Гана Љубовна Формула број 2

Гана Љубовен однос груба пресметка на складност помеѓу машко и женско
најдете дали вие и партнерот сте божествена,човечка или демонска енергија.Но грешка е ако помислите дека демонските енергии немаат склад.Во ведскиот систем како складни се третираат машко дева(божји)+ женско дева(божји),но и машко со демонски + женско со демонски одлики.Добар љубовен однос е и помеѓу две манушја или човечки раѓања.
формула за љубовен склад три пара очи
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Зборот Гана на санскрит се преведува како племе,серија,стадо,класа,војниците, мноштво, број ". Во ведската астрологија може да се однесува на "телото на родените-присутните", а може да се однесува и за имиња на здружение кои се во иста група-за да постигнат исти цели".
"Гана" исто така се однесува и за свикани совети или собранија ,кои дискутираат за прашања на политика,култура,религијата итн.
На Светата планина Калаш ,пребивалиштето на Шива присутни се овие Ганас.Од приказната за Ганеша ,каде тој е избран за водач на Шива и преносно управува со трите Гани ,па затоа Ганеша ќе го најдете како се ословува Ганапати или Ганеш -управител на Ганите.Затоа тој заштитник кој е обожуван во ведската култура ,а слушање на неговата мантра „ОМ ГАМ ГАНАПАТАЈЕ НАМАХ“ (om gam ganapataye namaha) ги отклонува препреките во животот.
 
Секој роден има Гана според неговиот или нејзиниот хороскоп. 
 
Постојат 3 основни типови т.н. Ганас(природа) на родените односно:
 
 1) Дева (Dev) Гана (Боженствен квалитет ,класа)
 2) Манушја (Manushya) Гана (човечки квалитет, класа) 
 3) Ракшаса (Rakshas) Гана (демонски квалитет,класа)
 
Самиот збор многу кажува.Односно доколку сте родени како:
 
Дева-религијата,посветеноста,доблеста,моралноста ,пожртвуваноста,добротворна природа,се жртвува за доброто на другите ,вистината го прати
 
Манушја-насилство,прикриената љубезност ,доминација ,прикриена пресметлива верност, спорост во одлуки ,подложност ,вреден но плодовите другите ги користат ,микс на добри и лоши одлики во зависност од придобивките ,
 
Ракшаса-хедонизам,одвратност кон побожност,борбеност за престиж, умисленост, неискреност или одредена пресметливост ,храброст на почеток наивност на крајот , дрскост ,бранење на погрешен став - а не на вистината,самоволие, невистината го прати, лагата вешто се прикрива во почетокот ,но секојпат се открива на крајот
 
 
Бидејќи овие три класи или квалитети во ведскиот хороскоп ,го преставуваат основниот карактер на девојката и момчето кое сакаат да влезат во брачен живот,
нивната примена е брачната односно љубовната компатибилност.
 
Дева+Дева    =6 поени
Дева+Манушја =6 поени
Дева+Ракшаса =0 поени
 
Манушја+Дева= 5 поени
Манушја+Манушја= 6 поени 
Манушја+Ракшаса= 0 поени
 
Ракшаса+Дева= 1 поени
Ракшаса+Манушја=0 поени
Ракшаса+Ракшаса=6 поени
 
се препорачува брак доколку има 5 или 6 поени ,а не со комбинациите од 0 поени.Тоа значи дека Дева со Манушја се препорачува без разлика на машко или женско 
 
,додека тоа не важи за комбинацијата Ракшаса со Дева или Манушја која не се препорачува.
Ова е само една точка од системот кој содржи 12 точки на компатибилност ,а збирниот резултат се комбинира со компаративните натални карти на момчето и 
 
девојката пред брак.Доколку се појави несоодветна комбинација со 0 или 1 поен треба , да се пресметаат и останатите 11 позиции ,а нивната сума ја дава крајната оценка дали сте компатибилни во љубовта со партнерот-ката.  
 
 
Зодијакот има 27 (во мунданата 28) накшатри кои се поделени во три категории на Дева, Манушја(Нара) и Ракшаса. 
 
Во наредниот период следат останатите пресметки.