Игор Џамбазов

Игор Џамбазов е роден под влијание на месечината во огнениот и пионерски знак на Овен или по индиски Меша број 1 ,додека среќната ѕвезда на раѓање е Бхарани - чиј владател е Венера.Неговата популарност се должи на Амала јога ,владателот на подзнакот Месечината е сместена во полето 10 кое кореспондира со јавноста!
игор џамбазов натална карта месечина овен сонце близнаци подзнак рак
Бхарани среќната ѕвезда на Игор 
Оваа ѕвезда е поврзана со силна воља,способност да се изджи,самоконтрола и дисциплина.Дава вистинољубиво ст,моралност и должност кон постарите.Бхарани има слично влијание на Раху(сокрива и затемнува) за да открие и ослободи.
дисциплина и самоконтрола,силна воља,да придржува,да прифати,да совладува,да управува,да се биде лојален-верен,дава цврстина и истрајност,да се бори-натпреварува,да подигне глас,да наградува,поврзаност со маси и голем број луѓе,да носи терет,да казни-да награди,да присвои со борба,да се земе под наем,да управува,да се биде „пионер“ во некоја област,
 
Упорност,Комуникација и Емотивност!
 
Месечина   Овен
Сонце  Близнаци
Подзнак Рак
 
Психологија  
 
Брз интелект,секогаш спремен за шега,најуспешен на куси релации,директен-нема време за губење,но понекојпат непромислен по народната „што на ум...„.Кардинална природа(движењето е карактеристика на знакот), натпреварувачки дух-да се биде најдобар и прв!Месечината е сместена во огнен знак,а потребата за „воздух“,во наталната карта е изразена преку стелиумот на планетите во знакот на Близнаци.Тоа дава личност која „алатка“ за работа е информацијата и говорот,поточно секаков вид на информации како и пренос на истите до широките народни маси. 
 
Додека Џамбазови за „првпат“ го „чекале“,новиот член на нивната фамилија,Месечината била поставена високо над Скопје(во зенитот) и најавила дека родениот ќе има популарност и познатост широко низ Македонија!
Месечината високо е во 10-тото поле и ја создава т.н.Амала Јога која дава успех, просперитет и филантропски однос во животот.Подзнакот е Рак(Катака во индискиот зодијак),додека најсилната планета Марс е силно „етаблирана“ во 5 поле од Месечината, кое кореспондира со јавноста,гламурот и сите видови игри и забави(воЛав).
Неговата натална карта е школски пример на детерминиран успешен хороскоп!
Има 3 т.н. кралски позиции кои ги имаат исклучителни личности.Првата е Бхадра панча пуруша јога –Меркур во Близнаци(варготама)елоквентност и комуникативност во сите 4 правци од местото на раѓање,Шаша панча пуруша јога-силниот Сатурн во 7 поле и во Јарец(договори со моќни и богати лица-поволност од западна и јужна страна) и Хамса панча пуруша-силниот Јупитер во своето седиште во Риби во 9 поле(патувања,странции и странство).Ако на ова се додаде силното влијание на Марс во двојна улога како јога карака и атма карака „сликата“на силниот хороскоп е целосна!Сите родени на 14 и15 јул 1963 кога е роден Игор, имаат или ќе имаат успешен хороскоп,а посебно доколку се во добри односи со татко(да нема негативна фамилијарна карма)!
 
Старите текстови велат дека ќе добива признанија од секаде,дека неговото име и презиме ќе биде во јавноста и дека ќе бидат назначени државни(кралски) проекти со негова асистенција! 
 
Додека ја изработував наталната карта на Игор се сетив дека се запознавме 1999 година(кратко ги побарав неговите податоци на раѓање),а тој збунето но љубезно ми ги даде.Интересно е дека при допирот со индиска астрологија(1999),неговиот материјален статус нагло почнува да се зголемува,што се потврди со последниот разговор кога извршивме корекција на времето на раѓање.Периодите на животни промени од минатото се сложија и моментално Игор е под детерминирано силно планетно влијание на Марс, кое ќе му даде успех до 2006 година.Потоа,планетните транзити и периоди радикално ја менуваат енергијата и секојпат пред да настапат промените се советува на „благ“ премин во новиот животен циклус!
На самиот допир 2005-2006 извесни се фамилијарни промени кои се поврзани со таткови релации и се советува превентивно предвреме да се реагира доколку се појават здравствени проблеми на близок член од фамилијата. Воедно,нека се внимава при патувања во ноември-декември и април-мај 2005-2006.Посебна претпазливост, во сите четврти на месечината!
2006 е година на промени!!!
Следи можна промена на живеење (преселба),договори со телевизиски и сателитски канали(Раху–Меркур),програма која кореспондира со „раритетни“ професии и „непознати“ успешни луѓе во сите слоеви на општеството?! Дали ќе биде квиз,ток шоу преку кој сите заработуваат со привлечни но „чудни“ награди,или „метаморфоза“ на бинго и сл. игри на среќа, останува да се види!Новина ќе биде работата со помлади(донации) и подучување на занаетот и отварање некаков вид школа,студио или семинарски презентации!
На емотивно поле,можно е проширување на фамилјата Џамбазови за уште еден член до 2006,но треба да се напомне дека Сатурн е во петто поле од Месечина и дава одредени потешкотии на овој план!?(Деца се покажуваат кај Искра неговата сопруга до 2008,кај Игор не е сигурно).
 
Животниот пат му се дели(деловно емотивно,здравствено) 2006,2016 и после 2023 година!Доколку мирно ја проследи енергијата на планетите,го очекува напредување и успех во животот во повеќе полиња.
 
Долгорочни прогнози:
успех и популарност
со мали прекини во континуитет до 2006
 
извесни решливи потешкотии во младите и полни месечини во март-април 2004
ноември 2004
јануари 2005
ноември 2005
AttachmentSize
igor-dzambazov-natalna-karta.jpg62.6 KB
natalna-karta-igor-dzambazov-2004.pdf829.3 KB
ina_br.22_astrologija_simeon_atanasoski_igor_dzhambazov.doc19.18 KB