двомесечен хороскоп септември октомври 2009

 

 
Јупитер во поволна позиција за родените феб-ное1950,мај1953-март1954,авг57-сеп58,апр61-март62,мај65-мај66,69-сеп70,73-74,апр77-апр78,феб85-феб86,авг88-авг89,окт92-ноем93,феб97-феб98,јул2000 –јул2001
 
Нека избегнувааат ризици родени 1961-1962,јули1970-мај1972,окт1979-авг1981,окт1990-дек1991 Посебно за родените есен-пролет
 
Денови од посебна важност околу 9,15,22 i 29 septemvri,a vo oktomvri 6,12,19 i 26
 
овен: Септември е активен месец на деловно поле и извесен е натпреварувачки дух,да се завршат сите обврски и да се биде подобар од Вашите ривали.Октомври донесува можност за договор па се советува да се искористат деновите 6,19 и 23-26.Воедно малите недоразбирања на емотивно поле ,во октомври се надминуваат и следи убав период.Совет: Не замерувајте се, со лица од власта.

 

бик:Доколку имате нерасчистени семејни релации(имот,обврски и сл.)септември ќе ве оптерети ,а можно е и да имате грижа на релација родител –близок роднина.Се советува да избегнете важни разговори околу 15и 29септември,а да се консултирате со лица кои подобро од Вас ја познаваат состојбата.До успех во наредниов период може да дојдете преку роднини од таткова страна(м) и од мајчина(ж).Во сообраќај внимателно,околу 15 и29сеп и 12 и26окт.

 

близнаци: Септември ќе бидете оптеретени со пристигнатите сметки,но и непредвидени трошоци,за да во октомври во порелаксирана атмосфера, помирно се посветите на домот и семејните обврски.Периодов е поволен да се наметнете на деловно поле околу 9 и 22 сеп ,кога воедно се позитивни случувања и на емотивно поле.Доколку во работата користите компјутер, припазете се од вируси,ел удар и сл. пред 15 и 29 сеп и 12 и 26 окт.Игри на среќа на 9 и 22.сеп и 5,19 и27окт.
 
 
рак: Внимателно во наредниов 2 месечен период.Марс е во транзит во 1 поле,па извесна е зетегнатост ,немир и нервоза-здравје, во младите и полни месечини(околу15 и 29 сеп и 12 и 26 окт).Се советува да не дозволите негативноста во непосредната околина да влијае на Вашите одлуки,туку завршете ги обврските предвреме за да мирно ги проследите овие денови.Останатиот период е поволен и следат убави моменти и пријателско дружење-забава.
 
 
лав: Ќе бидете мошне активни на деловно поле,ќе ја рекламирате Вашата работа или способност за реализација па следи можност за нова соработка.Полето на финансии е нагласено во втората половина од септември,а тоа подразбира прилив на средства или ветување за истите.Октомври е поволен за посета на роднини и соработка со нив,но доколку сте во напнат однос, избегнете ги 12 и 26 окт.Ќе откриете лажно пријателство.
Добар спој со овен,водолија,близнаци и стрелец.
 
девица: Септември е поволен за нови почетоци емотивно деловно,но не и завршетоци разделби,љубовни релации и сл.Доколку имате потешкотии со партнерот-ката време е да ги разгледате проблемите заедно со лице кое може да ве посоветува,а избегнете да донесете избрзани одлуки.Во наредниве 2-3 години ќе се менувате на внатрешен план,а тоа треба да го разбере Вашиот партнер.Совет запишете се на танц или семинар по јога.
 
           
 терезија :Припазете се во периодов на деловно(кај некои емотивно) поле доколку се навестуваат измени во работата,а сте од постарата генерација.бидете флексибилни менувајте се и прифатите ги технолошките новини кои се повеќе се употребуваат на работните места.Марс во 10 поле може да доведе до тензии во работата или со еден родител,посебно околу 9 и 22 сеп и 6 и19 окт.Септември во љубовта е подобар во однос на октомври.
 
скорпија: Наредниов двомесечен период става акцент на Вашите релации со странци,соработка и потреба од нивна помош,па можно е патување.Јупитер во 4 поле,понекојпат става акцент на промена на местото на живеење,можна е селидба ,адаптација или промена на превозното средство.Септември е поволен како на деловно,па и на емотивно поле,па се советува да делувате поактивно и да се наметнете.Во октомври можни минливи потешкотии околу 9 и19.
 
стрелец: Внимателно!Планетата Марс која е поврзана со наглите одлуки и борбеноста,лесно може да ве насочи да превземете радикални одлуки во септември.Ова влијание евентуално е поволно,доколку огласите непотребни работи за продажба,но се советува да бидете внимателни во продажба на акции,договор со пензиски фондови,кредит и сл.Се советува да осигурате важни работи на 1 година,за да мирно го проследите влијанието на марс.Сексуалниот живот со осцилации се подобрува.
 
јарец: Септември запнете на деловно поле,за да во октомври се види позитивен резултат од Вашите напори.Емотивниот живот е променлив,а тоа подразбира пресврти во деновите 15,29 сеп и 12 и 26 окт.Се советува да ги завршите на време обврските за овие денови,а на евентуалните провокации на деловно или емотивно поле,да одговорите одмерено и мудро.Октомври е поволен за образование и соработка со странци.
 
 водолија: Поволен период за јавен настап,за промоција на вашиот минат труд за соработка со нови лица.Септември е деловно активен,а во октомври, вашето финансиско салдо ќе бележи пораст.Се советува да прифатите благ ризик и да се охрабрите на посамостојно делување.Емотивно позитивен однос со родените преку лето,а избегнувајте планирања со зимските родени.Совет:Подобро организирајте се и почитувајте го планираното!
 
риби:Некои одлуки може привремено да се одложат,но долгорочно тие ќе доведат до позитивен резултат.Доколку сте во посочената позитивна група,можни се разговори за иднината на врската,а за некои то подразбира и кажување на судбоносното Да,пред свештеник-матичар.Помладите нека се припазат од несакана бременост,или прекин на врската,заради љубоморен испад или ситница!