Хартманов јазел

 

Истражувањата на германските научници др. Ернст Хартман и др.Манфред Кари ја потврдиле ведската наука на Васту за неповолни и поволни точки на земјата.Др.Кари посочил дека земјиното поле во правец СИ-ЈЗ и ЈИ-СЗ во висина до 3метри создава елктромагнетни линии кои се како мрежа на земјата сега именувана како Кари мрежа,додека др.Хартман открил дека истите поминувајќи од Север кон Југ и исток кон Запад создаваат двојни вкрстувања кои се познати како Хартманови јазли.Овие вкрстувања се неповолни за престој на луѓето.
Статистички бројката е поголема преку 70% некаде и до 100% на бебиња,деца или возрасни лица кои се изложени на инфекци,болест а голем број и починале,имаат алергија кон храна,депресија,разводите се поголеми,доаѓа до абортус или не може да се зачнат деца доколку се спие или живее во нарушени геопатски простории.Овие мерења не се извршени насекаде во светот,за да станат релевантен показател ,но сепак опоменуваат да се вложи во истражување.Посебно денес е полесно да се истражува,бидејќи комуницирањето е побрзо и поедноставно со помош на интернет сервисите.
Васту во своите изворни учења, посочува дека Сонцето влијае засилено од исток кон запад на земјата,додека месечината влијае од Север кон Југ.Во минатиот број спомнавме за градби на овие поволни точки на земјата, односно избегнување на неповолните уште од најстаро време-Мохенџодаро и Харапа.