поволен простор за живеење

 

Кој е поволниот простор за живеење?
 
 
 
Не е доволно да се познаваат канонските правила на Васту за градење на просторот,бројот на вратите, прозорците или скалилата, кои треба да ги има еден дом,ориентацијата на влезот на домот, исто така и сл.Од првостепено значење е односот на страните на парцелата(ширина должина) како и обликот, нагибот на теренот,ориентација на магнетниот север, подземните води; дали теренот е под негативно влијание од минатото(гробишта,трагични случки од минатото, отпадни води од кланици, хемиски комплекси кои не се поволни).
Потребно е да се усогласат хороскопите на тие што живеат во заедница и да се отфрлат нивните слабости преку користење на соодветни јантри, молитвени звуци-мантри, жртвени процеси на чистење и сл.
 
Општо познатата заштита од неповолните влијанија во просторот се прави со помош на Шри Јантрата.За да има позитивен ефект , таа треба да се постави во СИ дел од домот во одредено поволно време и на одредена височина. Ефектите ќе се почувствуваат веднаш, а за неколку недели, најдоцна до 21 месец, ќе се подобри енергијата во домот и ќе се неутрализираат негативните ефекти на просторот. Доколку секојдневно се „полни“ со позитивна вибрација, правилно инсталирана на СИ или С, станува извор на голема среќа,богатство и сила.Се разбира С и СИ во парцелата треба да бидат отворени.
 
 
Вашето име и името на одбраната локација за живеење(село,град или држава), исто така влијаат на Вашата среќа. Доколку Вашето име и датум на раѓање се согласни со местото каде сте родени се препорачува да го одберете за свое живеалиште.Доколку пак не, се пресметува каде да ја побарате својата среќа(друго населено место, град, евентуално држава).
Што значи тоа?
Звукот, кој целиот живот ќе го слушате преку Вашето име, доколку е во склад со името на населеното место,село, град или држава во кои живеете, придонесува за успесите и неуспесите во Вашиот животот. Постои формула на пресметување, за тоа, кои букви треба да го содржат местото каде што планирате да живеете.Но за тоа, во еден од следните броеви. 
 
Еве неколку примери од Васту- правилата за одбирање на парцела
 
Пример:
Квалитетот на земјиштето(гео)
 
 
Земјиште
Мирис
Вкус
Квалитет
Жолтеникаво црвена
Пријатен
Пријатен
10
Црвеникава
Пријатен
Пријатен
9
Жолтеникава
Пријатен
пријатен
8
Со камења
Пријатен
Пријатен
7
Со песок
Пријатен
Пријатен
6
Со песок во добра околина
Неутрален
Непријатен
5
Со камења во добра околина
Неутрален
неутрален
4
Непостојано земјиште, црна боја
Непријатен
Непријатен
3
Свлечиште, метална руда
Небитен
Небитен
-1
Контаминирано земјиште,
Одвратна реа
Непријатен
-3
 
Идеално земјиште
 
Парцела со лице свртена кон Исток, облик на парцела- квадратен, однос на страните 1:1 1:1,25 1:1,5, во краен случај 1:2(ширина,должина).
Поволно е да има река, езеро или море,според СИ; парцелата да е поставена во однос на магнетниот север со отстапување до 5 агловни степени, во зависност од препреките (рид,брег и сл).Бојата на земјата да е жолтеникаво- црвена со пријатен мирис, падот на водата во парцелата да биде кон СИ; земјиштето да има позитивна историја (да нема воени битки,злоставувања на маса луѓе или стока, плодовите од земјата и на земјата да имаат убав мирис и вкус и сл.) Македонија се наоѓа на трустно подрачје и треба да се внимава кога се купува локација за градба (парцела), да не биде во близина на расед или свлечиште. 
  
Неповолен васту
Пример1.
 
Купувате потребна покуќнина или парче мебел, на пример комода изработена од природен материјал,обработена со префинет длаборез или со интарзија и мотиви кои се поволни; истата ја поставувате во детска соба, среќни и весели, исполнети со многу љубов.
Но,заборавате да го погледнете најважниот детал- осветлението!
Под лошо природно осветлување преку ден, а слично е и под месечева ноќна светлина, одбиената светлина во детската соба може да „исцрта“ несакани форми од сенки по ѕидовите.Можно е истите да го вознемируваат вашето дете, а за тоа, Вие да не ја знаете причината.Доколку не се внимава на нивниот облик и форма, тие може да создадат почетен страв кај малите деца кои спијат во ваков простор, страв кој само ќе се зголемува доколку не се интервенира со содветна заштита, преку блага индиректна светлина, мирни тонови на боја и соодветни мотиви-слики според возраста на детето.
 
Совет: доколку детската соба е блиску до прометна улица, објект со големи стаклени површини и сл., забележете ја светлината која навлегува во детската соба преку отворите (прозорци,балкон, врата и сл); од изворите како што се: сонцето, месечината, автомобилите; осветлувњето кое доаѓа од кај соседите, и поставете соодветен контра-извор на светлина со помош на ноќна лампа, дифузно и пригушено светло, пергола сл. На тој начин ќе влијаете на позитивната светлосна рамнотежа во просторот, неопходна за здрав сон.
 
На Што треба посебно да се внимава во домот
Совет:Исчистите ги собите од непотребен мебел.Ставете слики кои се со природни мотиви, без насилство и со позитивна порака.