Југослав Костовски коментатор под меркурово влијание

Југослав Костовски
Меркур во спортско руво
Југослав Костовски е роден под влијание на месечината во Девица или по индиски Канија ,додека среќната ѕвезда на раѓање е Утара фалгуни- чиј владател е Сонцето.
Утара фалгуни среќната ѕвезда на Југослав 
 
Креветот е место на спој,место за одмор но и место за анализа  на минатото.Оваа среќна ѕвезда дава сила,материјални добра- изобилие, доколку е поволно сместена и е опкружена со сродни планетарни влијанија.
Успехот е преку партнер,брак или сојуз преку кој се смирува претераната анализа својствена на Девицата!Во зодијакот го претставува домаќинството кое го создаваат младите сопружници!
Бидејќи е ѕвезда која наоѓа  заштита,има посебен однос со партнерот(мецена)и сака да учествува во донесување на сите одлуки!
 
Џотиш –Индиска астрологија
 

југослав костовски спортски коментатор

      
 Месечина   Девица
 Сонце  Близнаци
 Подзнак Девица
          
   Психологија
 
Да биде покровител,да заштитува, да се биде љубезен,да даде помош,да возврати на оние кои се „нашле“ во животот, да пружи помош на немоќните и несреќните,да ја олесни болката,да негува,да се биде благ и љубезен,
 
Доколку во астрологијата се побара типичен представник на новинарската фела или тв медијатор ,треба да се истакне дека најважно е да се погледне влијанието на  планетата Меркур како карака(означувач),за било каков вид на пренос на информации и секако знаците Близнаци и Девица.
Југослав Костовски е типичен пример!Неговиот подзнак е Девица,а двете светла Месечината и Сонцето се поставени во Девица и Близнаци.Меркур има паривартана јога со Месечината(исто како да е во Девица),додека во Навамсата (срцето на Хороскопот) сместен е во своето седиште Девица.Јогакарака планетaтa Венера((заштитник на спортистите)е во зенит (Близнаци), во опозиција на Сатурн(владател на 5поле на игри),додека во навамсата двете планети се егзалтирани!!!Дали треба да се спомне дека во наталната карта Јупитер ја „креира“ моќната Маха панча пуруша јога –присутна само кај мала група на родени.Силен хороскоп!
Карактерни црти на знакот Девица е говор со „почести“,монотон но убедителен и логичен, со перфектна анализа на бројки и податоци(Меркур)!Во младоста знакот Девица најчесто е повлечен и срамежлив на емотивен план,а по влегувањето во брачните води,Девиците вредно работат да ја обезбедат фамилијата.Интелектуална природа ,прагматична пред се, верува во докажани вредности и „опипливи“  работи!Ветувањата ги исполнува и по цена на сопствениот „мир“,а сака да им помогне немоќните и слабите,а пред се талентирани личности!Бидејќи има „компјутерска„ аналитична способност,дозволува „простор“ за почетни грешки кај своите колеги ,преиспитувајќи го сопствениот став,но кога неговите анализи „привршуваат“ ,„во лице“ им го кажува своето мислење на неработниците и оние кои  со малку работа,сакаат да дојдат до големи резултати!
Југослав не го трпи непочитување на договореното и тогаш бурно реагира! Затоа,доколку работите покрај знакот Девица ,треба да се внимава на ситните грешки кои можат да го нарушат целиот концепт на работењето!
Во моментот на раѓањето на Југослав, Сонцето било блиску до зенитот ,а тоа најчесто е поврзано со јавноста и јавни настапи(медиум).Бидејќи е сместено во двоен знак ,може да очекуваме,дека неговата кариера ќе биде поврзана со две работни места,а едното заради аспектот на Јупитер на 10 поле,можно да биде со „сервисни“ информации на странци од полето на спортот!Тоа подразбира можност за работна трансформација во следните две години и се препорачува брзи „рефлекси“ за евентуалните промени!Доколку се прифати понудената соработка(можеби март април 2004!) може да очекуваме негово успешно промовирање со сервисни информации од доменот на спортот за некои странски тв куќи ,во наредните години.
 
На полето на кариерата, го очекува континуитет и успех со мали осцилации август-септември на секои две години до 2012, која е година поврзана со преселба и промена во кариерата.
Понуда за ново работно место можно е да „дојде“ малку порано,за да после летото господово 2012,добие можност директно да е вклучен во организирање на спортски манифестации!Може да има две функции или две работни места.Едното сигурно е поврзано со координација во работењето на помладите колеги!Тогаш да биде внимателен на здравствено поле,абдомен долен десен дел,можеби заради зголемените обврски да „подзаборави“ да  се „одмара„!Истотака се советува да научи како функционира МОК(Меѓународен Олимписки Комитет) и да најде простор за сопствен ангажман! 
На здравствено поле да внимава пред пролетта 2004 (фебруар март)можни главоболки!Нека ги избегнува сообраќајните метежи околу млади и полни месечини!
 
Години на успех и напредок:
 
можност за нов деловен ангажман после март до октомври  2004-успешен период,јуни и декември 2005,детерминиран успех после април и јуни 2006 многу плоден и еден од неговите најуспешни периоди,за да по 2008 летниот период материјалната слика за фамилијата Костовски е во подем,претпоставка како одраз на успесите и вложениот труд во полето на кариера!Во наталната карта на неговата сопруга,посебен успех во кариерата е нагласен во периодот од 2008 до 2012,што се совпаѓа со неговата натална карта!
наталната карта со дадени предвидувања изработена и објавена во магазин 2003 од Симеон Атанасоски
AttachmentSize
ina_br.12_astrologija_simeon_atanasoski_jugoslav_kostovski.doc18.4 KB