Пресметка на натална карта за богатство или сиромаштија

Јогада интервенција на богатство или сиромаштија во нечие раѓање
 
Dhana Jogada (дхана јогада) е планета (поточно graha) која има јути(коњукција) или аспект на владател на Хората (Хора Лагна).
Rajya Jogada (раџја јогада или раџа јогада) е планета (поточно graha) која има јути(коњукција) или аспект на владател на Вигхатика Лагна (Вигхати асцендент) и на самиот владател на првото поле (Асцендент) во наталот.
Маха Јогада (maha jogada) е поретка планетна конфигурација и најквалитетна за родениот.Таа се формира кога планетата владател на Лагната(Асцендент),Хора Лагна(еден часовниот асцендент) и Вигати Лагна(24 минутниот асцендент) создаваат аспект преку јути(коњукција) или поле-знак или агловно растојание на дадена граха.Пример јупитер 5,7 и 9 поле,Сатурн 37,10 поле, Марс 4,7 и 8 поле итн.Џаимини аспектите се од знак на знак пример променливи аспектираат променливи,кардинални фиксни но не и првиот најблизок фиксен знак,додека фиксни аспектираат кардинални но не и првиот најблизок фиксен знак.Интервенирањето на панетите преку „планетните сенки“ т.н. аргала интервенција,доведува до појачување на ефектот на богатство односно до одземање на богатство,доколку во аргала војната победува папа аргала(неповолна демонска планета).Духовниот принцип ја зголемува заштитата на „дева“ хороскопите,додека деструктивниот принцип доведува до почетен успех кај „демонските“ хороскопи.кажано е дека задоволството на Девите  е на крајот,а на демоните на почетокот и овој принцип влијае и во наталните карти ,во зависност од периодите и од моменталната карма на родениот.Правило е дружење со дева(кои имаат знаење) донесува дева резултат напредок ,свесност и крајна среќа ,дружење со демон(кои немаат знаење) донесува до почетна среќа ,несвесност и крајна несреќа.   
Материјалната состојба во наталната карта се согледува од позицијата на Дана,Раџја и Маха Јогада влијанието.Колку повеќе јогада позиции има една натална карта дотолку побогата е личноста во одредено поле во животот.јогада која се формира во среќните 1,5 и 9 поле дава потполно реализирање на материјални желби,посебно доколку е формирана и воД1 картата преку планета сигнификатор на богатство и успех за даден асцендент.пример: Доколку е Сатурн како јога Карака за Тхула и вришаба лагна,а има интервенција од Венера преку аргала интеренција на 2-12,3-11,4-10 ,тој ќе ги надвладее природните потреби на Венера за уживање и забава и ќе тежнее да создаде вредности за голем број на родени.Дали ќе биде од обичен шеф до председател на голема корпорација или пак има политичко влијание како лидер на партија или председател на држава зависи од оваа интервенција ,но и од бројот на јогади во наталната карта.Но ова знаење е недостапно за „астролози“ кои неможат односно незнаат како да извршат прецизна ректификација на наталната карта.Некои хороскопи само промена од неколку минути доведува да натална карта на милионер  се промени во обична па и  без егзистенција натална.
 
Интерференцијата на поделбите во наталната карта:
 Д1,Д2 и Д3 добивање и губење на имот преку најблиски роднини
Д1,Д2 и Д4 родител доделува односно одзема имот
Д1,Д2 и Д7 просперитет и успех после добивање на дете,односно намалување на просперитет и стагнација после добивање на 
Д1,Д2 и Д9 напредок по влегување во брак ,односно губење на имот после влегување во брак
Д1,Д2 и Д10 после држжавна служба напредок во сите полиња,односно губење на идентитет и слобода доколку има неповолн аргала и даса букти период
Д1,Д2,Д9,Д10,Д12,Д20,Д30 и Д40,Д45 и Д60 голем крал,светец,духовен лидер  или криминалец,отпадник од општеството.
 
термини :
д1-тело,физичка појавност,сите аспекти во животот
Д2-карта на богатство,просечен живот,односно сиромаштија
Д3-однос со браќа и сестри,однос со кои се живее во заедница,близина
Д4-образование ,општа среќа и имотни добра,напредок или стагнација во животот
Д5- популарност,име и слава,влијание над поголема група на луѓе се користи во Џаимини системот 
Д6-здравствена состојба,служење и напор се користи во Џаимини системот 
Д7-добивање на деца,внуци,правнуци
Д8-триконите во Д8 од посебна важност,ненадејни активности,промена на одлуки,неочекувани проблеми,во ретка група на хороскопи закани за атентат и ненајавен напад.Наталната Карта на првиот македонски председател Киро Глигоров во Д1,Д3,Д60 и посебно во Д8  внатрешните планети и упаграхите во трикона аспект,а јупитер сатурн во опозиција.Марс во Д60 јасно ја потврдува оваа неповолност од Д1,Д3 и Д8.Влијанието на накшатрите во Д8 е пресудно преку Џаимини системот.
Д9-брачна среќа,општа среќа и задоволство во животот,видови на сојузи,религија-дарма,а без м во дарма дара (сопруг-а).Оттука М е материјална фреквенција
Д10-карма ,деловен успех-неуспех-просечност,кариера,јавност,познатост по добро или по манипулација
Д11-позната како рудрамса или екадасамса Џамини аспект.донесува неповолност,радикална болест,деструкција и смрт 
Д12-поврзаност со родители
Д16-Патување,патувања,превоз и сите видови превозни средства,удобност и комфор или мал простор и големи трошоци.
Д20-религија,религиско убедување,припадност,каста,верување и атеизам,мир или насилност,порочност,бескрупулозност
Д24-повисока фрекфенција за образование,способност за брзо учење или споро и тешко совладување на знаење.Способност да се добие највисоко знаење диплома,магистериум,докторат итн.Знаење се однесува  на три правци божјо(учител на сите),манушјо (ги учи само тековните општествени вреднувања кои најчесто не се целосно знаење,демонско го искористува незнаењето да наметне вредности во општеството преку  кое владее со полтронско стекнати односно украдени знаења.Овие три категории се променливи и во зависност од трите типа на карма преминуваат од еден во друг вид.
Д27-Основната сила и слабост во наталот е во спрег со саптавимсамсата или накштрамсата(Д27).Фреквенциите кои се пренесени преку 27 накшатри влијаат на одлуката за успехот и неуспехот или за активноста и пасивноста на родениот.Аргала од посебна важност е на 1,5 и 9 ѕвезда од планетата(грахата) која се третира.