Елена Петреска

Елена Петреска натална карта 
 
елена петреска натална карта риби рак терезија
 е родена под влијание на месечината во променливиот,интуитивен и воден хороскопски знак на Риби или по индиски Мина,додека среќната ѕвезда на раѓање е Ревати- чиј владател е Меркур.
Месечина   Риби ,Сонце  Рак ,Подзнак Терезија
 Интуиција,Упорност ,Достоинство!
 
Ревати среќната ѕвезда на Елена 
 
што храни,што дебелее,храна,намирници,да се милува,да помага,да одржува,да штити,да воспитува,да се биде,да се собираат плодови,поврзана е со чувар на животни,одгледувачи на птици,овчар или кој го чува стадото,дава богатство и материјални добра,зрелост во размислувањето
 
Митолошки Ревати се поврзува со Пуша,оној кој ги чува патиштата,кој ги враќа загубените „овци“ во стадото,кој наоѓа предмети кои се изгубени,дава заштита и прибежиште на слабите и немоќните,ја зголемува културата на својата околина, 
 
Родените под оваа среќна ѕвезда се здобиваат со многу пријатели и приврзаници од сите општествени слоеви.Се поврзува со река која почнува како тивок извор,за да напредува и заврши во силен „водопад“.Чиста во срцето со искреност пристапува кон луѓето,незнае да сокрие тајни за долго време!
 
Психологија  
 
Месечевиот знак Мина(Риби)кај Елена,ја нагласува едноставноста ,срдечност,интуитивноста и наклонетост кон позитивната мисла и добар збор!Сокриеноста е клучниот збор за Рибите,а тоа се должи на нивната потреба да „глумат“ разни улоги во животот.Рибите како знак подлегнуваат на влијанието на околината и се нивна „рефлексија“,а можат да соработуваат со сите хороскопски знаци!Не сакаат гужви и кавги и истите се трудат максимално да ги одбегнуваат.Сепак најдобро соработуваат со истата водена група на хороскопски знаци(Рак и Скорпиија) и секако со земните знаци Бик,Девица и Јарец.Н ивниот карактер е променлив,но и лесно прилагодлив на околината во која се живее.Во животот се им се дуплира:две имиња,две места на живеење,две професии,две деца,два автомобила...Успешни се доколку одберат професии поврзани со уметноста.
 
Подзнакот(Асцендент) во индиската астрологија(Лагна) кај ,Елена е во воздушниот знак на Терезија(Тула во Џотишот),додека владателот на подзнакот Венера е високо на небото во деветиот хороскопски сектор,со кој „газдува“ Меркур сместен на својот „трон“ во Близнаци.Ова е првиот показател на успешност во животот надвор од местотто на раѓање.За подзнакот Тула(терезија),Сатурн е јога карака планета,а истиот во навамсата е сместен во своето седиште,а во расито го „глуми“ Меркур што истотака е поволен знак.Сонцето кое дава слава и успех е високо сместено во знакот на рак,а во дашамсата(хороскопска карта за кариерата) сместено е во сопственото владеење во Лав.Овие неколку параметри, укажуваат на нејзина присатност во јавниот сектор,афирмативност и популарност со тек на време заради „спориот“ Сатурн, но повремене блесоци и популарност заради сонцето високо во јавниот сектор.
 
успеси во кариерата
 
септември 2004
декември2004-јануари 2005
мај 2005
август октомври 2005
октомври 2006
посебен успех после мај 2007
јануари 2008 награди и признанија
април до јули 2010
после април 2012 
AttachmentSize
ina_br.35_astrologija_simeon_atanasoski_elena_petreska.doc11.58 KB