Учител

Зборот гуру во ведската астрологија е Јупитер,а преносно значење е учител,мудриот,добриот,што пренесува знаење.Но кој е за нас вистински учител-Гуру.Дали е тоа нашиот родител?Дали е можеби нашиот животен партнер?Воспитувачка во градинка,учителка во основно,професорка во средно и факултет.Колега на работа,животен пријател ,најблизок роднина или духовен отец.Дали е личноста која не инспирирала да се промениме и да донесе добро во непосредната околина?Да се прифати учител подразбира секојпат да ви одговори на поставено прашање кое е поврзано со темнина и незнаење и да ве пренесе во предел на свесност,светлина и знаење.Тој треба да ја „запали“  мудроста во нас,да ја подигне маглата на незнаење,за да се видиме себе и целата природа во светлоста на Парабрама,Параматма во неделивото едно на постоењето!