Родени во хороскопскиот знак Бик

Имате стрплив и комфорен однос кон пријателите,со убав глас и појавност,а вашиот успех започнува во средината на животот.Добри сте како трговец со парфеми,ткаенини и прехрамбени продукти.Верноста и лојалниот однос е карактеристика за знакот,па оттука имате постојани и истрајни особини. Доколку во младоста научите некаков музички инструмент за употреба,истиот ќе ви користи за дополнително заработување.Се поседува талент и умеење за пеење,музика и игра,танцување. Потекнувате од добро семејство кое изградуваа стабилен систем на вредности.Таткото е најчесто почитуван и угледен човек.

Љубовта ви е неопходна за да успеете во животот. Се задоволувате со малку, а способен сте да создавате многу.Љубовта која несебично им ја давате на верните пријатели ви помага да се издвои од другите со својот успех. Однесувањето вам е споро,стабилно и сигурно. Вашите деца ќе се здобијат со солидно образование и заради вашате родителска љубов најчесто се успешни.Едно од децата може да има посебна наклонетост кон уметност или филигрански занаети.Треба да внимавате на здравјато на постарото дете доколку е машко.

Жена Бик -Вришаба

Жената родена во знакот Вришаба ќе обработува земја (цветна градина, бавча,оранжерија),ќе биде мила,едноставна и ќе се согласува со мислењето на пријателите.Многу и треба да се налути но кога ќе се случи,подобро е да сте подалеку од неа. Ќе тежнее секогаш да ги угости и да даде максимум внимание на пријателите и во нејзиниот дом ќе се чувствувате заштитено и пријатно.Пристојност и одмереност се нејзините квалитети,во младоста е романтична,а во староста практична и грижлива за помладите.Се покорува на вољата на мажот,ги извршува зададените обврски и е посакуван партнер за брачен однос.Вешта е во уредување на домот,каде доаѓа до израз нејзината уметничка дарба.

Здравје: Можни проблеми со лицето(алергии,отоци),вратниот предел,уши ,а понекојпат дава заболувања на очите.Треба да се обрне внимание на тироидната жлезда ,доколку во семејната генетика Ваш близок имал проблеми со истата.