Метеролошка прогноза прогноза на снег дожд

барометар кружна форма со стрелкаМетеролошка Служба на Велика Британија (Met Office) на прашање за предвидување на времето и каква ќе биде силата на зимата ,односно нејзиниот почеток со ниски(минус) температури истакна дека всушност не се вршат прогнози во тешки услови, односно  дека "тоа не е моментално научно можно да се обезбеди детална прогноза во текот на долг временски период". Така на прашањето за  предвидување на зголеменени снежни наноси во иднина, се истакна : "Има толку многу фактори кои се вклучени, така да денес ние може да дискутираме во секој детал за нашата пет-дневна временска прогноза." (!)
Сите ние сакаме да предвидиме како времето ќе биде за да одиме навреме до работа или овчарите да ги собираат овците во трло пред да има временска непогода.Нашите животни трошоци во држава ќе се намалат  доколку знаеме кога да купиме гориво или електрична енергија на берзите, односно кога да продаваме струја од ветер или соларна електрана.Порачките на сезонската гардероба директно зависи од временските услови,а да не отвараме тема за времето на сетва односно жетва кое може да заштеди милиони евра доколку биде одбрано најповолно време.Доколку мислите дека ова нас не не засега и дека не трба да очекуваме односно бараме добра прогноза ,имате помалку пари во Вашиот паричник.
„Сето ова зависи од она што ние подразбираме под правовремена временска прогноза.Можеби ќе сакате да знаете дали ќе врне дожд или ќе паѓа снег следната недела.Но, законите на физиката ни  поставуваат основни ограничувања,односно колку денови однапред може нештата да се предвидат. Иднината на временската прогноза во распон од околу 10 -тина дена ,математички е скоро невозможно.Да се даде добро предвидување( на пример,врнежи на снег или локалните врнежи од дожд),со сите денешни модерни навигациони уреди и сателитски мерења на притисоците на воздух и разните висински коти на облаците е на кус рок.
 
громови на небото природен феноменТеоретските модели на предвидување не можат целосно да се спроведат во дело ,од проста причина што турбуленциите на атмосферските движења ги менуваат овие формули во „инфинити“ равенки со многу непознати фактори.Тоа подразбира како и во теоријата за хаосот,каде е реторичко прашањето: Дали замавнување на крилото на пеперутка во Бразил,создава торнада во Тексас?(Does  the flap of a butterfly's wings in Brazil set off a tornado in Texas?)
Како потсетување „Во теоријата на хаосот , Baterfly efect(ефектот на пеперутка Едвард Лоренц ) е физички чувствителна состојба на  зависност од почетните услови,при кои една малечка промена на едно место во детерминиран(детерминистички) нелинеарен систем може да резултира со огромни разлики на друго место. Ова е како теоретската физика ја формулира денешната и идната прогнозата за време.Така да и најмали разлики во двата система ,доведуваат до различни резултати кои неможат практично целосно да се предвидат неколку дена по ред.
Поплавите кои пред некој ден го зафатија Балканот и кои предизвикаа непоправливи човечки загуби,душевна болка и страдање,денеска со сите модерни сателитски метео уреди и системи за следење не беа на време откриени и коректно прогнозирани.Изолирани случаеви на прогноза не се земени во предвид.Може да се каже дека и просекот од пет дена прогноза за Западна Европа не е доволно да засега спречат вакви природни непогоди,кои регионот на југот на Балканот го запреа некоја година во развој.
           Доколку во 60-70-те години ,временската прогноза служеше за подсмев,во 80-90 те се дојде до 2-3 дневна прогноза,денес 5 дневната прогноза кога е најпотребна затајува.Харп ќе каже некој или можеби толкаво е моменталното знаење на одредени „профилни“ стручњаци да дадат добар совет околу промени со времето,односно да предвидуваат приближно коректна временска прогноза.Јас не сум стручњак за прогноза на времето, но имам јавно на телевизија дадено временска прогноза,која беше за ниски температури кои не очекуваат.Оваа прогноза беше дадена месец дена предвреме(јавно објавена медиуми) и се покажа временски коректна бидејќи беа дадени денови кога не очекуваат овие временски промени.Ова предвидување иако е коректно и меѓу пионерските во Македонија,не треба да се третира дека е најпрестижно за временска прогноза со помош на астрологијата.Теоријата на ведската астрологија третира три основни енергетски флуктации на планетата Земја и како нивната интеракција создава промена на времето во различни месеци во годината.Осцилацијата на светлина која се пренесува преку 10-те основни астролошки фактори секој миг создава спрег на сили,кои влијаат на 5 те-татви,а тие субатомски на целата природа и  на сите појави во неа.   
термометри на македонија бугарија србија албанија
Па како да се прогнозира времето денес:
Метеролозите (Англија)изјавуваат дека доколку се предвидат промените предизвикани преку Северно Атлантското колебање,би можело да се очекува коректна повеќе месечна прогноза за висина на паднат снег во зимскиот период.Силни ветрови може да се очекуваат ,кога разликата на високи и ниски воздушни маси е голема,пред се Северно Атлантското колебање(САК) е во голема флуктација.Засега како најважни фактори при предвидување на долгорочните временски прогнози се „мерливите“ колебања на воздушниот притисок (САК) за неколку години ,иако нема потврда за прецизна периодика.Секако и за повеќемесечна прогноза е важен феноменот Ел Нињо (климатска осцилација во Тихиот Океан),за која е пишувано пред некоја година на овој сајт,со акцент на циклусите на појава кои се попрецизни од Северно Атлантското колебање(САК)  и можат да се искористат за предвидување какво време не очекува.
Северноатлантскиот Колебање (САК) преставува разлика во притисоците на воздухот меѓу регионот на низок притисок (над Исланд) и регионот под висок притисок(близу Азорските Острови).Засега нема прецизни сознанија за периодиката на овој циклус повеќе од 4 месеци порано. Всушност има мислење дека периодиката на САК е во директна поврзаност со познатиот Ел Нињо.На пример состојбата на висината на арктичкиот мраз и две-годишниот циклус на ветришта на пониските делови од стратосферата во тропскиот предел.
AttachmentSize
vremenska_prognoza-gromovi-na-neboto.jpg72.14 KB