Кристина Арнаудова

 Кристина Арнаудова
Дајте и да ви ги чува парите!
кристина арнаудова знак подзнак и месечина во Девица е родена под влијание на месечината во Девица или по индиски Канија а среќната ѕвезда на раѓање е Утарафалгуни - чиј владател е Сонцето.Симболот  за оваа ѕвезда е КРЕВЕТ,а  психологијата и нејзиното влијание е поврзано со способноста „нештата“ што не опкружуваат да се доведат под своја контрола.
Каста кшатриска(политика,управување,водење трговија или економија,банкарски работи и финансии)
 
Пурва фалгуни среќната ѕвезда на Кристина 
 
Креветот е место на спој,место за одмор но и место за анализа минатото.Оваа среќна ѕвезда дава сила,материјални добра-  изобилие доколку е поволно сместена и е опкружена со сродни планетарни влијанија.
Успехот е преку партнер,брак или сојуз преку кој се смирува претераната анализа својствена на Девицата!Во зодијакот го претставува домаќинството кое го создаваат младите сопружници!
Бидејќи е ѕвезда која наоѓа  заштита,има посебен однос со партнерот(мецена)и сака да учествува во донесување на сите одлуки!
Психологија
Да биде покровител,да заштитува, да се биде љубезен.да даде помош,да „прискокне“ на оние кои и се нашле во животот,да им ги олеснува маките на луѓето(пеење),да пружи помош на немоќните и несреќните,да ја олесни болката,да негува....
Месечина    Девица
Сонце  Девица
Подзнак Девица
Подзнакот во индиската астрологија(Лагна) кај ,Кристина Арнаудова е во Девица,а јогакарака планетата Меркур ја создава т.н.Бхадра јога со силно и нагласено влијание,а силата се зголемува бидејќи Меркур е само на неколку степени од својата мула трикона во Девица(најсилна позиција на меркур)-што подразбира истакнување на личноста во јавниот сектор (владател на 10 поле),да и додели награди и признанија и да ја опсервира со внимание од јавноста!Ова е „дотерано“ и со стелиумот  на Сонцето,Месечината и Венера ,што само дополнително ја засилува основната Меркурова перфектна позиционираност!Тоа подразбира писателска  дарба(текстописец-кратки состави,песни,но и одличен критичар!!!),може да ги изненади соговорниците со „енциклопедиско„ знаење,одлика за анализа и перфекција ,но и редок професионализам за овие простори кој ќе се „избруси“ со годините!Тоа може да и создаде нестрпливост кон „аматерите„ со кои соработува и може да ја “бие„ глас на неколегијална...,но всушност се работи за кажување во лице на „колегите’ кои залутале во нејзиниот делокруг!
 Затоа Девиците, понекојпат повеќе им веруваат на животните отколку на луѓето и често чуваат домашни миленици,а познато е нивниото мислење за луѓето кои имаат човечко обличје,а всушност се работи за души кои истото(човечко тело) не го заслужуваат!
 
На астро план од 2000 година Кристина е под влијание на „мас-медиумскиот“ поставен Северен месечев јазол од наталот,што ќе и даде континуирана подршка до летото 2010 година.Тогаш е година на пресврт...емотивен,здравствен и во кариерата!!!Успехот и неуспехот се толку „гранични“ што нејзиниот млак старт во далечната 2010,погрешно може да се оцени од публиката,за да изненади со успех надвор од нашите граници!Дотогаш следуваат периоди на нејзини успеси и признанија до крајот на годинава,декември 2003 и декември 2004, после пролетта 2008 многу значаен договор и мошне успешен период со ситни осцилации до 2010 година.
Од блиска иднина може да очекуваме нејзин „мал“пробив на странскиот пазар после мај 2004.
Сепак треба да се напомене и на влијанието на „старецот“меѓу планетите Сатурн,кој во овие 2 до 3години кај Кристина ќе изврши трансформација и прилагодување на план кариера,а тоа значи дека може да очекуваме изненадувања „несвојствени„ за нејзе и обиди да внесе промени и да соработува на професионален план со разнородни деловни структури(филм,театар,трговија ,полупроизводство).Добар период за договори е пролетта 2004,кога може да се „дружи“ со нашите сонародници во странство или странци,но и да склучи нови музички аранжмани.Доколку промовира некаков проект во март 2004,истиот ќе добие на популарност во летниот период.На здравствен план да внимава на абдоменалната лева страна!На емотивен план решавачки и се годините 2004(март и август)и 2005,и  2007 кон 2008!Животниот сопатник (иден сопруг) нема да биде роден од нејзиното место на раѓање!Кармички е силно поврзана со него и нека внимава околу 35 до 38 година кога сериозно ќе се тестира брачната заедница!Бидејќи е нагласена девица по Индиска астрологија во животот се и се дуплира!Значи две професии,две места на живеење,две превозни средства(покасно),...итн.Понекогаш можни се и два брака!2018 е година на преселби и големи одлуки во животот по овие прашања!Истакнувањето на Т буквата од нејзиното име крисТина може да и донесе поголем успех,истотака превземање на уметничко име кое почнува на буквата Т на пример ТИНА!... И пожелувам многу успеси во нејзината кариера!
AttachmentSize
ina_br.2_astrologija_simeon_atanasoski_-kristina_arnaudova.rtf59.84 KB