Кралското бебе на пат

Кралското Бебе (Обединето-Кралство)кое се очекува секој момент да се роди сигурно е во сончевиот знак на Рак или Карка во ведската астрологија.Дилемата дали ќе биде Лав е само за западната кралско бебе во очекување астрологија,која привидно ја поставува позицијата на сонцето-односно сонцето реално не се наоѓа на првите степени од Лав.За ова е говорено уште во раните 90-ти.После првото соопштение за точното време ќе се подготви популарна брза анализа за евентуално новиот член на кралското семејство.За Ракот да се спомне дека е браманска каста,воден знак-адаптибилен и флуиден,нагласено емотивен,приврзан,интровертен,во движење со променливо расположение,приврзан кон семејството со патриотски чувства.Доколку сте заинтересирани за наталната карта на новиот член на кралското семејство пријавете се за следење на твитер https://twitter.com/asvedic

Во моментот кога е пишуван овој текст на небото е егзактна полна месечина( рак-јарец ).

Comments

новото сеуште неименувано кралско бебе

Подзнак скорпија Сонце во Рак Месечина во Јарец.Бебето е родено под среќната ѕвезда Утарашада за која веќе е пишувано во наталната на Дарко Панчев.Така да можете да прочитате делумно кој квалитет носи оваа среќна ѕвезда која кај Дарко му донесе голем успех на спортски план.Случајно се поклопи неговата натална со раѓањето на синот на војводата и војводката од Кембриџ.За неименуваното дете се до добивањето на име ,ќе се користи името Неговото Кралско Височество Принцот (името) од Камбриџ. Дадено е времето на раѓање 16:24 попладне,каде е кажано дека кралскиот гинеколог го предал синот на среќната мајка.Место на раѓање Лондон,БСТ британско време на сметање .Сатурн и Раху во терезија може да посочат за недостатокот од негова баба по таткова линија,односно трагично погинатата принцеза Дијана-мајката на Вилијам и Хари.Сонцето во Рак кој владее со среброто ,добива потврда за сребрените парички кои се ветени од страна на кралското семејство,за сите новороденчиња на 22 јули 2013.Што се однесува до наталната карта и Дали соопштеното време е коректно ќе покажат настаните во иднина на малиот принц,пред се прогнозата дали ќе добие брат во 2016.Сепак ова е првична и брза анализа.