Летно сметање на време во Република Македонија

Летно сметање на времето во Република Македонија
 
Ова е последна недела на месец март , а тоа подразбира и премин на така наречено штедливо време или летно сметање на времето.За првпат од март 27март 1983 , ден недела , кога се поместени стрелките (или дигиталните бројки) за еден час нанапред.Ваквото поместување на часовникот за еден час нанапред и така новото време т.н.  ГМТ +2 сата, завршува во последната недела  на октомври кога во 3 наутро се поместува(враќа) времето , за еден сат во 2 наутро.
 Меридијанот 15 степени источно од Гринич се смета за централен или осовински за т.н Централно Европско Време или ЦЕТ.Овој мередиан поминува од арктикот(северно) ,а ги опфаќа земјите Норвешка,Шведска,Германија, Полска,Чешка ,Австрија ,Словенија, Хрватска,Италија. Република Македонија е поставена источно од почетокот на овој 15 мередиан.
летно сметање на времето табели до 2029 година
Првите почетоци на користење на ваквиот пристап за мерење на времето е употребен во далечната 1916 (извор википедија) ,а обидите се да добие заштеда на електрична или топлотна енергија (порано се исклучува односно покасно вклучува).
Денес се водат дебати дали овој ефект е позитивен ,па се замера за зголемениот умор кој се јавува на телото заради помалку сон од еден сат,што може да доведе до послаба реакција во периодот на прилагодување. Направени се медицински истражувања кои сведочат за зголемени срцеви нарушувања, а прашање е колкава е бројката која ги 
зголемува инцидентите во сообраќај како и грешките на работното место заради биолошкиот часовник за сон кај човекот , кој радикално е нарушен во еден момент заради предвремено будење од 1 сат. Ваквите известувања на стручните лица и експерти допринесоа , да се покрене иницијатива за преиспитување на овој закон за употреба на времето пред европскиот парламент. 
 
За неполн сат , во недела на 29 март 2017, часовниците треба да се поместат за еден час нанапред, односно времето во два часот ќе се смета како три часот.Летното сметање на времето треба да заврши во три часот наутро, при последната недела во  октомври.
 
Летно време Почеток (часовникот напред) ( DST) крај (часовникот назад)
 
2016 Недела, 27 март, 02:0----Недела 30 Октомври, 03:00
2017 Недела 26 март, 02:00----Недела , 29 Октомври, 03:00
2018 Недела, 25 март, 02:00----Недела  28 Октомври, 03:00
2019 Недела 31 март, 02:00----Недела , 27 Октомври, 03:00
2020 Недела  29 март , 02:00----Недела , 25 Октомври, 03:00
2021 Недела 28 март, 02:00----Недела  31 Октомври , 03:00
2022 Недела, 27 март, 02:00----Недела  30 Октомври, 03:00
2023 Недела 26 март, 02:00----Недела , 29 Октомври, 03:00
2024 Недела 31 март, 02:00----Недела , 27 Октомври, 03:00
2025 Недела 30 Март, 02:00----Недела  Октомври 26, 03:00
2026 Недела март 29, 02:00----Недела , 25 Октомври, 03:00
2027 НЕДЕЛА, 28 март, 02:00----Недела  Октомври 31, 03:00
2028 Недела 26 март, 02:00----Недела , 29 Октомври, 03:00
2029 Недела, 25 март, 02:00----Недела  28 ОКТОМВРИ, 03:00