Џотиш основи

 Џотишот или ако сакате ведската астрологија во познатото класично дело Прашна Марга е поделен на 3 дела и 6 органи:
3 дела(сканда) се Ганита ,Самхита и Хора
6 органи се Џатака,Гола,Нимита,Прашна,Ганита и Мухурта

 

-Ганита(астрономија) како гранка(сканда) е поврзана со Гола и Ганита
-Гола ги објаснува планетарните системи,нивната природа како и пресметки и позиции во сферната астрономија
-Самхита е збир на закони поврзани со предвидување на промена на време,пораст и опаѓање на жетвени приноси и животинскиот свет,ја опишува природата на светлосните феномени(комети,хало ефекти,божилак и сл.) и како истите делуваат на живиот свет

Џатака е самата изработка и толкувањето на наталната карта(кундали) со предвидувања за животниот пат,кармата на родениот од раѓање,неговиот дом-имотна состојба,неговата среќа, преку младоста до напуштање на овој свет,однос со родители ,роднини,обука или студирање на професија,влегување во брак,добивање деца,болест и по природа на нештата завршеток на животот и неговата наредна инкарнација(повторно раѓање).Тоа се комплексна материја,за која треба минимум 7 години основни студии,а надградба трае целиот живот. Се разбира треба да имате предиспозиции за астролог.

Нимита ги изучува знаците кои се јавуваат со одредени движења на телото,неочекувани звукови,светлосни промени,пресврти во расположение како наговестување(предзнаци) во одредено време и место со точен географски правец.Кај нашиот народ обично велиме,... ми игра окото(ќе видам или ќе се карам со некого),ме чеша дланката ќе давам или ќе добијам пари и сл.Ова верување кај народот е несистематизирано и непроверено,бидејќи овие предзнаци зависат од точниот момент и планетната поставеност,па некогаш се лажни знаци.Ова го изучува Нимита.

Прашна е дел од астрологијата која дава одговор на едно или три прашања,во однос кога прашањето се поставува,од кој правец доаѓа ,каков е неговиот исход.Ова е предиктивен дел на ведската астрологија ,а мајсторите на прашна се уверени во преку 90% точност на одговорот ,кој треба да е јасен и недвосмислен.

Васту Шастра е дел од самхита и е од посебна важност за градење на соодветно живеалиште дом кое ги неутруализира штетни влијанија од хороскопот и од непосредниот простор.Треба да се спомне дека добро проектиран дом за живеење по Васту го подобрува неповолниот хороскоп и период од животот,но неможе да содаде чуда.Неповолниот одбран и уреден простор за живеење,бизнис,одмор и сл., влијае да се намали среќата која произлегува од силната натална карта.Значи за среќа во животот покрај неопходната натална карта,важно е да се уреди домот по правилата на астрологот , кој има добри познавања од Васту Шастра или е експерт за Васту.За квалитетен ведски астролог , тоа е составен дел од неговото образование и давање совет кој ќе го неутрализира негативното влијание на хороскопот.