Маријан Стојановски

 

Натална Карта
Маријан Стојановски   
   
marijan_stojanovski
 
Месечина   Скорпија
Сонце          Терезија
Подзнак         Бик
                       
 
 
 
Џотиш –Индиска астрологија
 
 
               Опасен спој на магнетска привлечност и боемштина!
 
 
Маријан е роден под влијание на месечината во водениот знак на Скорпија или по индиски Вришчика ,додека среќната ѕвезда на раѓање е Џешта- чиј владател е Меркур.Оваа планета е сместена во Скорпија и го природно го засилува влијанието на среќната ѕвезда.
 
 
Џешта среќната ѕвезда на Маријан
 
 
Симболично е преставена со орнамент во кружен облик,кој служи за заштита од било какво зло!Претставува човек кој управува,шеф,надзорник,лидер
 
да пренесува,да чувствува длабоко,да трае,да води(лидерува),да затајува,да открива,да разоткрива,да сокрива,да е добро информиран,тајно да биде советуван,да планира,да дава за да земе,да се биде во близина на моќ и слава,да отфрлува,да здружува
 
 
Психологија 
 
Месечевиот знак кај Маријан е сместен во харизматската и еротски набиена Вришчика-Скорпија и оттука е јасен неговиот естраден шарм и магнетизам, што го еманира кон спротивниот пол.Фиксна природа ,постојана во своите намери и планови за успех,стрплива и концентрирана.
                        ***
 Подзнакот во индиската астрологија(Лагна) кај ,Маријан е во Бик(Вришаба во Џотишот) ,под влијание на планетата Венера ,а истата е силно поставена во своето седиште во Терезија во близина на Сонцето.И ја дава првата претпоставка за јавност и професија(сонце)поврзано со уметност или фини вибрации.Јогакарака планетата Сатурн ја аспектира Венера од полето на Лав(владател Сонце сместено во Венериното поле),а како посебна сила ја дава Раху(северниот кармички јазел)сместен во своето седиште во Лав-што е исклучителна важна позиција.Од месечината планетната поставеност е со слична сила.Сатурн е во спој соРаху и Јупитер кој е егзалтиран во навамсата.Месечината има две паривартани со Марс во расито и со Јупитер во навамсата.Ова е само мала презентација на планетната подршка а силата на Венера е екплицитна и сигурно е нејзиното влијание.Од 1999 година Маријан се наоѓа под нејзино влијание и извесно е дека го очекува афирмативен период.Но каква е природата на Маријан Стојановски! Неговата месечина во Скорпија,укажува на бурен љубовен живот но и тајност околу неговиот приватен живот.Посесивен(подзнак Бик),малку несигурен (Сонце во терезија),пречувствителен и рефлексивен.Реагира како камелеон во однос на околината.Доколку не е сигурен,се повлекува,молчи и ги преживува внатре и „затворено“ своите планови и љубови.Скорпијата е опкружена со тајни и претпоставка е дека малку ќе се знае за неговата вистинска природа,а јавноста ќе сака да допре понекојпат по секоја цена,за да може жолтиот печат да профитира!Пет фиксни планети ,даваат упорна на моменти и „тврдоглава“ природа која дава „максимум“ на професионален план и очекува максимум од соработниците!Тежнее за трајни вредности и затоа „тешко“ прифаќа непрофесионализам кај своите соработници.Неговата „девиза“ е секој да си ја работи работата која си ја одбрал максимално и да не се „плетка“ таму каде не му е местото!На љубовно поле, ќе има тајни љубови и врски(венера е во 12 од месечината)
  
Што се однесува до месечните предвидувања успесите се најчесто околу неговиот роденден(октомври и декември),ноември понекојпат е променлив,а пролеттниот април и после јули секојпат се развојно ориентирани.Успесите се поврзани со августовскиот период и се советува секојпат да биде активен и да зема учество на разни фестивали и музички манифестации.Воедно месец август-септември му е промотивно најповолен!Прогнозите за неговата кариера се дадени многу воопштено ,бидејќи не е извршена корекција на времето(часот на раѓање).
 
хороскопската анализа е направена пред неколку години од Симеон Атанасоски