Светско првенство Бразил 2014 постигнат гол

Светското првенство е во Бразил 2014 и да се предвиди некаков резултат е моментална топ тема.Еве едно коректно фудбалско предвидување-кога паѓа гол ,дадено пред средбата Бразил Чиле.Треба да каже дека беше дадена предвидување за 20 минута од средбата кога се очекуваше постигнување на погодок,а истиот порани 2 минути.предвидена минута кога треба да падне гол од форумДа се предвиди кога ќе падне гол е сложена математичка пресметка и анализа на голем број фактори.Некојпат тешко е да се предвиди и дали ќе има гол на натпревар,а камоли во која минута ќе се постигне.Скоро секој може да нафрли предвидување со интуиција и да нагаѓа кој ќе победи.Има најчесто 3 можности,прогнозерски 1,0 или 2,па затоа од тројца еден може да погоди резултат.Но ви требаат 90 луѓе(за секоја минута по еден) за да покриете 90 минутен натпревар,доколку има погодок.Доколку нема погодок можат и сите родени на планетава земја да дадат прогноза за гол и сите ќе промашат.Оттука ова предвидување иако наизглед едноставно заслужува да се истакне и е во поретката група на предвидувања.
Амарило заштитно лого на светско првенство фо фудбал Бразил 2014
Во една прилика во минатото,на покана од спортската редакција  при МРТВ, гостував во отворена спортска програма со натпревар од светско првенство во фудбал( мислам дека беше мундијалот 2006 во Германија),заедно беше и Никола Илиевски селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија .На прашањето каква е мојата прогноза,а во недостиг на претходни студиозни анализи дадов само предвидување дека во конкретна минута може да се очекува груб фаул и судиска одлука за жолт или црвен картон.И дојде споменатата минута...Предвидувањето беше коректно во дадената минута имаше груб фаул и судиска казна со доделување на картон.
Овие предвидувања се детерминирани и подложат на астролошки закономерности.Нашата спортска јавност треба да знае дека овие астро закони се применливи во било кој групен или индивидуален спорт во Република Македонија и пошироко,а со нивна примена ќе се дојде до оптимален  резултат и поголем успех на нашите тимови.Во Македонија засега нема заинтересираност ова знаење да се примени во спортот.Претпоставете само доколку сите играчи како еден знаат дека од 18 до 20 минута паѓа гол.Тие ќе бидат едно хомогено спортско тело кое полесно ќе се избори со дадениот предизвик-Да се одбрани доколку има послаби играчи или да постигне гол доколку е равноправен и подобар подготвен тим.Да се внимава на добивање црвен картон-што значи исклучување и хендикеп рамен на пораз!
За даденото предвидување кога ќе се постигне гол беа потребни 2-3 сата студиозна анализа со ведската астрологија и се анализираа компаративно стотици натални карти.Но претходно имаше големо искуство(астро анализа) од неколку светски првенства ,па и фудбалски првенства во Европа.Во некој нареден пост ќе се даде предвидување по минути за фудбалски натпревар од светското првенство во Бразил.
AttachmentSize
svetsko_prvenstvo_2014.rtf9.65 KB