Предвидуван земјотресен ден околу 7 степени по рихтер

mala slika so logo zemjotres i globus na svetСилен земјотрес со 7.1 магнитуда по Рихтер во близина на крајбрежјето на Нов Зеланд предвиден декември 2015.Епицентарот на земјотресот бил 130 километри северо-источно од Te Araroa и со длабочина од 55 км.Најсилно е почувствуван во заливот Гизборн,Пленти и Северен Велингтон. Локалниот сеизмолог Каролина Холден ,соопшти дека има неколку земјотреси во серија до магнитуда од 6.2 по Рихтер околу 05:14 наутро по локално време.Серијата продолжила и околу 07:10 , вкупно 57 потреси.Покрај најсилниот од 7.1 степени имало 8 земјотреси со магнитуда од 5.3 до 6 степени по Рихтер. Заради стравување од цунами ,помала група на граѓани кои живеат блиску до епицентарот на земјотресот Тенга Апиата, се искачиле на повисоки места.Изјавите од жителите е дека ова е еден од најсилните потреси во изминатите 20 години. Цивилна одбрана на Нов Зеланд објави предупредување за цунами на источниот брег на островот Норт , а за горниот дел од Јужниот Остров(вклучувајќи Окленд ,Вејкато и Заливот Пленти). Ова е предупредување е откажана околу 08:30 по локално време, бидејќи е забележана слаба цунами активност од потресот.Еден бран од само 30 сантиметри. Сепак ,објавено е предупредување ,да се избегнуваат плажите, реките и речниот слив ,заради опасност од "невообичаено силни струи и непредвидливи водотеци во близина на брегот". Бирото за метеорологија Австралија ја потврди веста, дека нема закана од цунами во Австралија.

време: 2016-09-01 16:37:57 (UTC)

локација; 37.401°S 179.055°E

длабочина: 19 км

мапа на нов зеланд со означен епицентар од 7.1 степени по рихтер