Кладилниците по изборот на Доналд Трамп

Една од причините на победата на Доналд Трамп ,за председателските избори во САД 2016 може да се побара во шпекулативниот однос на кладилниците пред и за време на изборната трка.Еден од најбогатите луѓе на светот Карлос Слим самиот изгубил 5.1 милијарди долари или 9 проценти од своето богатство , заради лоша проценка , по што мексиканскиот пезос доживеа страотен валутен пад за рекордни 12 проценти-извор Блумберг.Непосредно ,пред изборите мојот коментар беше дека сомнителни се кладилниците со своите односи на кладба (за Доналд Трамп и Хилари Клинтон), а самата изборна трка кандидатите „нестандардно“ се натпреваруваа, кој на кого , ќе му го зголеми негативниот рејтинг.Слично како и за Brexit , некој дебело заработи преку кладилниците и неверувањето на повеќето Европјани за излезот на Британците ,како и овој ноември 2016, скоро целиот свет не даваше шанси за победата на Доналд Трaмп .Јас коментирав на овој блог околу Brexit ,дека e потребна анализа и едноставно прашање , „Кој ,заработи од референдумот ,за излез на Британците од Европското семејство“.Одговорот на ова прашање ,можеби ќе потврди дека „Парите го вртат светот“.

Слична состојба е и со изборите во САД. Кладилниците се посилно се наметнуваат да превземат и голем дел од „банкарскиот колач“. Доколку се додаде дека кладилниците „најбрзо“ тргуваат со човековата лакомост и потреба преку ноќ да се стане богат, јасно е денес и во иднина какво влијание ќе имаат на сите текови на државите и светот.Тие се наметнуваат да заради заработка ја креираат денес и утре политичката сцена на државите, а се со една цел-поголем профит. Позитивните камати (исплата на камата доколку се подигне кредит) ,може да се дел од економско сценарио , за да парите кои се надвор од банкарскиот систем ,се контролираат преку кладилници и берзи.

Ова повлекува важна претпоставка , да во блиска иднина политичарите директно ќе зависат од берзите и кладилниците, па се поставува прашањето за „лош квалитет“ на избрани лица -идни парламентарци или пратеници,кои треба да го представуваат народот.Причината е едноставна.На избори ,може да победи оној  индекс на кладилници кој има висока добивка,а најчесто тоа се аутсајдери во политиката ,спортот,музиката итн.За да се спречи ваквиот неквалитет за избирање во иднина,треба правовремено во изборниот модел,да се потенцираат максимални индекси или моментален рејтинг на кандидатите ,а оние кандидати со најнизок рејтинг да им се даде можност на фер натпревар да бидат избрани за народни пратеници.Фер натпревар подразбира, модел на пратенички рејтинг кој се прати подолго време и го истакнува поврзаноста со граѓаните,квалитетот и знаењето.

Можеби во иднина изборите треба да бидат далеку поефтини(електронски) и покомпетивни,бидејќи граѓаните своите права ќе ги бараат секојдневно(ќе гласаат) ,а замената на пратеник ,ќе зависи од неговиот рејтинг или придонес(активност-неактивност) ,а „дополната со нови пратеници ќе биде од најквалитетните поединци на народот преку компјутерско секојдневно ажурирање .Тоа може да го потикне подоброто работење на пратениците! Доколку пребарувачот Гугл има минимум 200 параметри да се појавите на првата страница(1 место) на нивните листи, потребно е и за идните пратеници да имаат вакви „маркери“(бенчмарк)за нивниот квалитет,обработени и ажурирани од сите засегнати економско политички фактори и институции во државата.Бенчмарк како познавање јазици,економија,право,активност во спорт, музика,социјална работа,хуманитарна работа ,религиозна кооперативност и сл. се само дел.На рејтингот незадоволните ќе имаат право да ги подобрат слабите индекси на  јавен натпревар(онлајн со безбедоносен личен цертификат) пред камера и со вкрстени прашања на конкурентот од областа за која се конкурира еден наспроти друг.