се напредува на материјално поле.

 

Психологија

Адити е бескрајност,а потекнува од Да-неделиво и ја нагласува слободата,да се движи во сите правци,да почитува и сослушува,да негува либерален став кон нештата,да помага,да ја сака вистината,не трпи ограничувања,инфиниту,бескрај

Негативните влијание кои се под влијание на оваа благонаклонета ѕвезда се мали,можеби двојната природа на оваа ѕвезда понекојпат дава несреденост во партнерствата или тоа се мала несигурност при селекција помеѓу две работи!

***

Бојана по индиска астрологија позната како Џотиш, има подзнак Митхуна(Близнаци),истото е потврдено со Месечината сместена во истиот зодијачки појас(Близнаци) и Сонцето во знакот Кумбха(Водолија).Нагласени се воздушните елементи кои секојпат асоцираат на човечка природа во вистинска смисла на зборот.Имено во индиската астрологија кога се спомнуваат анималните знаци(Овен,Бик,Лав,Јарец...)се мисли на животински страсти слични како и кај животните.Кај Бојана ова е сведено на најмала можна мерка и нејзиниот хороскоп има тежнение, животните околности да ги решава со разговор,достоинствена дискусија,респект и почит на соговорникот ,како и трпение да се надминуваат проблемите!Нејзино животно мото е Знење(Водолија) + комуникација(Близнаци) = стрпливо до напредок во животот.Ова подразбира силно влијание на Близнаците ,кои ја нагласуваат комуникативната и „патничка“ природа на Бојана,а нејзин „противник“ може да биде самата на себе си, доколку во извесни периоди од нејзиниот живот, не го прифати предизвикот да работи со странци(странство)Имено сигурен успех во кариерата и предстои кога ќе соработува со лица кои не се родени во Скопје или лица родени надвор од Македонија!

Пред да се случи Макфест „интуитивно„ бев заинтересиран за нејзините точни податоци(го немав часот и минутот на раѓање),бидејќи се наметнуваше влијанието на силниот Јупитер во нејзината натална карта.После телефонскиот разговор се потврдија моте првични претпоставки.Имаме хороскопот кој припаѓа на ретката група Панча Пуруша хороскопи со така наречена Хамса Јога креирана од силниот наплив на Јупитер во кендра(7 поле),а како владател на полето на кариерата!Трите клучни планети меркур кој владее со подзнакот,венера-со петтото поле и сатурн со деветтото,се сместени моќно во полето на Јарец и Терезија,дуплирајќи ја природната сила на Егзалтираниот Сатурн преку т.н.Паривартана јога!влијанието на овие две комбинации е потвредено и во навамсата(9-карта),дасамсата(10 карта за кариера) и е сигурен детерминиран показател на успех!Светлата се во директна поврзаност, со овие силни планетни позиции!

Ќе напредува,ќе патува,ќе добива признанија,ќе застапува успешни фирми(маркетинг)!Нејзиниот иден сопруг нема да биде роден од местото на нејзиното раѓање,а како битен пресврт на овој план е 2005 година.

Околу нејзината24-та година, може да биде во „дилема“ да влезе во брак,но доколку заради кариерата го одложи ова прашање околу 2011 кон 2012 постои можност за принова , а доколку е машко(силниот Јупитер),ќе продолжи по стапките на Бојана!Сепак 2012 летниот период до крајот на годината е голем пресврт за нејзе на повеќе планови!

 

Се советува внимателност при патување во летниот и зимскиот период 2012-2013година (авион),како и „планинарење„ на земјиште кое има опасност од одрон!

 

Да се родела неколку часови порано би била балканска ѕвезда,вака силата е ослабена, но сепак доволно да прави хитови во рамките на Македонија и повремено на Балканот! Корисно е да пее во дует посебно со странец,бидејќи славата и успехот, можат да го надминат просторот на Балканот!Ова е посебно истакнато во годините, 2007 и 2008 бидејќи во зимскиот период ќе биде високо рангирана на музичките топ листи(Балкан) како и 2011(посебно месеците мај –јули).

Март-мај 2004,октомври-ноември2004,август-октомври 2005,2007 година на награди кои ќе допринесат за соработка со странство до 2012!Ова се детерминирани фази и успехот е сигурен!

Уште еднаш потврдувам дека наталната карта на Бојана е во групата на силните,а во тоа ќе не увери во времето кое е пред нејзе.Лично и посакувам што поскоро да ги помине границите на Македонија со успеси!

Comments

150 кадифени мечиња

Поп-пејачката Бојана Атанасовска, учествувајќи заедно со проектот "Улица Македонија", им донесоа 150 кадифени мечиња за болните деца во Детската клиника во Скопје. Целта беше да се развеселат децата што лежат на Клиничкиот центар а поводот Денот на шегата 1 Април.