Социјалниот елемент на земјотресот во Италија

мала слика на разрушени објекти по земјотресот во италијаВо силниот земјотрес во Италија пред три недели, кој предизвика пустош во регионот на Гран Сасо се уште неофицијално 295 луѓе ги загубија нивните животи.Треба да се спомне дека покрај Amatrice со најголем број на жртви, Акумоли, Пескара и Arquata del Tronto, беа погодени од земјотресот и ги загубија своите домови. Околу 4.000 луѓе, (многу мали деца, старите и немоќни лица), се уште живеат во импровизирани кампови или засолништа, бројот на повредени  е околу 400 кои се хоспитализирани во болница. Скоро три недели по земјотресот, се повеќе станува јасно за вмешаност на коруптивни зделки и неодговорност од страна на владата.
Во Amatrice, евидентиран е голем број на згради кои се урнаа , а кои наводно се изградени да издржат посилен земјотрес. Камбанаријата на црквата која наводно е реновирана , асеизмично , се распадна, врз едно четиричлено семејство.Исто така и беше проектирано основното училиште Romolo Capranica, пуштено во употреба пред четири години. Беше градено по асеизмички стандарди со големи суми на пари од посебен фонд за земјотресна отпорност, но сепак пропадна. 
Во Amatrice, болницата и  хотелот Рим(Roma)и други објекти се распаднаа. 
Спротивно на големите човечки загуби во Аматриче, малиот град на Norcia, кој беше во средината на активната зона на земјотресот, речиси помина без никакви сериозни оштетувања. Таму нема починати за разлика од градот Аматриче со 224 од вкупно 295 смртни случаи во целата област. Градот Norcia, пред неколку години направи да се преземат сериозни проверки на своите згради во случај на природна непогода земјотрес.Шатори со камп на лица засолнети по земјотресот во Италија
Пријавени се повеќе случаи на корупција и измама при градба од страна на месдиумите ,кои замераат за рамноодушност и споро превземање на одговорност. Канцеларијата на државниот обвинител го покрена неколку истраги за убиство, веќе во посета на 15 тина срушени објекти. Џузепе Saieva -висок државен обвинител  објасни дека она што се случило не е само "трагична судбина." Зградите „наводно“ биле изградени со "повеќе песок наместо цемент ", рече тој, и забележал кршење на повеќе прописи за градба.
За Италија е познато дека 70 отсто од зградите не се асеизмично градени, иако повеќе од 24 милиони луѓе живеат во  области каде ризикот за силен земјотрес е повисок ,на секои пет години во последните 150 години . Иако во изминатите 45 години, имало законски прописи за градење на сеизмични подрачја, но тие очигледно е дека се само во теорија.